ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/8 стр. 13-18
  • Како трчаш во трката за живот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како трчаш во трката за живот?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Трката за живот
  • Покажувај самосовладување во сите работи
  • Трчај „не на несигурно“
  • Ти можеш да истраеш до крајот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • „Трчајте на таков начин“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Истрчај ја трката до крај!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Да се трча трката со истрајност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/8 стр. 13-18

Како трчаш во трката за живот?

„Зарем не знаете дека во трката трчаат сите тркачи, но само еден ја добива наградата? Трчајте така за да ја постигнете“ (1. КОРИНТЈАНИТЕ 9:24, NW).

1. Со што Библијата го споредува нашиот христијански пат?

БИБЛИЈАТА ја споредува нашата потрага за вечен живот со трка. Кон крајот на својот живот, апостол Павле рекол за себеси: „Добра борба изборив, трката ја довршив до крајот, верата ја одржав“. Тој ги поттикнувал своите сохристијани да го прават истото кога рекол: „Да го отфрлиме исто така секој товар и гревот кој лесно нѐ заплеткува, и со истрајност да ја трчаме трката која е поставена пред нас“ (2. Тимотеј 4:7, NW; Евреите 12:1, NW).

2. Каков охрабрувачки почеток гледаме во трката за живот?

2 Споредбата е соодветна бидејќи трката се состои од старт, одредена патека и завршна линија, или цел. Така е и со процесот на нашиот духовен напредок кон живот. Како што видовме, секоја година стотици илјади луѓе добро започнуваат во трката за живот. Во последниве пет години, на пример, 1.336.429 луѓе формално ја започнале трката со предание и крштение во вода. Таквиот енергичен почеток е мошне охрабрувачки. Најважно, меѓутоа, е човек да остане во трката додека не стигне до завршната линија. Дали ти го правиш тоа?

Трката за живот

3, 4. а) Како Павле ја истакнал важноста да се задржи темпото во трката? б) Како некои пропуштиле да внимаваат на Павловиот совет?

3 За да ја истакне важноста на останувањето во трката, Павле предупредил: „Зарем не знаете дека во трката трчаат сите тркачи, но само еден ја добива наградата? Трчајте така за да ја постигнете“ (1. Коринтјаните 9:24, NW).

4 Вистина, во античките игри само еден можел да добие награда. Меѓутоа, во трката за живот сите се достојни за наградата. Неопходно е само да се остане на патеката до крајот! За среќа, многумина верно ја истрчале патеката до крајот на својот живот, како апостол Павле. И милиони продолжуваат да трчаат. Но, некои не успеале да се напрегаат или да напредуваат кон завршната линија. Наместо тоа, дозволиле други работи да ги спречат и затоа или отпаднале од трката или, на некој начин, биле дисквалификувани (Галатјаните 5:7). Тоа треба на сите нас да ни даде повод да испитаме како ние трчаме во трката за живот.

5. Дали Павле ја споредувал трката за живот со натпреварувачка игра? Објасни.

5 Некој би можел да праша: На што мислел Павле кога рекол дека „само еден ја добива наградата“? Како што забележавме порано, не мислел дека од сите оние кои започнале во трката за живот само еден ќе ја добие наградата на вечен живот. Јасно дека тоа не би можело да биде случај, затоа што секогаш одново јасно давал до знаење дека Божја волја е да се спасат луѓе од секаков вид (Римјаните 5:18; 1. Тимотеј 2:3, 4; 4:10; Тит 2:11). Не, тој не велел дека трката за живот е натпревар во кој секој учесник се труди да ги победи другите. Коринтјаните добро знаеле дека таквиот натпреварувачки дух постоел меѓу натпреварувачите на нивните истамски игри, за кои се вели дека во тоа време биле поугледни и од олимписките игри. Тогаш, на што мислел Павле?

6. Што открива натпреварот за Павловата дискусија за тркачот и трката?

6 Кога ја навел споредбата за тркачот, Павле првенствено зборувал за своите сопствени изгледи за спасение. Во претходните стихови опишал колку се трудел и колку се напрегал на многу начини (1. Коринтјаните 9:19-22). Потоа, во 23. стих, рекол: „Но сѐ правам заради добрата вест, за со другите да бидам соучесник во неа“ (NW). Сфатил дека неговото спасение не било гарантирано само поради тоа што избрал да биде апостол или затоа што поминал многу години проповедајќи им на другите. За да учествува во благословите на добрата вест, морал да продолжи да прави сѐ што било во негова моќ заради добрата вест. Морал да трча со потполна намера да добие, напрегајќи се исто толку неуморно како да трча во атлетска трка на истамските игри кадешто „само еден ја добива наградата“ (1. Коринтјаните 9:24а, NW).

7. Што е потребно за да се ‚трча така за да се постигне‘?

7 Можеме многу да научиме од ова. Иако сите кои се приклучуваат во трката сакаат да победат, само оние кои се потполно решени да победат имаат некаков изглед за тоа. Според тоа, не треба да се чувствуваме задоволни само затоа што сме се приклучиле во трката. Не треба да мислиме дека сѐ ќе биде во ред бидејќи сме ‚во вистината‘. Можеби го носиме името христијани, но дали имаме доказ дека сме христијани? На пример, ги вршиме ли работите за кои знаеме дека еден христијанин треба да ги прави — да присуствува на христијанските состаноци, да учествува во службата на проповедање и така натаму. Ако ги вршиме, тоа е пофално, и треба да се стремиме да истраеме во таквите одлични навики. Но, дали е можно да имаме поголема корист од она што го правиме? На пример, дали сме секогаш подготвени да придонесеме нешто на состаноците? Дали се трудиме во нашиот приватен живот да го примениме она што го учиме? Обрнуваме ли внимание да ги подобриме нашите вештини за да можеме да дадеме темелно сведоштво и покрај препреките на кои наидуваме на подрачјето? Дали сме спремни да го прифатиме предизвикот да ги посетиме оние кои се заинтересирани и да водиме домашни библиски студии? Павле поттикнувал: „Трчајте така за да ја постигнете“ (1. Коринтјаните 9:24б, NW).

Покажувај самосовладување во сите работи

8. Што веројатно го навело Павле да ги подбуди своите сохристијани да ‚покажуваат самосовладување во сите работи‘?

8 Во својот живот Павле видел мнозина кои ја забавиле брзината, заталкале или се откажале од трката за живот (1. Тимотеј 1:19, 20; Евреите 2:1). Затоа одново и одново ги потсетувал своите сохристијани дека се наоѓаат во еден напорен и постојан натпревар (Ефесјаните 6:12; 1. Тимотеј 6:12). Во споредбата со тркачот отишол еден чекор понатаму и рекол: „Освен тоа, секој кој учествува во натпревар, покажува самосовладување во сите работи“ (1. Коринтјаните 9:25а, NW). Кога го рекол тоа, Павле укажал на нешто кое на коринтските христијани им било добро познато, имено, ригорозното тренирање на кое се држеле натпреварувачите во истамските игри.

9, 10. а) Како едно дело ги опишува натпреварувачите во истамските игри? б) Што во описот е посебно вредно да се забележи?

9 Еве еден живописен опис на натпреварувач кој тренира:

„Задоволно и без приговор се подложува на правилата и ограничувањата на неговото десетмесечно тренирање, без кое подобро и да не се натпреварува. . . . Се гордее со своите мали потешкотии, маки и оскудици и го смета за чест претпазливото воздржување од што и да е што би можело и најмалку да го намали неговиот изглед за успех. Гледа како другите мажи подлегнуваат на апетитот, се одмораат додека тој збива од напрегање, уживаат во бањата, уживаат во задоволствата на животот; но ретко му се јавува помисла на завист бидејќи на срце му лежи наградата, па е неопходен строг тренинг. Знае дека неговите изгледи ќе исчезнат ако во некое време или прилика попушти во строгоста на дисциплината‘ (The Expositor’s Bible, том V, стр. 674).

10 Од особен интерес е забелешката дека оној кој тренира „го смета за чест“ следењето на таква строга рутина на самооткажување. Всушност, „ретко му се јавува помисла на завист“ кога ја гледа леснотијата и удобноста која другите ја уживаат. Можеме ли ние нешто да научиме од тоа? Да, секако.

11. Од какво неисправно гледиште мораме да се чуваме додека сме вклучени во трката за живот?

11 Присети се на Исусовите зборови дека „широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат“ (Матеј 7:13, 14). Додека се трудиш да патуваш по ‚тесниот пат‘, дали завидуваш на слободата и удобноста што се чини дека ја уживаат оние кои се на другиот пат? Дали мислиш дека пропушташ некои работи кои другите ги прават, а сами по себе не изгледаат толку лоши? Лесно е да се чувствуваме така ако пропуштаме да ја задржиме на ум причината поради која одиме по тој пат. „Се разбира, тие го прават тоа за да добијат распадлива круна, а ние нераспадлива“, рекол Павле (1. Коринтјаните 9:25б, NW).

12. Зошто може да се каже дека честа и славата која луѓето ја бараат се како распадливата круна која се доделувала на истамските игри?

12 Победникот во истамските игри добивал венец од истамска боровина или од некое друго слично растение, кој веројатно за неколку дена или недели овенувал. Се разбира, атлетичарите не се бореле за распадливиот венец, туку за славата, честа и прочуеноста кои доаѓале со тоа. Едно дело наведува дека кога победникот се враќал дома, го пречекувале како победоносен херој. Често биле разурнувани градски ѕидови за да помине неговата процесија и биле подигани статуи во негова чест. Меѓутоа, и покрај сето тоа, неговата слава сепак била распадлива. Денес, малку луѓе воопшто знаат кои биле тие победоносни херои, а на повеќето и не им е гајле. Оние кои го жртвуваат своето време, енергија, здравје, па дури и семејната среќа за да стекнат моќ, слава и богатство во светот, а не се богати за Бог, ќе откријат дека нивната материјалистичка „круна“, како и нивниот живот, е само минлива (Матеј 6:19, 20; Лука 12:16-21).

13. Како нечиј животен пат во трката за живот е поинаков од патот на еден атлетичар?

13 Натпреварувачите во една атлетска игра можат да бидат спремни да ги прифатат ригорозните услови на тренингот, како погоре опшаните, но само за одредено време. Штом игрите ќе завршат, тие се враќаат на нормалниот начин на живеење. Можат пак да тренираат одвреме на време за да ги зачуваат своите вештини, но не го следат повеќе истиот начин на строго самоодрекнување, барем не до следниот натпревар. Но не е така со оние кои се во трката на животот. За нив тренингот и самоодречувањето мора да биде начин на живот (1. Тимотеј 6:6-8).

14, 15. Зошто натпреварувачот во трката за живот мора постојано да покажува самосовладување?

14 „Ако некој сака да дојде по мене“, рекол Исус Христос на еден собир од ученици и други луѓе, „нека се одрече од себеси (или, „мора да си каже: ‚Не‘“, превод Charles B. Williams) и нека го земе својот маченички столб и нека ме следи постојано“ (Марко 8:34, NW). Кога ќе го прифатиме овој повик, мораме да бидеме подготвени да го правиме тоа „постојано“, не затоа што има некоја посебна заслуга во самоодрекувањето, туку поради тоа што еден момент на непретпазливост, еден пропуст на добро просудување, може да расипе сѐ што било изградено, и дури да ја доведе во опасност нашата вечна благосостојба. Духовниот напредок обично се постигнува со доста бавно темпо, но колку брзо може да биде поништено ако не сме будни постојано!

15 Понатаму, Павле поттикнувал дека мораме да покажуваме самосовладување „во сите работи“, односно, мораме постојано да го покажуваме во сите аспекти од животот. Тоа е логично бидејќи ако оној кој тренира е претерано попустлив или живее распуштено, од каква корист ќе биде сета физичка болка и маката што ја поднесува? На сличен начин, во нашата трка за живот мораме да покажуваме самосовладување во сите работи. Човек може да се контролира, на пример, во пијанство или блуд, но вредноста на тоа се намалува ако тој е вообразен и кавгаџија. Или што ако е долготрпелив и љубезен спрема другите, а крие некој таен грев во својот приватен живот? За самосовладувањето да биде потполно корисно, мора да се покажува „во сите работи“. (Спореди Јаков 2:10, 11.)

Трчај „не на несигурно“

16. Што значи да се трча „не на несигурно“?

16 Увидувајќи ги напорните трудови потребни за успех во трката за живот, Павле понатаму рекол: „Затоа, трчам не на несигурно; ги насочувам моите удари да не удирам во воздух“ (1. Коринтјаните 9:26, NW). Зборот „несигурно“ дословно значи „неочигледно“ (Kingdom Interlinear), „ненабљудувано“, „необележано“ (Lange’s Commentary). Според тоа, да се трча „не на несигурно“, значи дека на секој набљудувач треба да му биде јасно накаде тркачот се стреми. The Anchor Bible го преведува: „не на цик-цак патека“. Кога би видел еден пар стапалки кои кривулат горе-долу по плажата, одвреме на време кружат, па дури понекогаш одат наназад, одвај би помислил дека човекот воопшто трчал, а камоли дека имал поим каде одел. Но кога би видел стапалки кои образуваат една долга, права линија, секој отисок пред претходниот и сите рамномерно распоредени, би заклучил дека отисоците му припаѓаат на некој кој точно знае каде оди.

17. а) Како Павле покажал дека не трчал „на несигурно“? б) Како можеме ние да го имитираме Павле во овој поглед?

17 Павловиот живот јасно покажува дека тој трчал „не на несигурно“. Тој имал доволно доказ и да докаже дека бил христијански слуга и апостол. Имал само една цел и целиот живот силно се напрегал за да ја постигне. Никогаш не го одвлекле славата, моќта, богатството или удобноста, иако можеби би можел да добие некои од нив (Дела апостолски 20:24; 1. Коринтјаните 9:2, NW; 2. Коринтјаните 3:2, 3; Филипјаните 3:8, 13, 14, NW). Кога ќе погледнеш наназад на твојот животен пат, каква патека гледаш? Права линија со јасна насока или линија која бесцелно талка? Постои ли докази дека се бориш во трката за живот? Запомни, во оваа трка не се наоѓаме колку да бидеме во неа, туку за да стигнеме до линијата на целта.

18. Со што би можело да се спореди ‚удирањето во воздух‘ од наша страна? б) Зошто е опасно да се следи тој пат?

18 Повлекувајќи паралела со друг атлетски настан, Павле понатаму рекол: „Ги насочувам моите удари да не удирам во воздух“ (1. Коринтјаните 9:26б, NW). Во нашиот натпревар за живот, имаме многу непријатели, вклучувајќи ги Сатана, светот, и нашата сопствена несовршеност. Како некој антички боксер, би требало да сме способни да ги поразиме со добро вперени удари. За среќа, Јехова Бог нѐ тренира и ни помага во борбата. Дава упатства во неговата Реч, во библиски темелените публикации и на христијанските состаноци. Меѓутоа, ако ја читаме Библијата и публикациите и одиме на состаноци, а не го спроведуваме во пракса она што го учиме, зарем не си го трошиме трудот, ‚удирајќи во воздух‘? Таквото постапување нѐ става во многу опасна положба. Мислиме дека се бориме и затоа добиваме лажно чувство на сигурност, но не ги поразуваме непријателите. Затоа ученикот Јаков советувал: „Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе“. Како што ‚удирањето во воздух‘ нема да го онеспособи нашиот непријател, ниту ако бидеме „само слушатели“ ќе гарантира дека ја вршиме Божјата волја (Јаков 1:22; 1. Царства 15:22; Матеј 7:24, 25).

19. Како можеме да бидеме сигурни дека нема да бидеме непризнати на некој начин?

19 На крајот, Павле ја кажал тајната на неговиот успех: „Го претепувам своето тело и го водам како роб, за откако сум проповедал на другите, на некој начин и самиот да не станам непризнат“ (1. Коринтјаните 9:27, NW). Како Павле, и ние мораме да го надвладееме нашето несовршено тело наместо да дозволиме тоа да ни биде господар. Мораме да ги откорнеме телесните склоности, копнежи и желби (Римјаните 8:5-8; Јаков 1:14, 15). Тоа може да биде болно, затоа што зборот преведен со ‚претепува‘ дословно значи ‚удира под окото‘ (Kingdom Interlinear). Но зарем не е подобро, така да се рече, да имаме модро око и да живееме, отколку да подлегнеме на желбите на паднатото тело и да умреме? (Спореди Матеј 5:28, 29; 18:9 1. Јованово 2:15-17.)

20. Зошто е сега посебно итно да се испита како трчаме во трката за живот?

20 Денес, се приближуваме кон линијата на целта на трката. Времето за доделување на наградите е близу. За помазаните христијани, тоа е „наградата на горниот Божји позив преку Христос Исус“ (Филипјаните 3:14, NW). За оние од големото мноштво, тоа е живот вечен на рајска Земја. Бидејќи толку многу е во прашање, да бидеме одлучни како што бил Павле, да не ‚станеме непризнати на некој начин‘. Нека секој од нас го земе при срце налогот: „Трчајте така за да ја постигнете“ (1. Коринтјаните 9:24, 27, NW).

Се сеќаваш ли?

◻ Зошто е прикладно животот на еден христијанин да се спореди со трка?

◻ На кој начин трката за живот се разликува од натпреварот во трчање?

◻ Зошто мораме да покажуваме самосовладување постојано и „во сите работи“?

◻ Како се трча „не на несигурно“?

◻ Зошто е опасно само да се ‚удира во воздух‘?

[Слика на страница 16]

Венецот на шампионот, како и славата и честа, овенува

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели