ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/9 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Што значи за тебе Мојсеевиот Закон?
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Законот на Христа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Дали важат за нас Десетте заповеди?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/9 стр. 31

Прашања од читателите

◼ Што било ”доброто“ кое апостол Павле не можел да го прави, како што споменал во Римјаните 7:19?

Во основа, Павле се осврнал на својата неспособност да ги изврши сите добри работи што биле истакнати во Мојсеевиот закон. Тоа било невозможно за Павле и сите други, вклучувајќи нѐ и нас, поради несовршеноста и грешноста. Но, нема потреба да се очајува. Христовата жртва го отворила патот за Божјето простување и за добрата положба пред него.

Во Римјаните 7:19 стои: ”Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам.“ Контекстот покажува дека Павле првенствено говорел за ”доброто“ во смисла на она што било установено во Законот. Во 7. стих тој рекол: ”Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, оти и похотта не би ја познал, ако Законот не велеше: ’Не похотствувај!‘“ Да, Законот објаснил дека поради тоа што не можеле да го држат во целост, сите луѓе биле грешни.

Павле продолжил да зборува дека тој ’некогаш живеел без закон‘. Кога било тоа? Па, тогаш кога бил во бедрата на Авраам, пред Јехова да го даде Законот (Римјаните 7:9; спореди Евреите 7:9, 10). Иако Авраам бил несовршен, Законот сѐ уште не бил даден, и затоа не бил потсетуван на својата грешност во неспособноста да ги држи неговите бројни заповеди. Дали тоа значи дека штом еднаш Законот бил даден и ја покажал човечката несовршеност, дека [Законот] дал лоши резултати? Не. Павле продолжил: ”Затоа Законот сам по себе е свет, и заповедта е света и праведна и добра“ (Римјаните 7:12, NW).

Забележи дека Павле го опишал Законот како ”свет“ и ”добар“. Во следните стихови тој објаснил дека ”доброто“ — Законот — објаснило дека тој е грешник, и тој грев направил да заслужи смрт. Павле напишал: ”Не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам. А штом го вршам она, што не го сакам, не го вршам веќе јас, но гревот кој живее во мене“ (Римјаните 7:13-20).

Потоа, во овој контекст Павле не зборувал за добротата воопшто, или само за љубезни дела. (Спореди Дела 9:36; Римјаните 13:3.) Тој се осврнал посебно на вршењето (или невршењето) на работите кои биле согласни со Божјиот добар Закон. Порано тој ревносно ја практикувал еврејската религија и — во споредба со другите — бил ”непорочен“. Меѓутоа, дури и покрај тоа што во своите мисли бил совесен роб на тој добар Божји закон, сѐ уште не живеел според него во потполност (Филипјаните 3:4-6). Законот ги одразувал Божјите совршени мерила, прикажувајќи го апостолот дека во неговото тело сѐ уште бил роб на гревовниот закон и така осуден на смрт. Но, Павле можел да биде благодарен што со Христовата жртва бил прогласен за праведен — избавен од гревовниот закон и неговата соодветна последица — смртната осуда (Римјаните 7:25).

Денешните христијани не се под Мојсеевиот Закон, бидејќи тој бил прикован на маченичкиот столб (Римјаните 7:4-6; Колосјаните 2:14). Сепак, добро правиме ако увидуваме дека тој не бил тежок законик на кој не треба да му обраќаме никакво внимание. Не, во основа Законот бил добар. Затоа имаме причина да ги читаме библиските книги кои го содржат Законот и да учиме што тој барал од Израел. Јеховините сведоци ширум Земјата тоа и ќе го прават, придржувајќи се на своето седмично читање на Библијата.

Кога го читаме Законот, мораме да мислиме на начелата кои лежат во основата на неговите различни уредби и на користите што ги постигнал Божјиот народ кога се трудел да ги следи тие добри заповеди. Исто така би требало да уважиме дека сме несовршени и затоа неспособни да ги следиме во потполност доброто кое го учиме од Божјата Реч. Но, додека се бориме против гревовниот закон, можеме да се радуваме на изгледот да бидеме избавени преку примената на Христовата жртва во наша корист.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели