ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ,О длабочино на Божјата мудрост!‘
    Стражарска кула 2011 | 15 Мај
    • 17. Во која смисла она што го направил Јехова било „спротивно на природата“?

      17 Јехова направил нешто кое за мнозина било сосема неочекувано. Павле вели дека она што се случило е „спротивно на природата“ (Рим. 11:24). Во која смисла? Иако изгледа многу необично, па дури и неприродно да се накалеми дива гранка на питомо дрво, некои земјоделци во првиот век го правеле токму тоа.b Јехова направил нешто исто толку необично. Од гледна точка на Евреите, луѓето од другите народи не можеле да дадат плод што ќе биде прифатлив за Бог. Меѓутоа, Јехова и од нив избира поединци кои го сочинуваат ‚народот‘ што ги донесува плодовите на Царството (Мат. 21:43). Откако во 36 год. од н.е. бил помазан Корнелиј — првиот необрежан не-Евреин кој станал христијанин — на необрежаните лица од другите народи им била дадена можност да бидат накалемени на оваа симболична маслинка (Дела 10:44-48).c

      18. Каква можност имале родените Евреи по 36 год. од н.е.?

      18 Дали ова значи дека по 36 год. од н.е. родените Евреи немале никакви шанси да бидат дел од Авраамовото потомство? Не. Павле објаснува: „И тие [родените Евреи], ако не истраат во своето неверување, ќе бидат накалемени, оти Бог може повторно да ги накалеми. Зашто, ако си ти отсечен од маслинка која по својата природа е дива и, спротивно на природата, си накалемен на питома маслинка, колку полесно ќе бидат накалемени на сопствената маслинка овие што се природни гранки!“d (Рим. 11:23, 24).

  • ,О длабочино на Божјата мудрост!‘
    Стражарска кула 2011 | 15 Мај
    • d Во изворниот текст на грчки јазик, претставката што во Римјаните 11:24 е преведена со „питома“ укажува на тоа дека ова дрво било „добро, одлично“, или „одговарало на својата цел“. Оваа претставка особено се користела за работи што ја исполнуваат целта за која биле наменети.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели