ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • pe погл. 21 стр. 175-183
  • Судниот ден и што после него

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Судниот ден и што после него
  • Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ВОСКРЕСЕНИЕ ЗА ”ЖИВОТ“ И ”СУД“
  • КОГА ЗАПОЧНУВА СУДНИОТ ДЕН?
  • ПОСЛЕ СУДНИОТ ДЕН
  • СЕГАШНИОТ СУДЕН ДЕН
  • Што е Судниот ден?
    Разбудете се! 2010
  • Што е Судниот ден?
    Што навистина учи Библијата?
  • Судниот ден — време на надеж!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Што ќе се случи во Судниот ден?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
pe погл. 21 стр. 175-183

21. поглавје

Судниот ден и што после него

1. Како многумина го замислуваат Судниот ден?

КАКО ГО ЗАМИСЛУВАШ Судниот ден? Некои замислуваат голем престол пред кој стои долг ред од воскреснати. И на секого кој поминува покрај престолот, му се суди на темел на поранешните дела кои се запишани во книгата на Судијата. Зависно од тоа како постапувал, лицето оди на небото или во огнениот пекол.

2. (а) Кој го одредил Судниот ден? (б) Кој ќе биде поставен за судија?

2 Меѓутоа, Библијата дава сосема поинаква слика на Судниот ден. Нема причина да се плашиме од него. Забележи што вели Библијата за Бог: ”Зашто тој одредил ден кога праведно ќе му суди на целиот свет преку човекот кого го одреди за тоа“ (Дела на апостолите 17:31, Ст). Тој судија кој е одреден од Бог е, секако, Исус Христос.

3. (а) Зошто можеме да бидеме сигурни дека Христос ќе суди праведно? (б) На темел на што ќе бидат судени луѓето?

3 Можеме да бидеме сигурни дека Христос ќе биде праведен и чесен судија. Ветување за тоа наоѓаме во пророштвото кое е запишано во Исаија 11:3, 4. Спротивно на вообичаеното мислење, тој нема да им суди на луѓето на темел на нивните поранешни гревови кои често ги правеле во незнаење. Библијата објаснува дека со смртта секој поединец е ослободен од сите гревовите што ги направил: ”Бидејќи, кој умрел, тој се ослободил од гревот“ (Римјаните 6:7, ББД). Тоа значи дека воскреснатите ќе бидат судени на темел на тоа што прават за време на Судниот ден, а не според она што го правеле пред својата смрт.

4. (а) Колку долго ќе трае Судниот ден? (б) Кој ќе суди заедно со Христос?

4 Судниот ден не е дословен ден од 24 часа. Библијата тоа јасно го покажува кога зборува за оние кои ќе судат заедно со Исус Христос (1. Коринтјаните 6:1–3). ”И видов престоли“, вели еден запишувач на Библијата, ”и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат.“ Тие судии се верните помазани следбеници на Христос, кои, како што читаме понатаму во Библијата, ”оживеаја и царуваа со Христа илјада години“. Значи, Судниот ден ќе трае илјада години. Тоа е оној илјадагодишен период во кој Христос и неговите 144000 верни помазани следбеници како ”ново небо“ ќе владеат над ”новата земја“ (Откровение 20:4, 6, ББД; 2. Петрово 3:13).

5, 6. (а) Како псалмистот го опишува Судниот ден? (б) Каков ќе биде животот на Земјата за време на Судниот ден?

5 Погледни ги овие страници. Тие ни даваат само мала претслика колку ќе биде прекрасен Судниот ден за човештвото. Псалмистот напишал за тоа прекрасно време: ”Нека се радува полето и што е на него, нека воскликнуваат шумските дрвја пред Јахве, зашто доаѓа, зашто доаѓа да ѝ суди на земјата. Ќе му суди на светот во правда и на народите во својата вистина [со својата верност, NW]“ (Псалми 96:12, 13, Ст).

6 Сите кои ќе го преживеат Армагедон за време на Судниот ден, ќе работат на тоа да ја претворат Земјата во рај. Во тој рај ќе им се изразува добредојде на воскреснатите (Лука 23:43, NW). Колку голема среќа ќе владее кога семејствата кои поради смртта биле долго разделени, повторно ќе се обединат! Да, колку ќе биде убаво да се живее во мир, да се ужива во добро здравје и да се учи за Божјите намери! Библијата вели: ”Зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на Земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда“ (Исаија 26:9, ББД). Во Судниот ден сите луѓе ќе учат за Јехова и така ќе добијат можност да го слушаат и да му служат.

