Долг што го имаме кон другите
1 Апостол Павле чувствувал должност да им проповеда на луѓето. Тој знаел дека Јехова овозможил сите луѓе да се спасат преку скапоцената крв на Неговиот Син (1. Тим. 2:3-6). Затоа, Павле изјавил: „Должник сум им и на Грците и на варварите, и на мудрите и на безумните“. Тој горливо и неуморно работел за да го исполни својот долг кон другите луѓе, објавувајќи им ја добрата вест (Рим. 1:14, 15).
2 Исто како Павле, христијаните денес се трудат да им ја пренесат добрата вест на своите ближни во секоја прилика. Поради тоа што „големата неволја“ брзо се приближува, мораме итно да ги најдеме искрените лица. Нашата искрена љубов кон луѓето нека нѐ поттикне да бидеме марливи во ова дело што спасува животи (Мат. 24:21; Езек. 33:8).
3 Исполнување на нашиот долг: Главен начин на кој ги достигнуваме луѓето е проповедањето од куќа до куќа. На подрачјата каде што луѓето честопати не се дома, треба да водиме точни белешки и да одиме во различно време, за да стапиме во контакт со повеќе луѓе (1. Кор. 10:33). Можеме да сведочиме и на деловни подрачја, на улици, во паркови, на паркиралишта и преку телефон. Би можеле да се запрашаме: ‚Дали давам сѐ од себе за да ги испробам сите начини на кои можам да ја пренесам пораката за живот‘ (Мат. 10:11).
4 Една пионерка чувствувала голема одговорност да ги достигне сите луѓе на нејзиното подрачје. Во една куќа ролетните биле постојано спуштени и постојано немало никој дома. Меѓутоа, еден ден кога пионерката не била во служба, пред таа куќа забележала паркиран автомобил. Затоа што не сакала да ја пропушти приликата, заѕвонила на ѕвончето. Отворил еден човек и по првиот разговор, оваа сестра заедно со својот сопруг направиле уште неколку повторни посети. Со текот на времето, човекот прифатил да ја проучува Библијата и сега е крстен брат. Тој е благодарен затоа што оваа сестра имала чувство на одговорност да им проповеда на другите.
5 Затоа што крајот брзо се приближува, сега е моментот да го исполниме нашиот долг кон другите луѓе, со тоа што силно ќе се напрегаме во проповедничкото дело (2. Кор. 6:1, 2).