-
„Никому не враќајте зло за зло“Стражарска кула 2007 | 1 Јули
-
-
„Не одмаздувајте се“
15. Која причина да се откажеме од одмазда ја наоѓаме во Римјаните 12:19?
15 Павле ни дава уште една убедлива причина зошто не треба да се одмаздуваме — бидејќи така покажуваме скромност. Тој вели: „Не одмаздувајте се, сакани, туку дајте му место на Божјиот гнев, зашто е напишано: ‚Одмаздата е моја, јас ќе вратам, вели Јехова‘“ (Римјаните 12:19). Христијанинот што се обидува да се одмазди е вообразен. Тој си ја зема на себе улогата што му припаѓа на Бог (Матеј 7:1). Освен тоа, ако ги земе работите во свои раце, покажува дека нема доволно вера во Јеховиното уверување: „Јас ќе вратам“. За разлика од тоа, вистинските христијани имаат доверба дека Јехова ќе „се погрижи да добијат правда неговите избрани“ (Лука 18:7, 8; 2. Солуњаните 1:6-8). Тие скромно му препуштаат на Бог да се одмазди за неправдата (Еремија 30:23, 24; Римјаните 1:18).
-
-
„Никому не враќајте зло за зло“Стражарска кула 2007 | 1 Јули
-
-
18. Зошто е праведно да не се одмаздуваме, и како покажуваме љубов и скромност со тоа што не се одмаздуваме?
18 Во ова кратко разгледување на 12. поглавје од писмото до Римјаните видовме неколку важни причини зошто ние ‚никому не враќаме зло за зло‘. Прво, праведно е да не се одмаздуваме. Бидејќи Бог е милостив кон нас, праведно и разумно е да му го посветиме својот живот нему и спремно да ги слушаме неговите заповеди — вклучувајќи ја и заповедта да ги сакаме нашите непријатели. Второ, со тоа што не враќаме зло за зло, ние покажуваме љубов. Ако не се одмаздуваме и ако шириме мирољубиви односи, покажуваме љубов и надеж дека ќе им помогнеме дури и на некои жестоки противници да почнат да му служат на Јехова. Трето, скромно е да не враќаме со зло. Би било вообразено да се одмаздуваме, бидејќи Јехова вели: „Одмаздата е моја“. Божјата реч исто така нѐ опоменува: „Со вообразеноста доаѓа и срамот, а мудроста е кај скромните“ (Изреки 11:2). Ќе покажеме дека сме скромни ако постапиме мудро и одмаздата за неправдата му ја препуштиме на Бог.
-