-
Дали Исус навистина воскреснал?Стражарска кула 2013 | 1 Март
-
-
Некои христијани во древниот Коринт биле збунети во врска со воскресението, а други воопшто не верувале во него. Во своето прво писмо до Коринќаните, апостол Павле покажал што би произлегло ако воскресението било измислица. Тој напишал: „Зашто, ако навистина нема воскресение на мртвите, тогаш ни Христос не воскреснал. А ако Христос не воскреснал, нашето проповедање навистина е залудно и нашата вера е залудна. А тогаш сме и лажни Божји сведоци... Вашата вера е залудна — уште сте во своите гревови. Тогаш, пропаднале и оние што умреле во единство со Христос“ (1. Коринќаните 15:13-18).
„Им се појави на браќата, кои заедно беа повеќе од петстотини... Потоа му се појави на Јаков, а потоа на сите апостоли. А по сите најпосле ми се појави и мене“ (1. Коринќаните 15:6-8)
-
-
Дали Исус навистина воскреснал?Стражарска кула 2013 | 1 Март
-
-
Следствено на тоа, ако Христос не воскреснал од мртвите, христијанската вера би била бескорисна, празна, темелена на лага. Исто така, би испаднало дека Павле и другите ширеле лаги не само за воскресението на Исус туку и за оној што велеле дека го воскреснал, Јехова Бог. Освен тоа, тврдењето дека Христос ‚умрел за нашите гревови‘ не би било точно — бидејќи ако самиот Спасител не бил спасен од смртта, како би можел да ги спаси другите? (1. Коринќаните 15:3). Тоа би значело дека христијаните што умреле, во некои случаи како маченици, умреле со јалова надеж дека ќе воскреснат.
-