-
Живеј според духот и ќе имаш живот и мирСтражарска кула 2011 | 15 Ноември
-
-
8 Законот со сите негови заповеди ги осудувал грешниците. Освен тоа, првосвештениците во Израел кои служеле под Мојсеевиот закон биле несовршени и не можеле да принесат соодветна жртва за грев. Затоа, Законот бил „слаб поради телото“. Но, ‚со тоа што го испратил својот Син во облик сличен на грешното тело‘ и го принел како откупнина, Бог ‚го осудил гревот во телото‘ и така го постигнал она што ‚Законот бил немоќен‘ да го постигне. Како резултат на тоа, помазаните христијани се прогласени за праведни на темел на својата вера во откупната жртва на Исус. Тие се поттикнати ‚да не живеат според телото, туку според духот‘. (Прочитај Римјаните 8:3, 4.) Всушност, за да бидат ‚наградени со живот‘, помазаниците мора верно да го прават тоа сѐ додека се на Земјата (Отк. 2:10).
-
-
Живеј според духот и ќе имаш живот и мирСтражарска кула 2011 | 15 Ноември
-
-
10. Во која смисла сме подложни на законот на гревот и смртта?
10 Апостол Павле напишал: „Како што преку еден човек гревот влезе во светот и преку гревот смртта, и така смртта се прошири на сите луѓе, зашто сите згрешија“ (Рим. 5:12). Бидејќи сме потомци на Адам, сите ние сме подложни на законот на гревот и смртта. Нашето несовршено тело постојано нѐ тера да правиме работи кои не му се допаѓаат на Бог и кои водат до смрт. Во своето послание до Галатите, Павле ги нарекол таквите постапки и особини ‚дела на телото‘. А потоа додал: „Оние што прават такво нешто нема да го наследат Божјето царство“ (Гал. 5:19-21). За истите тие луѓе, Библијата вели дека живеат според телото (Рим. 8:4). Нив ги водат нагоните на несовршеното тело. Но, дали тие што прават такви тешки гревови, како блуд, идолопоклонство и спиритизам, се единствените што живеат според телото? Не, затоа што во делата на телото спаѓаат и работи кои некои можеби ги сметаат само за лични слабости, како што се љубомора, изливи на гнев, кавгаџиство и завист. Според тоа, кој од нас може да тврди дека во ниеден поглед не живее според телото?
-
-
Живеј според духот и ќе имаш живот и мирСтражарска кула 2011 | 15 Ноември
-
-
12 Секој од нас е како пациент кој има тешка болест. Ако сакаме потполно да закрепнеме од болеста, мора да го правиме она што ни го кажува лекарот. Иако нашата вера во откупнината може да нѐ ослободи од законот на гревот и смртта, сѐ уште сме несовршени и грешни. Ако сакаме да имаме добро духовно здравје и да ја стекнеме Божјата милост, потребно е уште нешто. За да ги исполниме „праведните барања на Законот“, Павле вели дека мора да живееме според духот.
Како да живееме според духот?
13. Како можеме да живееме според духот?
13 Да живееме според духот не значи да бидеме совршени, туку постојано духовно да напредуваме (1. Тим. 4:15). Секој ден треба да даваме сѐ од себе за да живееме во склад со водството на духот. Ако ‚живееме според духот‘, ќе ја стекнеме Божјата милост (Гал. 5:16).
-