7. Што ќе се случи во Судниот ден со оние кои ќе изберат да му служат на Бог, а што со оние кои ќе одбијат да го сторат тоа?

7 И под тие рајски околности Исус Христос и неговите 144000 соцареви ќе му судат на човештвото. Сите кои ќе изберат да му служат на Јехова ќе постигнат вечен живот. И под тие најдобри околности некои ќе одбијат да му служат на Бог. Библијата вели: ”Иако на злиот би требало да му се искаже наклоност, тој напросто нема да се научи на праведност. Во земјата на чесноста неправедно ќе постапува“ (Исаија 26:10, NW). Значи, откако на таквите ќе им бидат дадени доволно можности да го изменат својот начин на живеење и да се научат за праведност, ќе бидат уништени. Некои ќе умрат уште пред завршувањето на Судниот ден (Исаија 65:20). Нема да им се дозволи да живеат и да прават зло на рајската Земја.

8. Каков бил моралот на жителите на Содом?

8 Навистина ќе биде величествена предност да се воскресне на Земјата за време на Јеховиниот голем Суден Ден. Меѓутоа, Библијата покажува дека сите нема да се радуваат на таа предност. Да ги земеме на пример, луѓето од стариот Содом. Библијата известува дека мажите во Содом барале да имаат полни односи со ”луѓето“ кои го посетиле Лот. Нивното однесување било неморално до таа мерка што ”се измориле барајќи ја влезната врата“ од куќата дури и откако со чудо биле ослепени, затоа што сакале да влезат и да имаат неморални односи со гостите на Лот (1. Мојсеева 19:4-11, NW).

9, 10. На што укажува Библијата во врска со можноста за воскресение на злите луѓе од Содом?

9 Дали такви ужасно злобни луѓе ќе воскреснат за време на Судниот ден? Библијата покажува дека нема да воскреснат. На пример, еден од Исусовите ученици, Јуда, под инспирација напишал за ангелите кои ги напуштиле своите места на небото за да имаат сексуални односи со човечките ќерки. Потоа додава: ”Така и Содом и Гомора со околните градови, откако на ист начин како и претходниците преку мера вршеа блуд и одеа по телото за неприродна употреба, со тоа ни се поставени нам како предупредувачки пример, дека претрпуваат судска казна на вечен оган“ (Јуда 6, 7, NW; 1. Мојсеева 6:1, 2). Да, жителите на Содом и околните градови поради својот огромен неморал доживеале уништување и очигледно дека никогаш нема да воскреснат (2. Петрово 2:4-6, 9, 10а).

10 И Исус укажал дека жителите на Содом нема да воскреснат. Кога Исус говорел за Капернаум, еден од градовите во кој правел чуда, рекол: ”Ако во Содом се беа извршиле чудесата што станаа во тебе [Капернауме], тој и до ден денес ќе останеше. Но ви велам, дека на земјата Содомска ќе ѝ биде полесно на страшниот суд, отколку тебе“ (Матеј 11:22-24, ББД). Исус овде ја нагласил осудата што ја заслужувале жителите на Капернаум, бидејќи рекол дека ќе им биде полесно на старите Содомјани кои, во мислите на израелските слушатели, биле потполно недостојни да воскреснат на Судниот ден.

11. Зошто на Судниот ден ќе им биде полесно на ”праведниците“ отколку на ”неправедниците“?

11 Секако, би требало да сториме сѐ што можеме за да својот живот го проживееме така да заслужиме воскресение. Се појавува прашањето: Дали на некои кои ќе воскреснат ќе им биде потешко да научат праведно да постапуваат отколку на другите? Размисли: Пред својата смрт, ”праведните“ лица како што биле Авраам, Исак, Јов, Девора, Рута и Даниел, го исчекувале доаѓањето на Месијата. Колку ќе се радуваат за време на Судниот ден кога ќе научат за него и за тоа дека тој владее од небото! Според тоа, на ”праведните“ во тоа време ќе им биде многу полесно да постапуваат праведно, отколку на ”неправедниците“ кои ќе воскреснат за да се научат на тоа (Дела на апостолите 24:15).

ВОСКРЕСЕНИЕ ЗА ”ЖИВОТ“ И ”СУД“

12. Кој според Јован 5:28–30 ќе добие ”воскресение за живот“, а кој ”воскресение за суд“?

12 Исус го опишал Судниот ден со следниве зборови: ”Сите, кои што се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро — ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување. (...) Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен, оти не ја барам волјата Моја, а волјата на Отецот Кој што Ме пратил“ (Јован 5:28–30, ББД). Што се мисли со ’воскресение за живот‘, а што со ’воскресение за суд‘? И кој ќе учествува во тоа?

13. Што значи да се добие ”воскресение за живот“?

13 Како што веќе видовме, на воскреснатите нема да им се суди според поранешните дела. Напротив, ќе им се суди на темел на тоа што ќе го прават во Судниот ден. И додека Исус зборувал за лицата ”кои правеле добро“ и за оние кои ”правеле зло“, мислел на доброто и злото направени во текот на Судниот ден. Многумина воскреснати, поради добрите дела кои ги правеле, ќе напредуваат кон човечко совршенство до крајот на илјадагодишниот Суден ден. Значи, нивното враќање од мртвите ќе се покаже како ”воскресение за живот“, бидејќи ќе постигнат совршен живот, ослободен од грев.

14. Што значи да се прими ”воскресение за суд“?

14 А што ќе биде со оние кои правеле зло во периодот на Судниот ден? Нивното враќање од мртвите ќе се покаже како ”воскресение за суд“. Што значи тоа? Значи дека ќе бидат осудени на смрт. Тие луѓе ќе бидат уништени или во текот или на крајот од Судниот ден, бидејќи правеле зло; тие упорно одбивале да научат да постапуваат праведно.

КОГА ЗАПОЧНУВА СУДНИОТ ДЕН?

15. Што ќе се случи непосредно пред почетокот на Судниот ден?

15 Апостол Јован во визија видел што непосредно му претстои на Судниот ден. Тој пишува: ”И видов голем бел престол и Седнатиот на него, од чие лице побегнаа земјата и небото (...) Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; (...) и судени беа мртвите“ (Откровение 20:11, 12, ББД). Значи, пред почетокот на Судниот ден ќе исчезне сегашниот поредок, кој се состои од ”небо и земја“. Ќе преживеат само оние кои му служат на Бог, додека сите зли ќе бидат уништени во Армагедон (1. Јованово 2:17).

16. (а) На кого, освен на мртвите, ќе му се суди на Судниот ден? (б) Според што ќе бидат судени?

16 Според тоа во Судниот ден нема да им се суди само на воскреснатите ”мртви“, туку и на ”живите“ кои го преживеале Армагедон, како и на децата што ќе ги имаат (2. Тимотеј 4:1). Јован во својата визија видел и како ќе бидат судени. ”Се отворија книги“, пишува тој. ”И судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни. Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот [хадесот, NW] ги повратија мртвите свои, што беа во нив, и секој прими суд според делата свои.“ (Откровение 20:12, 13, ББД).

17. Што претставуваат ”книгите“ според кои ќе им се суди на ”живите“ и ”мртвите“?

17 Што преставуваат ”книгите“ кои ќе се отворат и според кои ќе им се суди на ”мртвите“ и ”живите“? Веројатно тоа ќе бидат додатоци на сегашната Библија. Тоа се инспирирани списи или книги, кои содржат Јеховини закони и упатства. Читајќи ги тие книги, сите луѓе на Земјата ќе ја запознаат Божјата волја и тогаш, на темел на законите и упатствата содржани во ”книгите“ (или ”свитоците“) ќе му се суди на секого на Земјата. Луѓето кои ќе ги послушаат законите ќе ја користат Христовата откупна жртва и постепено ќе напредуваат до човечко совршенство.

18. (а) Каква ситуација ќе владее на крајот на Судниот ден? (б) Во која смисла оживуваат ”мртвите“ на крајот од 1000 години?

18 На крајот на илјадагодишниот Суден ден никој на Земјата нема да се наоѓа во состојба на умирање поради Адамовиот грев. Тогаш секој ќе има живот во вистинска смисла на зборот. На тоа се осврнува Библијата со зборовите: ”Другите (...) умрени [освен 144000 кои одат на небото] не оживеаја, додека не се наврши илјадата години“ (Откровение 20:5, ББД). Изразот ”другите умрени“ не значи дека на крајот на илјадагодишниот Суден ден ќе воскреснат други луѓе. Напротив, тоа значи дека ќе оживеат сите луѓе, во таа смисла што конечно постигнуваат човечка совршеност. Тогаш ќе се наоѓаат во иста состојба на совршенство како што биле Адам и Ева во Еденската градина. Што ќе се случи тогаш?

