ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Како треба христијаните да гледаат на алкохолот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • Како треба христијаните да гледаат на алкохолот?

      Луѓето низ целиот свет имаат различни гледишта за алкохолот. Некои уживаат одвреме-навреме да се напијат малку алкохол заедно со пријателите. Други одлучиле воопшто да не пијат. А некои пијат до тој степен што се опиваат. Што вели Библијата за алкохолот?

      1. Дали е погрешно да се пие алкохол?

      Библијата не го забранува пиењето алкохол. Напротив, меѓу многуте дарови што Бог ни ги дал, Божјата Реч го спомнува и виното, за кое вели дека „го весели срцето“ на човекот (Псалм 104:14, 15). Некои верни мажи и жени спомнати во Библијата пиеле алкохол (1. Тимотеј 5:23).

      2. Каков совет им дава Библијата на оние што пијат алкохол?

      Јехова го осудува неумереното пиење алкохол и опивањето (Галатите 5:21). Во неговата Реч пишува: „Не биди меѓу оние што се опиваат со вино“ (Изреки 23:20). Затоа, ако пиеме алкохол — сеедно дали тоа го правиме сами или во друштво — не треба да пиеме толку многу што ќе ни се наруши способноста јасно да размислуваме, ќе изгубиме контрола над нашите зборови и постапки или ќе си наштетиме на здравјето. Но, ако не можеме да се контролираме колку пиеме, тогаш најдобро е воопшто да не конзумираме алкохол.

      3. Како да покажеме почит кон одлуките на другите во врска со алкохолот?

      Секој сам треба да одлучи дали ќе пие алкохол или не. Ако некој одлучил умерено да пие, ние не треба да го осудуваме. А ако некој не сака да пие, не треба да му вршиме никаков притисок (Римјаните 14:10). Освен тоа, нема да пиеме алкохол ако сме во ситуација кога тоа на некого би му сметало. (Прочитај Римјаните 14:21.) Ние не ја бараме „својата корист, туку користа на другиот“. (Прочитај 1. Коринќаните 10:23, 24.)

      ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

      Во овој дел ќе разгледаме некои библиски начела што ќе ти помогнат да одлучиш дали и колку да пиеш алкохол. Исто така, ќе дознаеш што можеш да правиш ако имаш проблем со алкохолот.

      4. Одлучи дали ќе пиеш алкохол

      Какво гледиште имал Исус за пиењето алкохол? За да го дознаеш одговорот, размисли за првото чудо што го направил. Прочитај Јован 2:1-11, а потоа разговарајте за овие прашања:

      • Според овој извештај, како гледал Исус на алкохолот и на оние што пиеле?

      • Со оглед на тоа што Исус не го осудил пиењето алкохол, како треба еден христијанин да гледа на оние што конзумираат алкохол?

      Сепак, тоа што на христијаните не им е забрането да пијат алкохол не значи дека е мудро да го прават тоа во секоја ситуација. Прочитај Изреки 22:3, а потоа разговарајте за тоа како ова начело може да ти помогне да одлучиш дали да пиеш во следниве ситуации:

      • Треба да возиш или да управуваш со некоја машина.

      • Бремена си.

      • Лекарот ти рекол да не пиеш алкохол.

      • Тешко ти е да се контролираш колку пиеш.

      • Законот во државата не ти дозволува да конзумираш алкохол.

      • Во друштво си на некој што решил воопшто да не пие бидејќи во минатото имал проблем со алкохолот.

      Ако правиш свадба или организираш некое дружење, дали треба да служиш алкохол? Што може да ти помогне во таа одлука? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

      ВИДЕОКЛИП: Дали да служам алкохол? (2:41)

      Прочитај Римјаните 13:13 и 1. Коринќаните 10:31, 32. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:

      • Како ова начело може да ти помогне да донесеш одлука со која ќе го радуваш Јехова?

      Еден брат одбива да пие вино додека е во ресторан. Двете сестри кои се на ручек заедно со него пијат вино.

      Секој христијанин треба самиот да одлучи дали ќе пие алкохол или не. Сепак, оние што одлучиле да пијат треба да имаат на ум дека во некои ситуации тоа не би било мудро

      5. Одлучи колку ќе пиеш

      Ако одлучиш да пиеш алкохол, имај го ова на ум: Јехова не го осудува пиењето алкохол, но го осудува опивањето. Зошто? Прочитај Осија 4:11, 18, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Што може да се случи ако некој испие премногу?

      Што може да ни помогне да не пиеме премногу? Треба да бидеме скромни, односно свесни за своите граници. Прочитај Изреки 11:2, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Кога станува збор за пиењето алкохол, зошто е добро однапред да си одредиш која количина нема да ја надминеш?

      6. Како може некој да го надмине проблемот со алкохолот

      Дознај што му помогнало на еден човек да се избори со зависноста од алкохол. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:

      ВИДЕОКЛИП: „Ми се смачи од животот што го водев“ (6:32)

      Слики: Сцени од видеоклипот „Ми се смачи од животот што го водев“. 1. Дмитриј гледа во шише со алкохол. 2. Дмитриј, неговата жена и нивната ќерка заедно ја проучуваат Библијата.
      • Како влијаеше алкохолот врз Дмитриј?

      • Дали тој успеа да прекине со пиењето при првиот обид?

      • Како тој најпосле успеа да се избори со оваа зависност?

      Прочитај 1. Коринќаните 6:10, 11, а потоа разговарајте за овие прашања:

      • Колку е сериозно опивањето?

      • Што ни покажува дека некој што се опива може да се смени?

      Прочитај Матеј 5:30, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Кога рекол дека треба да си ја отсечеме раката, Исус сакал да каже дека треба да се одречеме од нешто за да му угодиме на Јехова. Што би можел да направиш ти ако имаш проблем со алкохолот?a

      Прочитај 1. Коринќаните 15:33, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Како би можело да влијае врз тебе ако имаш пријатели кои претеруваат со алкохол?

      АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Дали е погрешно да се пие алкохол?“

      • Што би му одговорил?

      ШТО НАУЧИ:

      Од Библијата дознаваме дека алкохолот е дар од Јехова. Но, треба да имаме на ум дека тој не го одобрува неумереното пиење и опивањето.

      Како би одговорил?

      • Што вели Библијата за алкохолот?

      • Кои се опасностите од неумереното пиење?

      • Како може да покажеме почит кон одлуките на другите во врска со пиењето алкохол?

      Цел:

      ИСТРАЖУВАЈ

      Како можат тинејџерите да носат добри одлуки во врска со алкохолот?

      Алкохол — дали вреди за она што следи? (2:31)

      Прочитај што можеш да преземеш за да го надминеш проблемот со алкохолот.

      „Исправен став кон алкохолот“ (Стражарска кула од 1 јануари 2010)

      Дали христијаните треба да наздравуваат?

      „Прашања од читателите“ (Стражарска кула од 15 февруари 2007)

      Во животната приказна со наслов „Бев буре без дно“ прочитај што му помогнало на еден човек да престане да се опива.

      „Библијата менува животи“ (Стражарска кула од 1 мај 2012)

      a Оние што се зависни од алкохол можеби ќе имаат потреба од професионална помош. Според многу лекари, таквите лица не треба воопшто да пијат алкохол.

  • Зошто е важно да внимаваме на облеката и на изгледот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • Лекција 52. Една жена размислува која облека да ја купи.

      ЛЕКЦИЈА 52

      Зошто е важно да внимаваме на облеката и на изгледот?

      Кога станува збор за облеката и изгледот, сите ние имаме различен вкус. Ако се држиме за некои едноставни библиски начела, не само што ќе можеме да се облекуваме по свој вкус туку и ќе го радуваме Јехова со нашиот изглед. Да разгледаме некои од тие начела.

      1. Кои начела можат да ни помогнат кога носиме одлуки во врска со облеката и изгледот?

      Библијата ги поттикнува христијаните да се „облекуваат пристојно, а притоа да бидат скромни и разборити“. Освен тоа, ако сме чисти и уредни, ќе може да се види дека го почитуваме Бог, односно дека сме му оддадени (1. Тимотеј 2:9, 10). Да ги разгледаме овие четири начела. 1) Треба да се облекуваме пристојно. Како што веројатно си забележал на собраниските состаноци, Јеховините сведоци имаат различни вкусови во поглед на облекувањето. Сепак, со својата облека и фризура покажуваме дека го почитуваме Богот на кој му служиме. 2) Да се облекуваме скромно значи нашата облека да не биде провокативна ниту со неа да свртуваме преголемо внимание кон себеси. 3) Покажуваме разборитост така што не ги следиме последните модни трендови. 4) Од нашиот изглед треба секогаш да се гледа дека го почитуваме вистинскиот Бог, односно дека оддадено му служиме (1. Коринќаните 10:31).

      2. Како нашиот изглед може да влијае врз соверниците?

      Иако имаме право да избереме каква облека ќе носиме, сепак треба да размислиме како со нашиот изглед ќе влијаеме врз другите. Не би било во ред со нашиот изглед да предизвикаме некој да се чувствува непријатно. Библијата нѐ поттикнува: „Секој од нас нека му угодува на својот ближен во она што е добро за изградување“. (Прочитај Римјаните 15:1, 2.)

      3. Како може со нашиот изглед да придонесеме другите да бидат привлечени кон вистината?

      Ние се трудиме во секоја прилика да бидеме соодветно облечени. Но, особено внимаваме на тоа кога сме на собраниските состаноци и во служба. Не би сакале со нашиот изглед да им го одвлекуваме вниманието на луѓето од важната порака што им ја пренесуваме. Наместо тоа, сакаме да го украсуваме „во сѐ учењето на нашиот Спасител“ (Тит 2:10).

      ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

      Во овој дел ќе разгледаме како може со облеката и изгледот да покажеме дека сме вистински христијани.

      Двајца мажи стојат пред судија. Едниот од нив носи костум, а другиот носи искината и лежерна облека и спортско капче.

      Со нашата облека и со нашиот изглед покажуваме дали ги почитуваме оние што имаат некаков авторитет. Иако Јехова гледа што имаме во срцето, сепак и со нашиот изглед треба да покажеме дека го почитуваме

      4. Кога внимаваме на нашиот изглед, покажуваме почит кон Јехова

      Која е најважната причина зошто внимаваме на нашиот изглед? Прочитај Псалм 47:2, а потоа разговарајте за овие прашања:

      • Како тоа што знаеме дека го претставуваме Јехова треба да влијае врз начинот на кој се облекуваме?

      • Дали сметаш дека е разумно тоа што внимаваме на нашиот изглед кога присуствуваме на состаноците и учествуваме во службата? Зошто мислиш така?

      5. Како да носиме мудри одлуки во врска со облеката и изгледот

      Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

      ВИДЕОКЛИП: „Правете сѐ за Божја слава“ (10:18)

      Не е важно дали нашата облека е скапа или не, туку важно е секогаш да биде чиста и соодветна на приликата. Прочитај 1. Коринќаните 10:24 и 1. Тимотеј 2:9, 10. Потоа, разговарајте зошто не сакаме да носиме облека која е...

      • неуредна или премногу лежерна.

      • претесна, разголена или провокативна.

      Како христијани, ние не сме обврзани да го држиме Мојсеевиот закон. Но, од него може многу да научиме за тоа како Јехова гледа на работите. Прочитај 5. Мојсеева 22:5, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Зошто жените не треба да изгледаат и да се облекуваат како мажи, а мажите како жени?

      Прочитај 1. Коринќаните 10:32, 33 и 1. Јованово 2:15, 16, а потоа разговарајте за овие прашања:

      • Зошто треба да ни биде важно дали со својот изглед вознемируваме некој од собранието или од местото каде што живееме?

      • Како се облекуваат и дотеруваат луѓето во местото каде што живееш ти?

      • Што мислиш, дали некои од тие начини на облекување би биле несоодветни за еден христијанин? Зошто мислиш така?

      Секој од нас може да има свој стил на облекување и истовремено да му угоди на Јехова

      Мажи и жени на различна возраст и од различни раси и националности; тие имаат различна фризура и облека кои се соодветни за христијани.

      НЕКОИ ВЕЛАТ: „Мое право е како ќе се облекувам“.

      • Што мислиш ти за ваквиот став?

      ШТО НАУЧИ:

      Кога носиме добри одлуки во врска со облеката и изгледот, покажуваме почит кон Јехова и кон другите.

      Како би одговорил?

      • Зошто на Јехова му е важно како се облекуваме и дотеруваме?

      • Кои се некои начела според кои треба да се водиме кога носиме одлуки во врска со нашиот надворешен изглед?

      • Како со нашиот изглед може да влијаеме врз тоа какво мислење ќе имаат луѓето за нас како Јеховини сведоци?

      Цел:

      ИСТРАЖУВАЈ

      Дознај каква порака може да им остава нашата облека на другите.

      „Како изгледам?“ (Статија на интернет)

      Прочитај зошто е важно добро да размислиш дали да се тетовираш.

      „Што вели Библијата за тетовирањето?“ (Статија на интернет)

      Разгледај уште некои начела што можат да ти помогнат при изборот на облека.

      „Го славиш ли Бог со својот начин на облекување?“ (Стражарска кула од септември 2016)

      Што ѝ помогнало на една побожна жена да не ги осудува другите кога станува збор за облеката и изгледот?

      „Облеката и дотерувањето ми беа камен на спрепнување“ (Разбудете се! од 8 април 2004)

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели