ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/2 стр. 4-7
  • Лажните пророци денес

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Лажните пророци денес
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Вистината за Царството
  • Зошто тоа е важно?
  • Човештвото под Божјето Царство
  • Што кажал Исус за Божјето Царство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Божјето Царство
    Разбудете се! 2013
  • Божјето Царство владее
    Спознание кое води до вечен живот
  • Што е Божјето Царство?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/2 стр. 4-7

Лажните пророци денес

ЈЕРЕМИЈА служел како Божји пророк во Ерусалим во време кога градот бил полн со идолопоклонство, неморал, расипаност и пролевање на невина крв (Јеремија 7:8-11). Тој не бил единствениот активен пророк во тоа време, но повеќето од другите си служеле самите на себе и биле расипани. На кој начин? Јехова изјавува: „И пророк и свештеник — сите дејствуваат лажливо: ги лекуваат раните на Мојот народ лесномислено, велејќи: ‚мир! мир!‘ а мир нема“ (Јеремија 6:13, 14).

Лажните пророци се труделе да направат да изгледа дека и покрај сета расипаност во земјата, работите биле добри, и дека народните маси биле во мир со Бог; но не било така. Ги очекувал Божјиот суд, како што Јеремија бестрашно објавувал. Вистинскиот пророк Јеремија, а не лажните пророци, бил заштитен кога во 607 пр.н.е. вавилонските војници го срамниле со земја Ерусалим, го уништиле храмот, а народот или бил убиен или бил одвлечен во ропство во далечниот Вавилон. Неколкумината несреќни кои биле оставени во земјата побегнале во Египет (Јеремија 39:6-9; 43:4-7).

Што направиле лажните пророци? „,Еве, јас сум против пророците‘, е Јеховината изјава, ‚оние кои ги крадат моите зборови, секој еден од својот другар‘“ (Јеремија 23:30, NW). Лажните пророци ја краделе силата и резултатите коишто можеле да произлезат од слушањето на Божјата Реч, со тоа што ги охрабрувале луѓето повеќе да ги слушаат лагите отколку вистинското предупредување од Бог. Тие не ги кажувале „величествените Божји работи“ туку своите идеи, работи коишто луѓето сакале да ги слушаат. Јеремиината порака навистина била од Бог, и кога Израелците би постапувале по неговите зборови, би преживеале. Лажните пророци ги ‚краделе Божјите зборови‘ и ги воделе луѓето во пропаст. Тоа било токму како што рекол Исус за неверните религиозни водачи од своето време: „Тие се слепи водачи на слепци: а кога слепец води слепец, обата ќе паднат во јама“ (Дела на апостолите 2:11, NW; Матеј 15:14).

Како во времето на Јеремија, така и денес постојат лажни пророци кои изјавуваат дека го претставуваат Богот на Библијата; но тие исто така ги крадат Божјите зборови со тоа што проповедаат работи кои ги одвраќаат луѓето од она што Бог, преку Библијата, навистина го вели. На кој начин? Да одговориме на ова прашање така што како критериум ќе го користиме темелното библиско учење за Царството.

Вистината за Царството

Божјето Царство било главната тема на Христовото учење, а во Евангелијата е споменато повеќе од сто пати. На почетокот од својата служба, Исус рекол: „Треба да (...) соопштам радосна вест за царството Божјо, оти за тоа сум пратен“. Тој ги учел своите следбеници да се молат: „Да дојде царството Твое“ (Лука 4:43; 11:2).

Тогаш, што претставува Царството? Според The New Thayer’s Greek English Lexicon, грчкиот збор преведен со „царство“ во Библијата првенствено значи „царска моќ, царување, власт, управа“, потоа, „подрачје подложно на владеењето на некој цар“. Од ова можеме логично да заклучиме дека Божјето Царство е дословна влада со која управува цар. Дали е тоа навистина така?

Да, токму така, а Царот не е никој друг туку самиот Исус. Пред Исусовото раѓање, ангелот Габриел ѝ рекол на Марија: „Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида“ (Лука 1:32). Исусовото примање на престолот докажува дека тој е Цар, Владетел на владата. Дека Царството е дословна влада исто така докажува и пророштвото од Исаија: „Ни се роди дете, даден ни е син: и владата ќе биде на неговите раменици (...) На порастот на неговата влада и мир нема да има крај“ (Исаија 9:6, 7, King James Version).

Каде владее Исус? Во Ерусалим? Не. Пророкот Даниел видел визија на Исусовото примање на Царството, а визијата го означува неговото место на небото (Данијел 7:13, 14, Д-р Лујо Бакотић). Ова е во склад со начинот на кој Исус зборувал за Царството. Тој често го нарекувал „царството небесно“ (Матеј 10:7; 11:11, 12). Тоа исто така е во согласност со Исусовите зборови до Пилат кога Исус бил на суд пред него: „Моето царство не е дел од овој свет. Ако моето царство беше дел од овој свет, моите слуги ќе се бореа да не бидам предаден на Евреите. Но, моето царство не е одовде“ (Јован 18:36, NW). Дали твојот свештеник те учи дека Исусовото Царство е вистинска влада, која владее од небото? Или те учи дека Царството е нешто што постои само во срцето? Ако те поучува такви работи, тогаш тој ги краде Божјите зборови од тебе.

Каков е односот помеѓу владата на Царството и различните форми на човечки влади? Според The Encyclopedia of Religion, издадена од Мирчеа Елијаде, реформаторот Мартин Лутер, кога расправал за Царството, ја предложил својата замисла: „Една светска влада (...) исто така може да се нарече Божје Царство“. Некои научуваат дека луѓето, со свои сопствени напори можат да направат човечки влади кои ќе бидат поблиску до Божјето Царство. Во 1983, Екуменскиот црковен совет потврдил: „Додека ние сведочиме за нашата искрена желба за мир со специфични акции, Божјиот Дух може да ги употреби нашите немоќни напори за да ги направи царствата на овој свет поблиски до Божјето царство“.

Сепак, забележи дека во Господовата молитва („Оче наш“), Исус ги учел своите следбеници да молат да дојде Божјето Царство и само тогаш им рекол да молат: „Да биде волјата [Божја], како на небото, така и на земјата“ (Матеј 6:10). Со други зборови, луѓето не можат да предизвикаат да дојде Царството со тоа што ќе учат да ја вршат Божјата волја. Доаѓањето на Царството ќе предизвика да се изврши Божјата волја на Земјата. Како?

Слушај што вели пророштвото од Даниел 2. поглавје, 44. стих: „И во деновите на тие царства [човечките влади во времето на крајот] небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема да се разруши никогаш. (...) Тоа ќе ги победи и разруши сите царства“. Не е за изненадување тоа што Исус рекол дека Царството не е дел од овој свет! Наместо тоа, Царството ќе ги уништи царствата, владите на оваа Земја и, наместо нив, ќе владее над човештвото. Како од Бог дадена влада над човештвото, тогаш тоа ќе се погрижи Божјата волја да се извршува и на Земјата.

Причината за таквата драстична акција од страна на Царството ќе стане појасна кога ќе разгледаме кој управува со овој свет. Апостолот Јован напишал: „Целиот свет [е] во власта на Злобниот“ (1. Иванова 5:19, Стварност). „Злобниот“ е Сатана Ѓаволот кого Павле го нарекол „бог на овој свет [систем, NW]“ (2. Коринћанима 4:4, Даничић–Караџић). Не постои начин на кој институциите на овој свет, чијшто бог е Сатана Ѓаволот, би можеле да се поистоветат со Божјето Царство.

Тоа е една од причините зошто Исус не се вклучил во политиката. Кога еврејските националисти се обиделе да го направат цар, тој ги избегнал (Јован 6:15). Како што видовме, тој отворено му рекол на Пилат: „Моето царство не е дел од овој свет“. А во склад со тоа, за своите следбеници рекол: „Тие не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот“ (Јован 17:16, NW). Затоа, религиозните водачи кои учат дека доаѓањето на Божјето Царство е забрзано со рефомации во рамките на овој систем и кои ги охрабруваат своите стада да работат на таа цел, се лажни пророци. Тие ја крадат силата и користа од она што Библијата навистина го вели.

Зошто тоа е важно?

Дали сево ова е само интелектуален аргумент? Никако. Погрешните учења за Божјето Царство завеле многумина, а влијаеле дури и на текот на историјата. На пример, публикацијата Théo, римокатоличка енциклопедија, вели: „Божјиот народ напредува кон Божјето Царство кое на Земјата го вовел Исус Христос (...) Црквата е семето на тоа Царство“. Изедначувањето на католичката Црква со Божјето Царство ѝ дало на црквата огромна световна моќ во текот на суеверниот среден век. Дури и денес, црковните власти се обидуваат да влијаат на текот на светските настани, работејќи под закрила на едни политички системи, а против други.

Еден коментатор изнел поинакво гледиште кое денес е распространето, кога рекол: „Патот на револуцијата е царството, бидејќи револуцијата претставува народ здружен во едно ново човештво, предизвикано од божествениот симбол даден преку човекот на вистината — Исус . . . Ганди . . . Бериганови“. Учењето дека Божјето Царство може да биде унапредено преку политичка активност и занемарување на вистинските факти за Царството, ги наведува религиозните водачи потполно да тежнеат кон политичка служба. Тоа довело до тоа другите да се вклучат во граѓански немири, па дури и да учествуваат во герилски војувања. Ниту едно од нив не е во склад со вистината дека Царството не е дел од овој свет. А религиозните водачи кои се толку длабоко навлезени во политиката, се далеку од тоа да не бидат дел од овој свет, како што рекол Исус дека ќе бидат неговите вистински ученици. Оние кои учат дека Божјето Царство се постигнува преку политичките акции, се лажни пророци. Тие ги крадат Божјите зборови од луѓето.

Ако религиозните водачи навистина го поучуваат она што го вели Библијата, нивните стада би знаеле дека Божјето Царство навистина ќе ги реши проблемите како што се сиромаштијата, болестите, расните неправедности и угнетувањето. Но тоа ќе се случи во време одредено од Бог и на Божји начин. Тоа нема да биде преку реформите на политичките системи, на кои ќе им дојде крајот кога ќе дојде Царството. Ако тие свештеници се прави пророци, би ги учеле своите стада дека, додека чекаат да настапи Божјето Царство, можат да најдат вистинска, од Бог дадена, практична помош за решавање на проблемите предизвикани од направедностите на овој свет.

На крајот, би ги поучувале своите стада дека влошените услови на Земјата кои предизвикуваат толку многу неволји, биле проречени во Библијата и претставуваат знак дека доаѓањето на Царството е близу. Да, Царството на Бог наскоро ќе настапи и ќе ги замени сегашните политички структури. Каков благослов ќе биде тоа! (Матеј 24:21, 22, 36-39; 2. Петрова 3:7, ДК; Откровение 19:11-21).

Човештвото под Божјето Царство

Што ќе значи за човештвото доаѓањето на Божјето Царство? Дали можеш да се замислиш себеси како секое утро стануваш полн со виталност? Ниту еден кого го познаваш не е болен или на умирање. Дури и твоите сакани кои биле умрени се вратиле преку воскресение (Исаија 35:5, 6; Јован 5:28, 29). Нема повеќе економски грижи предизвикани од себичен комерцијализам или нееднакви економски системи. Имаш свој сопствен удобен дом и пространо земјиште каде одгледуваш сѐ што ти треба за исхрана на семејството (Исаија 65:21-23). Можеш да одиш насекаде и во секое доба од денот или ноќта, без да се плашиш од напад. Повеќе нема војни — ништо што ја загрозува твојата безбедност. Секој е заинтересиран за твоето добро. Злобните ги нема. Владеат љубовта и праведноста. Можеш ли да си замислиш такво време? Па, таков ќе биде светот што ќе го донесе Царството (Псалми 36[37]:10, 11; 84[85]:10-13; Михеј 4:3, 4).

Дали е ова само сонување со отворени очи? Не. Прочитај ги стиховите што се наведени во претходниот пасус, па ќе најдеш дека сѐ што е кажано таму ги одразува точно утврдените ветувања од Бог. Ако досега не ти била предочена оваа јасна слика за она што Божјето Царство може и ќе го стори за човештвото, тогаш некој ги украл Божјите зборови од тебе.

За среќа, работите не мора да останат непроменети за тебе. Исус рекол дека во наше време „оваа добра вест за Царството ќе биде проповедана по сета населена земја за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14, NW). Списаниево што го читаш е дел од тоа проповедничко дело. Те поттикнуваме да избегнеш да бидеш измамен од лажните пророци. Погледни подлабоко во Божјата Реч за да ја најдеш вистината за Божјето Царство. Потоа, подложи се на ова Царство, кое е подготовка од Големиот Пастир, Јехова Бог. Навистина, тоа е единствената надеж за луѓето, и нема да пропадне.

[Слика на страница 5]

Лутер учел дека човечките влади може да се сметаат за Божје Царство

[Извор на слика]

Со љубезна дозвола од управникот на Британскиот Музеј

[Слика на страница 7]

Како Пастир полн со љубов, Јехова преку своето Царство ќе донесе услови какви што ниеден човек не можел да донесе

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели