ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/7 стр. 32
  • Олтар на безимено божество

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Олтар на безимено божество
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/7 стр. 32

Олтар на безимено божество

АПОСТОЛ Павле ја посетил Атина, Грција, околу 50 н.е. Таму видел олтар посветен на непознат бог и подоцна го спомнал додека давал прекрасно сведоштво за Јехова.

Во воведот на својот говор на Марсово брдо, или Ареопаг, Павле рекол: „Мажи атињани, гледам дека во сѐ вие некако повеќе се плашите од божествата отколку другите. На пример, минувајќи и внимателно набљудувајќи ги вашите предмети на обожавање, наидов на олтар на кој пишуваше: ‚На Непознатиот Бог‘. Значи, она на кое вие незнаејќи му укажувате побожна оддаденост, тоа јас ви го објавувам“ (Дела 17:22—31).

Иако тој атински олтар никогаш не е пронајден, слични олтари постоеле во други делови на Грција. На пример, грчкиот географ од вториот век, Паусаниј, спомнал олтари на „богови именувани како Непознат “ во Фалерон, недалеку од Атина (Description of Greece — Опис на Грција, Attica I, 4). Според истото дело, на Олимпија имало „олтар на непознатите богови“ (Eleia I, XIV, 8).

Во своето дело The Life of Apollonius of Tyana (Животот на Аполониј од Тијана, VI III), грчкиот писател Филострат (о. 170—о. 245 н.е.) рекол дека во Атина „се подигнати олтари во чест дури и на непознати богови“. А во Lives of Philosophers (Животот на филозофите, 1.110), Диоген Лерициј (о. 200—250 н.е.) напишал дека „безимените олтари“ можеле да се видат во различни делови на Атина.

Исто така, и Римјаните им подигале олтари на безимени божества. Овде е прикажан еден олтар што датира од првиот или вториот век пр.н.е., кој се чува во Палатин Аквариум во Рим, Италија. Неговиот натпис на латински укажува дека овој олтар бил посветен на „бог или божица“ — израз што „често се наоѓа во молитвите или изразите на осветување како во натписи така и во литературни текстови“.

„Богот кој го создаде светот и сѐ што е на него“ сѐ уште е непознат за многумина. Но, како што Павле им рекол на атињаните, овој Бог — Јехова — „не е далеку од никого од нас“ (Дела 17:24, 27).

[Извор на слика на страница 32]

Олтар: Soprintendenza Archeologica di Roma

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели