ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/11 стр. 24-28
  • „Бог го љуби радосниот дарител“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бог го љуби радосниот дарител“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Собирање за оние кои се во оскудица
  • Апел за великодушност
  • Радосни дарители денес
  • Богатството на великодушноста донесува радост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • „Искажувај му чест на Јехова со твоите скапоцени работи“ — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Како некои даваат прилози за делото на проповедање за Царството
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Зошто да му се дава на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/11 стр. 24-28

„Бог го љуби радосниот дарител“

ЈЕХОВА е персонификација на великодушноста. Всушност, Библијата вели дека тој е Дарител на „секој добар дар и секој совршен подарок“ (Јаков 1:17). На пример, размисли за работите кои ги создал Бог. Создал храна која е вкусна, а не блуткава; цвеќиња кои се во боја, а не сиви; залез кој е спектакуларен, а не матен. Да, секоја фасета од Јеховиното творештво дава доказ за неговата љубов и великодушност (Псалм 18:1, 2; 138:14). Освен тоа, Јехова е радосен Дарител. Тој наоѓа задоволство кога прави добро во корист на своите слуги (Псалм 83:11; 149:4).

На Израелците им било заповедано да ја одразуваат Божјата великодушност во своите меѓусебни постапки. „Не го одвраќај срцето свое и не ја стискај раката своја пред твојот брат што има потреба“, им рекол Мојсеј. „Подај му драговолно заем, колку што сака и колку што му треба, а кога му даваш, да не ти се нажали срцето твое“ (5. Мојсеева 15:7, 10). Бидејќи давањето требало да дојде од срцето, Израелците требало да најдат задоволство во постапките на великодушност.

На христијаните им била дадена слична опомена. Всушност, Исус рекол дека има „среќа во давањето“ (Дела 20:35, NW). Исусовите ученици биле примерни во радосното давање. На пример, Библијата известува дека оние кои станале верници во Ерусалим ‚продавале имоти и сопствености и на секого му раздавале според неговата потреба‘ (Дела 2:44, 45).

Но, подоцна, овие великодушни Јудејци западнале во сиромаштија. Библијата не кажува што конкретно довело до нивната состојба. Некои изучувачи велат дека можеби причина бил гладот на кој се укажува во Дела 11:28, 29. Во секој случај, јудејските христијани биле во голема неприлика, а Павле сакал да се увери дека нивните потреби ќе бидат згрижени. Како би го сторил тоа?

Собирање за оние кои се во оскудица

Павле се заземал за помош од далечни собранија, како оние од Македонија, и уредил да се собере прилог во корист на христијаните во Јудеја кои биле во голема беда. На коринтјаните Павле им напишал: „Правете и вие онака, како што уредив [наложив, NW] по црквите во Галатија: во секој прв ден од седмицата секој од вас да оддели и остави при себеси [во својот дом, NW] колку што може“a (1. Коринтјаните 16:1, 2).

Павле имал намера тие средства брзо да се испратат до браќата во Ерусалим, но коринтјаните бавно се одѕивале на Павловите упатства. Зошто? Дали биле неосетливи за тешката состојба на своите јудејски браќа? Не, зашто Павле знаел дека коринтјаните ‚во сѐ изобилувале: во верата и словото, во разумот и секоја усрдност‘ (2. Коринтјаните 8:7). Веројатно биле прилично зафатени со грижата за други витални работи на кои Павле се осврнал во своето прво писмо до нив. Но, сега ситуацијата во Ерусалим била итна. Затоа, Павле се осврнал на тоа прашање во своето второ писмо до коринтјаните.

Апел за великодушност

Прво, Павле им кажал на коринтјаните за Македонците кои покажале примерен одѕив на акцијата за помош. „При поднесувањето на многу маки“, напишал Павле, „нивната радост беше изобилна; и при својата голема сиромаштија покажаа големо богатство на својата добродушност.“ На Македонците не им било потребно поттикнување. Напротив, Павле рекол: „Нѐ молеа необично многу, да го примиме нивниот дар“. Радосната великодушност на Македонците е уште поизвонредна ако се земе предвид дека самите тие биле во „голема сиромаштија“ (2. Коринтјаните 8:2—4).

Со тоа што ги пофалил Македонците, дали Павле се обидувал да поттикне натпреварувачки дух меѓу коринтјаните? Воопшто не, зашто знаел дека тоа не е исправен начин на мотивација (Галатјаните 6:4). Освен тоа, тој знаел дека коринтјаните не требало од срам да прават нешто што е исправно. Напротив, тој имал доверба дека коринтјаните навистина ги љубат своите јудејски браќа и дека сакаат да приложат во акцијата за помош. „За вас“, им рекол тој, „кои не само го правевте, туку и почнавте да сакате да го правите уште од минатата година“ (2. Коринтјаните 8:10). Навистина, во некои аспекти од акцијата за помош, самите коринтјани биле многу примерни. „Ја знам вашата ревност [спремност на умот, NW], за која се фалам со вас пред Македонците“, им рекол Павле, додавајќи: „Вашата ревност поттикна мнозина [од нив, NW]“ (2. Коринтјаните 9:2). Но, сега, коринтјаните требало својата ревност и спремност на умот да ја претворат во акција.

Затоа Павле им рекол: „Секој да дава од сѐ срце, а не со жал или принуда; оти Бог го љуби оној што од срце дава [радосниот дарител, NW]“ (2. Коринтјаните 9:7). Значи, целта на Павле не била да врши притисок врз коринтјаните, зашто едно лице тешко може да биде радосен дарител кога е присилувано на тоа. Очигледно, Павле претпоставувал дека исправниот мотив е веќе присутен, дека секој веќе решил да даде. Освен тоа, Павле им рекол: „Оти, ако некој има добра волја [прво постои спремност, NW], мил е по она што го има, а не по она што го нема“ (2. Коринтјаните 8:12). Да, кога постои спремност — кога едно лице е мотивирано од љубов — она што тој го нуди е прифатливо за Бог, без разлика на тоа колку навидум сумата е мала. (Спореди Лука 21:1—4.)

Радосни дарители денес

Акцијата за помош во корист на јудејските христијани дава еден вистински пример за нашево време. Јеховините сведоци презеле една проповедничка кампања ширум светот, донесувајќи им храна на милиони кои се духовно изгладнети (Исаија 65:13, 14). Тоа го прават во послушност на Исусовата заповед: „Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги . . . учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал“ (Матеј 28:19, 20).

Исполнувањето на овој налог не е лесна задача. Тоа вклучува одржување на мисионерските домови и на повеќе од сто објекти на подружниците ширум светот. Исто така, тоа налага изградба на Сали на Царството и собирни сали за да можат Јеховините обожаватели да имаат прикладни места за состанување и за меѓусебно храбрење (Евреите 10:24, 25). Понекогаш Јеховините сведоци организираат и акции за помош во подрачја кои се опустошени од природни катастрофи.

Исто така, размисли за огромниот трошок за печатење. Секоја седмица се печатат просечно над 22.000.000 примероци Стражарска кула и 20.000.000 примероци Разбудете се! Освен ова редовно снабдување со духовна храна, секоја година се произведуваат милиони книги, брошури, аудиокасети и видеокасети.

Како се поддржува целата оваа работа? Со доброволни прилози. Тие се даваат, не заради јавноста или, пак, од себичен мотив, туку за да се унапредува вистинското обожавање. Затоа, таквото давање му донесува среќа на дарителот, како и Јеховин благослов (Малахија 3:10; Матеј 6:1—4). Дури и децата меѓу Јеховините сведоци се покажуваат како великодушни, радосни дарители. На пример, откако чула за опустошувањето кое го предизвика еден ураган во еден дел од Соединетите Држави, четиригодишната Алисон приложила 2 долара. „Тоа се сите пари што ги имам во мојата касичка“, напишала таа. „Знам дека децата ги изгубија сите свои играчки, книги и кукли. Можеби овие пари ќе можете да ги употребите за да купите книга за некое девојче кое е на моја возраст.“ Осумгодишниот Маклејн напишал дека е среќен што никој од браќата не умрел во невремето. Тој додал: „Спечалив 17 долари продавајќи раткапни со татко ми. Имав намера да купам нешто со моите пари, но тогаш си помислив на браќата“. (Види ја и горната рамка.)

Навистина, Јеховиното срце се радува кога гледа како и млади и стари ги ставаат интересите на неговото Царство на прво место така што ‚му оддаваат чест со своите скапоцени работи‘ (Изреки 3:9, 10, NW). Се разбира, никој всушност не може да го збогати Јехова, зашто сите работи се негови (1. Летописи 29:14—17). Но, поддржувањето на делото е предност која му дава на обожавателот прилика да ја покаже својата љубов кон Јехова. Ние сме му благодарни на секого чие срце го тера на еден таков начин на постапување.

[Фуснота]

a Иако Павле ‚наложил‘, тоа не значи дека тој изнел произволни, принудни барања. Напротив, Павле едноставно го надгледувал собирањето кое вклучувало неколку собранија. Освен тоа, Павле рекол дека секој „во својот дом“ требало да даде „колку што може“. Со други зборови, секој прилог требало да се даде на приватен и доброволен начин. Никој не бил присилен на тоа.

[Рамка на страници 26 и 27]

Начини на кои некои избираат да даваат прилози за делото ширум светот

Мнозина ставаат настрана или, пак, планираат од својот буџет некој износ што го пуштаат во кутиите за прилози со натпис: „Прилози за делото на Заедницата ширум светот — Матеј 24:14“. Секој месец собранијата го испраќаат овој износ или до светската централа во Бруклин (Њујорк) или до канцеларијата на локалната подружница.

Доброволните парични донации можат, исто така, да се испраќаат директно до Treasurer’s Office: Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania, 25 Columbia Heights, Brooklyn, New York 11201-2483 или до канцеларијата на Заедницата која ја опслужува вашата земја. Може да се дарува и накит или, пак, други скапоцености. Таквите прилози треба да бидат проследени со едно кратко писмо во кое се наведува дека се работи за целосен подарок.

Спогодба за условна донација

На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница можат да се дадат пари со една специјална спогодба во која, доколку донаторот има лична потреба, донацијата ќе му се врати. За повеќе информации, ве молиме контактирајте со локалната канцеларија на подружницата.

Планирано давање

Освен целосните подароци во вид на пари и условните донации во вид на пари, постојат и други методи на давање во корист на службата за Царството ширум светот. Тие вклучуваат:

Осигурување: Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да биде именувана како корисник на полиса за животно осигурување или на пензиско осигурување.

Банковни сметки: Кај Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница можат да се дадат банковни сметки, уверенија за депозити или поединечни пензиски сметки како депонирани или, пак, да се направат наплатливи по смртта, во согласност со локалните банкарски барања.

Вредносни хартии и обврзници: Вредносни хартии и обврзници можат да се подарат на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница, било како целосен подарок или, пак, со спогодба според која приходот и понатаму му се исплаќа на донаторот.

Недвижен имот: На Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница може да се подари недвижен имот што може да се продаде, било како целосен подарок или, пак, да се задржи на доживотно користење од страна на донаторот, кој може и понатаму да живее во него до крајот на својот живот. Лицето треба да стапи во контакт со Заедницата пред да ѝ пренесе каков и да било недвижен имот.

Тестаменти и полномоштија: Имот или пари можат да бидат завештани на Јеховини сведоци — Христијанска верска заедница со законски верифициран тестамент или, пак, Заедницата може да биде именувана како корисник на договор за ополномоштување. Полномоштието во корист на религиозна организација може да обезбеди извесни даночни погодности.

Како што укажува терминот „планирано давање“, овие видови донации обично бараат извесно планирање од страна на донаторот. За да им помогне на поединци кои сакаат да ѝ бидат од корист на Заедницата преку некој облик на планирано давање, Заедницата подготви брошура на англиски јазик со наслов Planned Giving to Benefit Kingdom Service Worldwide (Планирано давање во корист на службата за Царството ширум светот). Брошурата е напишана како одговор на многуте прашања што ги доби Заедницата во врска со подароците, тестаментите и полномоштијата. Исто така, таа содржи додатни корисни информации за планирање на имотот, финансиите и даноците. Наменета е да им помогне на поединци во Соединетите Држави — кои планираат да ѝ дадат на Заедницата некој специјален подарок сега или да го остават како завештание после смртта — со цел да ги изберат најповолните и најделотворни методи земајќи ги предвид своите семејни и лични околности.

Откако ја прочитале брошурата и се советувале со Planned Giving Desk, многумина можеле да ѝ помогнат на Заедницата и истовремено да извлечат максимална вредност од даночните предности од тоа. Planned Giving Desk треба да биде информиран и да добие примерок од секој важен документ кој се однесува на некоја од овие подготовки. Оние кои се заинтересирани за оваа брошура или за некои од овие подготовки за планирано давање, треба да контактираат со Planned Giving Desk, или написмено или телефонски, на долунаведената адреса или, пак, до канцеларијата на Заедницата која ја опслужува вашата земја.

Planned Giving Desk

Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania

100 Watchtower Drive, Patterson, New York 12563-9204

Телефон: (914) 878-7000

[Рамка на страница 28]

И децата се радосни дарители!

Сакам да ви го дадам ова за да ни правите повеќе книги. Овие пари ги заштедив со тоа што му помагав на тато. Многу ви благодарам за целата марлива работа што ја вршите (Памела, седумгодишна).

Ви испраќам 6,85 долари за да ви помогнам во градењето на повеќе Сали на Царството. Ги спечалив летово кога имав штанд за лимонада (Селена, шестгодишна).

Одгледував една кокошка од која добив еден петел и уште една кокошка. Последната кокошка му ја посветив на Јехова. На крај од неа се испилија три кокошки кои ги продадов. Таа сума ја приложувам за Јеховиното дело (Тиери, осумгодишна).

Ова се сите пари што ги имам! Ве молам, мудро користете ги. Беше тешко да ги заштедам. Повелете 21 долар (Сара, десетгодишна).

Во една школска задача освоив прва награда, па затоа морав да одам на регионален натпревар. И таму го освоив првото место, а потоа и втората награда на државното финале. За сето тоа добив пари во готово. Сакам дел од тие пари да поделам со Заедницата. Мислам дека можев да ги освојам овие награди поради школувањето што го добив во Теократската школа за служба. Лесно ми беше да го дадам мојот извештај пред комисијата (Амбер, шесто одделение).

Би сакала да го дадам ова за Јехова. Прашајте го што да правите со него. Тој знае сѐ (Карен, шестгодишна).

[Слики на страница 25]

Активностите на Јеховините сведоци се поддржуваат со доброволни прилози

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели