-
Гледај зад работите кои ги гледаш!Стражарска кула 1996 | 15 Февруари
-
-
И покрај таквите околности, верните ученици стоеле цврсто. Со јака вера во Бог, тие можеле да речат како Павле: „Ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее, внатрешниот од ден на ден се подновува“. Но, што ја предизвикувало оваа секојдневна обнова? Павле понатаму рекол: „Зашто нашите сегашни лесни страдања ни донесуваат во голема изобилност вечна и полна слава, имајќи го предвид не видливото, туку невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото — вечно“ (2. Коринтјаните 4:16-18).
-
-
Гледај зад работите кои ги гледаш!Стражарска кула 1996 | 15 Февруари
-
-
Сегашните неволји сметај ги за моментални!
Сакале или не, секојдневно гледаме работи кои поарно не би сакале да ги видиме. Ако само кратко погледнеме во огледалото, не можеме а да не ги забележиме непожелните дамки и маани на физичкото тело, кои се показатели за телесната несовршеност. Кога ќе се загледаме во огледалото на Божјата Реч, гледаме духовни лузни и маани, и кај себе и кај другите (Јаков 1:22-25). А ако погледнеме во дневниот печат или на телевизискиот екран, извештаите за неправда, свирепост и трагедии веднаш ни го свртуваат вниманието и нѐ трогнуваат во срцето.
Сатана би сакал да нѐ направи очајни поради работите кои ги гледаме или да застраниме и да почнеме да се колебаме во верата. Како можеме да го спречиме тоа? Мораме да го следиме примерот што го поставил Исус Христос, како што препорачал и апостол Петар кога рекол: „Бидејќи вие сте за тоа повикани, оти и Христос пострада за нас, оставајќи ни пример, за да врвиме по Неговите стапки“ (1. Петрово 2:21). Во секој аспект од христијанското живеење, Исус бил совршен пример.
Укажувајќи на Исус како на наш модел, Петар особено споменал дека Исус страдал. Навистина, Исус многу пострадал кога бил на Земјата. Како Јеховин „главен работник“ (НС), кој бил присутен при создавањето на човештвото, тој точно знаел какви требало да бидат луѓето според Божјата волја (Изреки 8:30, 31). Но, сега од прва рака видел какви станале поради гревот и несовршеноста. Секојдневно ги гледал и се справувал со несовршеностите и слабостите на луѓето. Тоа мора да било искушувачко за него (Матеј 9:36; Марко 6:34).
Освен неволјите на другите, Исус доживувал и свои (Евреите 5:7, 8). Но, со совршен духовен вид, тој гледал зад нив — кон наградата да биде подигнат во бесмртен живот поради неговиот беспрекорен пат. Потоа, како Месијански Цар, би ја имал предноста да го врати измаченото човештво од неговата понижена состојба назад во совршенството кое Јехова првобитно го намеравал. Држењето на својот поглед сосредоточен на овие невидливи идни изгледи, му помогнало да задржи радост во Божјата служба, и покрај неволјите што ги гледал од ден на ден. Павле подоцна напишал: „Поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји“ (Евреите 12:2).
Исус никогаш не дозволил тешкотиите и искушувачките околности да го наведат на очај, да застрани или да се поколеба во својата вера. Како негови ученици, мораме тесно да го следиме неговиот извонреден пример (Матеј 16:24).
-