ПОСЛЕ СУДНИОТ ДЕН

19. Што ќе направи Христос на крајот на Судниот ден?

19 Кога Исус Христос ќе направи сѐ што му доверил Бог, тој ’ќе Му го предаде Царството на Бог и Отецот‘. Тоа ќе се случи на крајот од илјадагодишниот Суден ден. Дотогаш ќе бидат отстранети сите непријатели, од кои последен е смртта наследена од Адам. Таа ќе биде уништена! Тогаш Царството станува Јеховина сопственост, тој владее директно како Цар (1. Коринтјаните 15:24–28, ББД).

20. (а) Што ќе стори Јехова за да утврди чие име треба да го запише во ”книгата на животот“? (б) Зошто е на место конечното искушение на човештвото?

20 Како Јехова ќе одлучи чие име да го запише во ”книгата на животот“? (Откровение 20:12, 15, ББД). Така што ќе го тестира човештвото. Сети се како Адам и Ева потфрлија во таквото искушение, а како Јов ја зачувал беспрекорноста. Но, верата на поголемиот дел на луѓето кои ќе живеат на крајот на 1000-та години никогаш не била искушана. Пред воскресението тие не ги познавале Јеховините намери. Биле дел од Сатанскиот зол поредок, биле ’неправедни‘. А после воскресението им било лесно да му служат на Јехова, бидејќи живееле во рај, каде што Ѓаволот не им правел никакви потешкотии. Но, дали тие милијарди луѓе, кои тогаш ќе бидат совршени, ќе му служат на Јехова, ако на Сатана му се даде прилика да ги искуша? Дали Сатана може да го постигне со нив она што му успеало да го направи со совршените Адам и Ева?

21. (а) Како Јехова ќе го тестира човештвото? (б) Што ќе се случи на крајот од искушението со сите учесници?

21 За да ги објасни тие прашања, Јехова ќе ги ослободи Сатана и неговите демони од бездната каде што биле затворени 1000 години. И каков ќе биде резултатот? Библијата покажува дека Сатана ќе успее да одврати некои од Јехова. Ќе бидат како ”морски песок“, што значи неодреден број. После тоа искушение, Сатана, неговите демони и сите кои не издржале во искушението, ќе бидат фрлени во симболично ”огнено езеро“, кое значи втора (вечна) смрт (Откровение 20:7–10, 15). А сите оние, чии имиња ќе се најдат запишани во ”книгата на животот“, ќе останат во прекрасниот рај на Земјата. Тоа што нивното име ќе биде запишано во ”книгата на животот“ значи дека според Јеховиниот суд се совршено праведни во срцето, мислите и телото, па затоа се достојни засекогаш да живеат во рајот на Земјата.

СЕГАШНИОТ СУДЕН ДЕН

22. Што мораме сега да правиме ако сакаме да го доживееме Судниот ден и конечното искушение на човештвото?

22 Библијата содржи извештај за настаните кои престојат повеќе од 1000 години во иднината. Тоа покажува дека нема причини да се плашиме од иднината. Но, сега се поставува прашањето: Дали тогаш ќе бидеш жив за да можеш да се радуваш на добрите работи кои Јехова Бог ги предвидел? Тоа зависи од тоа дали ќе преживееш еден претходен Суден ден, сегашниот ”ден на суд и уништување на безбожните луѓе“ (2. Петрово 3:7, NW).

23. (а) На кои две групи денес се делат луѓето? (б) Што ќе се случи со секоја група, и зошто?

23 Да, откако Христос се вратил и седнал на својот небесен престол, му се суди на целото човештво. Тој сегашен ”ден на суд“ му претходи на илјадагодишниот Суден ден. Во текот на сегашниот суд луѓето се делат, при што ”јарците“ доаѓаат на Христовата лева страна, а луѓето слични на ”овци“ од неговата десна страна. ”Јарците“ ќе бидат уништени, бидејќи не им помогнале на Христовите помазани ”браќа“ во нивната служба за Бог. Со текот на времето, тие ”јарци“ се покажуваат како непокајнички грешници, закоравени во неправда. Напротив, ”овците“ ќе бидат благословени со живот под владеењето на Царството, бидејќи во секој поглед ги потпирале Христовите ”браќа“ (Матеј 25:31–46).

[Слики на страница 178]

Зошто Исус рекол дека на Судниот Ден ќе им биде полесно на оние од Содом?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели