ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/6 стр. 13-18
  • Да не станеме заборавливи слушатели

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да не станеме заборавливи слушатели
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Поради што би можеле да забораваме?
  • Отфрли ги световните желби
  • Целосна послушност на Јехова
  • „Бегајте од блуд“
  • Секогаш да ги цениме Јеховините подготовки
  • Благослови или проклетства — примери за нас денес
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Да се живее според нашето предание „секој ден“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Дали си на Јеховина страна?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Никогаш не заборавај го Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/6 стр. 13-18

Да не станеме заборавливи слушатели

„Станете извршители на речта, а не само слушатели, залажувајќи се самите себе со лажно резонирање“ (ЈАКОВ 1:22).

1. На кои чуда имале привилегија да бидат сведоци древните Израелци?

„НЕЗАБОРАВНИ“ — би бил добар збор за да се опишат чудата што ги извршил Јехова во древниот Египет. Секоја од Десетте неволји била неоспорно извонредна. Овие удари биле проследени со зачудувачкото избавување на израелскиот народ преку разделените води на Црвеното Море (Второзаконие 34:10-12). Да си бил очевидец на тие настани, најверојатно никогаш не би го заборавил Оној што бил одговорен за нив. Сепак, псалмистот пеел: „[Израелците] Го заборавија Бога, Спасителот свој; во Египет, правејќи знаци и чудеса во Хамовата Земја, и стравотии при Црвеното Море“ (Псалм 106:21, 22).

2. Што покажува дека ценењето на Израел за Божјите моќни дела било краткотрајно?

2 Откако го преминале Црвеното Море, Израелците ‚почнале да се плашат од Јехова и да положуваат вера во Јехова‘ (Излез 14:31, NW). Израелските мажи му се придружиле на Мојсеј во една победничка песна на Јехова, а Маријам и другите жени одговориле така што свиреле на дајриња и играле (Излез 15:1, 20). Да, Божјиот народ бил импресиониран од Јеховините моќни дела. Но, нивното ценење за Оној што ги извршил тие дела било краткотрајно. Набрзо потоа, многумина од нив се однесувале како да добиле голема дупка во помнењето. Почнале да мрморат против Јехова и да се жалат од него. Некои се впуштиле во идолопоклонство и во сексуален неморал (Броеви 14:27; 25:1-9).

Поради што би можеле да забораваме?

3. Што би можеле да заборавиме поради нашата несовршена природа?

3 Недостигот на ценење на Израел е навистина збунувачки. Сепак, истото би можело и нам да ни се случи. Точно, ние не сме биле сведоци на такви божествени чуда. Меѓутоа, во нашиот однос со Бог сигурно имало ситуации што се незаборавни. Некои од нас можеби се сеќаваат на времето кога ја прифатиле вистината од Библијата. Други радосни моменти можеби биле нашата молитва кога сме му се предале на Јехова и нашето крштавање како вистински христијани. Многумина од нас ја доживеале Јеховината поддршка во други периоди од животот (Псалм 118:15). Пред сѐ, преку жртвената смрт на Божјиот сопствен Син, Исус Христос, сме ја добиле надежта за спасение (Јован 3:16). Сепак, поради нашата несовршена природа, кога се соочуваме со погрешни желби и со тегобни грижи во животот, и ние можеме многу лесно да ги заборавиме добрите работи што Јехова ги направил за нас.

4, 5. а) На кој начин нѐ предупредува Јаков дека има опасност да станеме заборавливи слушатели? б) Како можеме да ја примениме илустрацијата на Јаков со човекот и огледалото?

4 Во своето писмо до сохристијаните, Исусовиот полубрат Јаков предупредил дека има опасност да станат заборавливи слушатели. Тој напишал: „Станете извршители на речта, а не само слушатели, залажувајќи се самите себе со лажно резонирање. Зашто ако некој е слушател на речта, а не извршител, тој е како човек кој го гледа своето природно лице во огледало. Зашто се погледнува, па оди и веднаш заборава каков човек е“ (Јаков 1:22-24). Што мислел Јаков со овие зборови?

5 Кога стануваме наутро, обично се погледнуваме во огледало за да видиме какви исправки треба да направиме во нашиот изглед. Додека учествуваме во различните активности и умот го сосредоточуваме на други работи, повеќе не мислиме на она што сме го виделе во огледалото. Ова може да се случи и во духовна смисла. Додека гледаме во Божјата реч, можеме да споредиме какви сме ние со тоа какви Јехова очекува да бидеме. На тој начин директно се соочуваме со нашите слабости. Ова сознание треба да нѐ мотивира да правиме исправки во својата личност. Но, додека ги извршуваме секојдневните активности и се бориме со проблемите, лесно е да престанеме да мислиме на духовните работи (Матеј 5:3; Лука 21:34). Тоа е како да ги забораваме љубезните дела што Јехова ги направил во наша корист. Ако ова се случи, стануваме подложни на грешните склоности.

6. Кое библиско разгледување може да ни помогне да не ја забораваме Јеховината реч?

6 Во своето прво инспирирано писмо до коринќаните, апостол Павле се осврнува на заборавливите Израелци во пустелијата. Исто како што христијаните во првиот век извлекле корист од зборовите на Павле така повторувањето на она што тој го напишал може нам да ни помогне да не ја забораваме Јеховината реч. Затоа, да го разгледаме извештајот од 1. Коринќаните 10:1-12.

Отфрли ги световните желби

7. Кој непобитен доказ за Јеховината љубов го добиле Израелците?

7 Она што Павле го вели за Израелците служи како предупредување за христијаните. Делумно, Павле пишува: „Не сакам да бидете во незнаење, браќа, дека сите наши прататковци беа под облакот и сите поминаа преку морето, и сите се крстија во Мојсеј со посредство на облакот и морето“ (1. Коринќаните 10:1-4). Израелскиот народ во времето на Мојсеј видел големи манифестации на Јеховината моќ, вклучувајќи го и Божјиот чудесен столб од облак што ги водел дење и им помогнал да избегаат преку Црвеното Море (Излез 13:21; 14:21, 22). Да, тие Израелци добиле непобитен доказ за Јеховината љубов кон нив.

8. Какви биле последиците од духовната заборавливост на Израел?

8 „Сепак“, продолжува Павле, „кон повеќето од нив Бог не го изрази своето одобрување, зашто беа соборени во пустелијата“ (1. Коринќаните 10:5). Колку жално! Повеќето Израелци што го напуштиле Египет се дисквалификувале за влез во Ветената земја. Како неодобрени од Бог поради недостигот на вера, тие умреле во пустелијата (Евреите 3:16-19). Што учиме од ова? Павле вели: „Овие работи станаа примери за нас, за да не бидеме лица кои посакуваат штетни работи, како што ги посакуваа тие“ (1. Коринќаните 10:6).

9. Како се грижел Јехова за својот народ, и како реагирал Израел?

9 Израелците имале изобилие кое можело да ги држи духовно сосредоточени додека се наоѓале во пустелијата. Стапиле во сојуз со Јехова и станале негова предадена нација. Освен тоа, им било дадено свештенство, шатор како центар на обожавање и подготовка да му принесуваат жртви на Јехова. Меѓутоа, наместо да им се радуваат на овие духовни дарови, тие дозволиле да станат незадоволни од подготовките што ги правел Бог во материјален поглед (Броеви 11:4-6).

10. Зошто треба секогаш да го задржиме Бог во мислите?

10 За разлика од Израелците во пустелијата, денес Јеховиниот народ ужива Божје одобрување. Но, како поединци, битно е да го задржиме Бог во мислите. Тоа ќе ни помогне да ги отфрлиме себичните копнежи што би можеле да ја замаглат нашата духовна визија. Мора да сме решени „да се одречеме од безбожноста и од световните желби и да живееме со здрави мисли и со праведност и со побожна оддаденост среде овој сегашен систем на работи“ (Тит 2:12). Оние меѓу нас, кои уште од рано детство се поврзани со христијанското собрание, никогаш не треба да мислат дека пропуштаат нешто добро. Ако некогаш низ умот им поминат такви мисли, ќе биде добро да се сетат на Јехова и на прекрасните благослови што ги подготвил за нас (Евреите 12:2, 3).

Целосна послушност на Јехова

11, 12. Како би можел некој да стане виновен за идолопоклонство без да се впушти во обожавање ликови?

11 Павле ни дава уште еден збор на предупредување кога пишува: „Ниту станувајте идолопоклоници, како некои од нив; како што е напишано: ‚Народот седна да јаде и да пие, па стана да се забавува‘“ (1. Коринќаните 10:7). Павле укажува на ситуацијата кога Израелците го убедиле Арон да направи златно теле (Излез 32:1-4). Иако нема веројатност дека ќе се свртиме кон отворено обожавање на идоли, ние би можеле да станеме идолопоклоници ако дозволиме сопствените себични желби да нѐ одвлечат и да не го обожаваме Јехова со цело срце (Колошаните 3:5).

12 Во една друга ситуација, Павле пишувал за некои што биле загрижени претежно за материјалните наместо за духовните работи. Во врска со таквите кои „одат како непријатели на Христовиот маченички столб“, тој напишал: „Завршетокот им е уништување, и нивни бог е мевот“ (Филипјаните 3:18, 19). Предмет на нивното идолопоклонство не бил некој резбан лик. Тоа била нивната желба за физички работи. Се разбира, сите желби не се погрешни. Јехова нѐ создал со човечки потреби и со способност да уживаме во различни задоволства. Но, оние што стремежот кон задоволства го ставаат пред својот однос со Бог, всушност, стануваат идолопоклоници (2. Тимотеј 3:1-5).

13. Што учиме од извештајот за златното теле?

13 Откако го напуштиле Египет, Израелците направиле златно теле за обожавање. Освен што содржи предупредување во врска со идолопоклонство, овој извештај има уште една важна поука. Израелците не ги послушале јасните упатства од Јехова (Излез 20:4-6). Сепак, тие немале намера да го отфрлат Јехова како свој Бог. Му принеле жртви на излеаното теле и тој настан го нарекле „свеченост во чест на Господа“. Самите некако се завеле мислејќи дека Бог ќе ја игнорира нивната непослушност. Ова било навреда за Јехова, и многу го разгневило (Излез 32:5, 7-10; Псалм 106:19, 20).

14, 15. а) Зошто Израелците немале изговор што станале заборавливи слушатели? б) Доколку сме решени да не станеме заборавливи слушатели, што ќе правиме со Јеховините заповеди?

14 Би било многу необично некој Јеховин сведок да се придружи на некоја лажна религија. Меѓутоа, иако остануваат во собранието, некои би можеле да ги отфрлат Јеховините упатства на други начини. Израелците немале изговор што станале заборавливи слушатели. Тие ги чуле Десетте заповеди и биле присутни кога Мојсеј им ја дал Божјата заповед: „Не правете покрај Мене идол од сребро, ниту правете си идол од злато“ (Излез 20:18, 19, 22, 23). Сепак, Израелците го обожавале златното теле.

15 И ние немаме важечки изговор доколку станеме заборавливи слушатели. Во Писмото имаме упатства од Бог на многу подрачја од животот. На пример, Јеховината реч конкретно ја осудува практиката да се зема заем и да не се враќа (Псалм 37:21). На децата им е заповедано да им бидат послушни на родителите, а од татковците се очекува да ги подигаат своите деца во „Јеховино умствено насочување“ (Ефешаните 6:1-4). Христијаните самци се поучени да стапуваат во брак „само во Господ“, а на Божјите слуги што се во брак им е кажано: „Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде неизвалкана зашто Бог ќе им суди на блудниците и на прељубниците“ (1. Коринќаните 7:39; Евреите 13:4). Ако сме решени да не станеме заборавливи слушатели, сериозно ќе ги сфатиме овие и другите директиви од Бог и ќе им се повиниме.

16. Какви биле последиците од обожавањето на златното теле?

16 Јехова не го прифатил обидот на Израелците да го обожаваат под нивни услови. Наместо тоа, 3.000 од нив биле уништени, веројатно поради истакнатата улога што ја одиграле во бунтовничкиот чин на обожавање на златното теле. Други престапници доживеале помор од Јехова (Излез 32:28, 35). Каква само поука за оние што ја читаат Божјата реч, но самите избираат што да послушаат!

„Бегајте од блуд“

17. На кој настан се укажува во 1. Коринќаните 10:8?

17 Павле изнесува едно подрачје на кое телесните желби можат да наведат на духовна заборавливост, кога вели: „Да не практикуваме ниту блуд, како што некои од нив извршија блуд, па во еден ден паднаа дваесет и три илјади“ (1. Коринќаните 10:8). Овде Павле укажува на една случка на Моавските Полиња на крајот од 40-годишното напорно патување на Израелците низ пустелијата. Тие штотуку имале добиено помош од Јехова во освојувањето на земјите источно од Јордан, но многумина од нив се покажале заборавливи и без ценење. На границата на Ветената земја биле заведени во сексуален неморал и во нечисто обожавање на Валфегор. Биле уништени околу 24.000 луѓе, од кои 1.000 биле ороводци (Броеви 25:9).

18. Какво однесување може да води до сексуален неморал?

18 Јеховиниот народ денес е добро познат по своите високи морални мерила. Но, кога се искушани со сексуален неморал, некои христијани престануваат да мислат на Бог и на неговите начела. Стануваат заборавливи слушатели. Во почетокот искушението можеби не вклучува чин на блуд. Можеби тоа е само склоност кон љубопитно гледање порнографија, кон впуштање во непристојно задевање или флертување, или кон тежнеење по блиско друштво со морално слаби поединци. Сето ова навело некои христијани на грешно однесување (1. Коринќаните 15:33; Јаков 4:4).

19. Кој библиски совет ни помага да ‚бегаме од блуд‘?

19 Ако сме искушани да се впуштиме во неморално однесување, не смееме да престанеме да мислиме на Јехова. Наместо тоа, мораме да се придржуваме кон потсетувањата во неговата Реч (Псалм 119:1, 2). Како христијани, повеќето од нас прават сѐ што можат за да останат морално чисти, но за да се прави она што е исправно во Божји очи потребни се постојани напори (1. Коринќаните 9:27). На христијаните во Рим Павле им напишал: „За вашата послушност дознаа сите. Затоа се радувам поради вас. Но, сакам да бидете мудри во поглед на она што е добро, а невини во поглед на она што е зло“ (Римјаните 16:19). Исто како што оние 24.000 Израелци биле погубени поради нивните гревови така блудниците и другите престапници наскоро ќе го доживеат Јеховиниот неповолен суд (Ефешаните 5:3-6). Затоа, наместо да станеме заборавливи слушатели, мораме и понатаму да ‚бегаме од блуд‘ (1. Коринќаните 6:18).

Секогаш да ги цениме Јеховините подготовки

20. Како го ставале Израелците Јехова на испит, и какви биле последиците?

20 Поголем дел од христијаните никогаш не подлегнуваат на сексуален неморал. Сепак, треба да бидеме внимателни за да не дозволиме да тргнеме во правец што води до образец на мрморење, што би можело да има за последица божествено неодобрување. Павле нѐ опоменува: „Ниту да го ставаме Јехова на испит, како што некои од [Израелците] го ставаа на испит, па изгинаа од змии. Немојте ниту да мрморите, како што мрмореа некои од нив, па изгинаа од уништувачот“ (1. Коринќаните 10:9, 10). Израелците мрмореле против Мојсеј и Арон — да, дури и против самиот Бог — жалејќи се на маната што им била обезбедена на чудесен начин (Броеви 16:41; 21:5). Дали Јехова бил помалку навреден од нивното мрморење отколку од нивниот блуд? Библискиот извештај покажува дека многумина од оние што мрмореле биле убиени од змии (Броеви 21:6). Во една претходна прилика биле уништени повеќе од 14.700 бунтовни мрморковци (Броеви 16:49). Затоа, да не ја ставаме на испит Јеховината стрпливост однесувајќи се без почит кон неговите подготовки.

21. а) Каков поттик напишал Павле под инспирација? б) Според Јаков 1:25, како можеме да бидеме вистински среќни?

21 Пишувајќи им на сохристијаните, списокот со предупредувања Павле го заклучува со поттикот: „А овие работи им се случуваа ним како примери, и напишани се како предупредување за нас на кои дојдоа краевите на системите на работи. Според тоа, кој мисли дека стои, нека се чува да не падне“ (1. Коринќаните 10:11, 12). Слично на Израелците, ние сме добиле од Јехова многу благослови. Меѓутоа, за разлика од нив, никогаш да не ги заборавиме и да не пропуштаме да ги цениме добрите работи што Бог ги прави за нас. Кога тегобните животни грижи ќе ни натежнат, да размислуваме за прекрасните ветувања што се наоѓаат во неговата Реч. Да се потсетуваме на нашиот скапоцен однос со Јехова и да продолжиме во делото на проповедање на Царството што ни е доверено (Матеј 24:14; 28:19, 20). Таквиот пат сигурно ќе ни донесе вистинска среќа, зашто во Писмото се ветува: „Оној кој се загледува во совршениот закон кој ѝ припаѓа на слободата и истрајува во него, тој човек, затоа што станал извршител на делото, а не заборавлив слушател, ќе биде среќен што го врши“ (Јаков 1:25).

Како би одговорил?

• Што може да нѐ направи заборавливи слушатели?

• Зошто е неопходна целосна послушност кон Бог?

• Како можеме да ‚бегаме од блуд‘?

• Каков став треба да имаме кон Јеховините подготовки?

[Слика на страница 15]

Израелците ги заборавиле Јеховините моќни дела во нивна корист

[Слика на страница 16]

Јеховиниот народ е решен да задржи високи морални мерила

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели