-
Како може да го обожаваме Бог на исправен начин?Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
2. Како треба да го обожаваме Јехова?
Како наш Творец, Јехова заслужува да му бидеме потполно оддадени (Откровение 4:11). Тоа значи дека треба да го сакаме со сето срце и да го обожаваме само него, без притоа да користиме икони, кипови или други религиозни предмети. (Прочитај Исаија 42:8.)
Ние треба да го обожаваме Јехова на начин кој е свет и прифатлив за него (Римјаните 12:1). Ова значи дека треба да живееме во склад со неговите морални мерила. На пример, оние што го сакаат Јехова, исто така, ги сакаат и неговите мерила за бракот и се држат за нив. Освен тоа, внимаваат да не прават работи кои се штетни за здравјето како, на пример, пушење и злоупотреба на дрога и алкохол.a
-
-
Цени го живототРадувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
-
-
3. Грижи се за своето здравје
Оние кои му го заветуваат својот живот на Јехова му ветуваат дека ќе го користат целиот свој живот за да му служат. Во симболична смисла, тие ги принесуваат своите тела како жртва за Бог, и затоа се грижат за своето здравје. Прочитај Римјаните 12:1, 2, а потоа разговарајте за овие прашања:
Според овие стихови, зошто треба да се грижиш за своето здравје?
Како би можел да го правиш тоа?
-