ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/10 стр. 15-20
  • Да се пасе Божјето стадо со љубов

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се пасе Божјето стадо со љубов
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Примерот на Добриот Пастир
  • Свирепи пастири во Израел
  • Љубезни пастири во христијанското собрание
  • Да се почитува правото на слободна волја
  • Старешини, угледајте се на Најголемите Пастири
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Биди им послушен на Јеховините пастири
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Нежно да се пасат Јеховините скапоцени овци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • „Пасете го Божјето стадо кое ви е доверено“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/10 стр. 15-20

Да се пасе Божјето стадо со љубов

„Пасете го Божјото стадо, што го имате“ (1. ПЕТРОВО 5:2).

1, 2. Која е главната Јеховина особина, и како се покажува таа?

НИЗ целото Свето писмо е објаснето дека љубовта е главна Божја особина. „Бог е љубов“, вели 1. Јованово 4:8. Бидејќи неговата љубов се изразува преку дела, 1. Петрово 5:7 вели дека Бог „се грижи за вас“. Начинот на кој Јехова се грижи за својот народ, во Библијата е спореден со начинот на кој еден љубезен пастир нежно се грижи за своите овци: „Ете, Господ Бог . . . ќе го пасе . . . стадото Свое: јагнињата ќе ги земе Он во рацете и ќе ги носи на градите Свои, и грижливо ќе ги води дојдените [оние кои цицаат, НС]“ (Исаија 40:10, 11). Колку утешен бил Давид, така што можел да рече: „Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува!“ (Псалм 22:1).

2 На место е што Библијата ги споредува луѓето, спрема кои Бог има наклоност, со овци, затоа што овците се мирољубиви, подложни, послушни на својот грижлив пастир. Како некој љубезен Пастир, Јехова искрено се грижи за својот народ сличен на овци. Тоа го покажува така што материјално и духовно ги обезбедува, како и со тоа што ги води низ тешките ‚последни денови‘ од овој зол свет кон неговиот претстоен праведен нов свет (2. Тимотеј 3:1-5, 13; Матеј 6:31-34; 10:28-31; 2. Петрово 3:13).

3. Како псалмистот го опишал начинот на кој Јехова се грижи за своите овци?

3 Забележи ја Јеховината љубезна грижа за неговите овци: „Очите на Господа се обрнати кон праведниците, и ушите Негови — кон молитвите нивни. . . . Повикаа праведниците, и Господ ги услиши и ги спаси од сите маки нивни. Блиску е Господ до оние со скрушено срце, и смирените по дух ќе ги спаси. Бројни се маките на праведниците, но од сите нив Господ ќе ги избави“ (Псалм 33:15-19). Каква голема утеха дава Сеопштиот Пастир за неговиот народ сличен на овци!

Примерот на Добриот Пастир

4. Каква е улогата на Исус во грижењето за Божјето стадо?

4 Божјиот Син, Исус, добро учел од својот Татко, бидејќи Библијата го нарекува Исуса „добриот Пастир“ (Јован 10:11-16). Неговата животоважна служба за Божјето стадо е забележана во Откровение поглавје 7. Во стих 9, Божјите слуги од наше време се наречени „големо мноштво . . . од сите племиња и колена, народи и јазици“. Потоа, стих 17 наведува: „Агнецот [Исус] . . . ќе ги пасе и води на живи извори водни, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни“. Исус ги води Божјите овци на водите на вистината, кои водат во вечен живот (Јован 17:3). Забележи дека Исус е наречен ‚Агнец‘, што укажува на неговите особини на овца, и дека тој е главен пример на подложност на Бог.

5. Што чувствувал Исус кон луѓето?

5 Кога бил на Земјата, Исус живеел меѓу луѓето и ја видел нивната бедна состојба. Како реагирал на нивната беда? „Се сожали, зашто беа изморени и прснати како овци без пастир“ (Матеј 9:36). Овците без пастир многу страдаат од грабливци, како и овците кои имаат немарни пастири. Но, Исус многу се грижел, па затоа рекол: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“ (Матеј 11:28-30).

6. Каков обѕир покажувал Исус спрема подјармените?

6 Библиското пророштво претскажало дека Исус со љубов ќе постапува со луѓето: „Господ ме помаза . . . да лекувам сокрушени по срце, . . . да ги утешам сите оние што тагуваат“ (Исаија 61:1, 2; Лука 4:17-21). Исус никогаш не ги омаловажувал сиромашните и несреќните. Напротив, го исполнил Исаија 42:3: „Скршената трска нема да ја здроби, и ленот што тлее нема да го угасне“. (Спореди Матеј 12:17-21.) Измачените биле како скршени трски, како ламбен фитил кој наскоро ќе згасне поради недостиг на масло. Увидувајќи ја нивната бедна состојба, Исус покажал сочувство спрема нив и им влеал сила и надеж така што духовно и физички ги лекувал (Матеј 4:23).

7. Каде ги упатувал Исус луѓето кои се оѕвале кај него?

7 Луѓето слични на овци се оѕвале кај Исус во голем број. Неговото учење било толку привлечно што слугите кои биле испратени да го уапсат, известиле: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек“ (Јован 7:46). А лицемерните верски водачи се жалеле: „Светот тргна по Него“ (Јован 12:19). Но Исус не барал чест или слава за себе. Ги упатувал луѓето кај својот Татко. Ги учел да му служат на Јехова од љубов спрема Неговите извонредни особини: „Возљуби Го Господа, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли“ (Лука 10:27, 28).

8. Како послушноста, којашто Божјиот народ ја покажува кон Него, е поинаква од онаа што ја покажуваат другите кон световните владетели?

8 Јехова ликува кога луѓето слични на овци ја поддржуваат неговата сеопшта сувереност, поттикнати од нивната љубов кон него. Тие спремно избираат да му служат поради тоа што имаат спознание за неговите драги особини. Колку е тоа поинаку од водачите на овој свет, чии поданици им се послушни само од страв, безволно, или затоа што имаат некаков прикриен мотив! Никогаш да не биде речено за Јехова или за Исус она што било речено за еден папа на Римокатоличката црква: „Мнозина му се восхитуваа, сите му се плашеа, но никој не го сакаше“ (Vicars of Christ—The Dark Side of the Papacy — Свештениците на Христа – темната страна на папството, од Питер де Роса).

Свирепи пастири во Израел

9, 10. Опиши ги владетелите од стариот Израел и од првиот век.

9 За разлика од Исус, верските водачи на Израел во негово време, немале љубов спрема овците. Биле како поранешните владетели во Израел, за кои Јехова рекол: „,Тешко на пастирите Израилеви, кои се пасеа сами себе! Зар пастирите не треба да го пасат стадото свое? . . . Слаби не поткрепувавте, болни не лекувавте, ранети не преврзувавте, истерани не враќавте и загубени не баравте, а управувавте со нив преку насилие и жестокост‘“ (Језекиил 34:2-4).

10 Како тие политички пастири, еврејските верски водачи од првиот век биле тврдоглави (Лука 11:47-52). За да го илустрира ова, Исус раскажал за некој Евреин кој бил опљачкан, претепан и оставен полумртов крај патот. Наишол еден израелски свештеник, но кога го здогледал Евреинот, поминал на другата страна од патот. Истото го сторил и еден левит. Потоа наишол некој не-Израелец, презрен Самарјанин, и се сожалил над жртвата. Му ги преврзал раните, го однел на добиче до една гостилница и се погрижил за него. Му платил на гостилничарот и рекол дека ќе се врати за да плати било какви додатни трошоци (Лука 10:30-37).

11, 12. а) Како злобата на верските водачи достигнала кулминација во Исусово време? б) Што најпосле им сториле Римјаните на верските водачи?

11 Верските водачи од Исусово време биле толку изопачени што, кога Исус го воскреснал Лазара од мртвите, свештеничките главари и фарисеите го свикале Синедрионот и рекле: „Што да правиме? Овој Човек [Исус] прави многу чудеса. Ако Го оставиме така, сите ќе поверуват во Него и ќе дојдат Римјаните, па ќе ни ја одземат и земјата и народот“ (Јован 11:47, 48). Не им било важно доброто што Исус го сторил на умрениот. Тие биле загрижени за своите положби. Затоа ‚од тој ден се согласиле да Го убијат [Исуса]‘ (Јован 11:53).

12 За да биде нивната злоба уште поголема, свештеничките главари потоа ‚се договориле да го убијат и Лазара, зашто мнозина од Јудејците се одделувале поради него и верувале во Исуса‘ (Јован 12:10, 11). Нивните себични напори да ги заштитат своите положби биле бескорисни, поради што Исус им рекол: „Ви се остава вашиот дом пуст“ (Матеј 23:38). Верно на овие зборови, во таа генерација Римјаните дошле и им ја одзеле ‚земјата и народот‘, како и нивните животи.

Љубезни пастири во христијанското собрание

13. Кому Јехова му ветил дека ќе го испрати да го пасе неговото стадо?

13 Наместо свирепите, себични пастири, Јехова требало да го подигне Добриот Пастир, Исус, да се грижи за Неговото стадо. Тој исто така ветил дека ќе подигне љубезни потпастири за да се грижат за овците: „И ќе поставам над нив пастири, што ќе ги пасат, и тие нема веќе да се бојат“ (Јеремија 23:4). Како во христијанските собранија од првиот век, така и денес, ‚во сите градови се поставуваат презвитери [постари мажи, НС]‘ (Тит 1:5). Овие духовно постари мажи, кои ги исполнуваат условите што се изложени во Библијата, треба да го ‚пасат Божјото стадо‘ (1. Петрово 5:2; 1. Тимотеј 3:1-7; Тит 1:7-9).

14, 15. а) Кој став им било тешко на учениците да го развијат? б) Што сторил Исус за да им покаже дека старешините треба да бидат понизни слуги?

14 Грижејќи се за овците, старешините мораат „пред сѐ“ да имаат „постојана [усрдна, НС] љубов“ кон нив (1. Петрово 4:8). Но, бидејќи Исусовите ученици биле толку загрижени околу престижот и положбата, морале да го научат ова. Затоа, кога мајката на двајца ученици му рекла на Исус: „Заповедај овие мои два сина да седнат при Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево во Твоето царство“, останатите ученици се огорчиле. Исус им рекол: „Кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив; меѓу вас, пак, нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга“ (Матеј 20:20-28).

15 Во една друга прилика, откако учениците ‚се препирале помеѓу себе, кој е поголем‘, Исус им рекол: „,Кој сака да биде прв, нека биде последен од сите, и на сите — слуга‘“ (Марко 9:34, 35). Понизноста на умот и спремноста да служат требало да стане дел од нивната личност. Сепак, учениците и понатаму имале тешкотија со тие идеи, бидејќи самата ноќ пред да умре Исус, при неговата последна вечера, ‚се појавила помеѓу нив [жестока, НС] препирка‘ околу тоа кој бил најголем! Тоа се случило и покрај тоа што Исус им покажал како мора еден старешина да му служи на стадото; се понизил и им ги измил нозете. Рекол: „Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете“ (Лука 22:24; Јован 13:14, 15).

16. Во 1899, каков коментар дала Стражарска кула во врска со најважната особина на старешините?

16 Јеховините сведоци секогаш учеле дека старешините мораат да бидат вакви. Скоро пред еден век, во Стражарска кула од 1. април 1899, биле забележани Павловите зборови од 1. Коринтјаните 13:1-8 и било речено: „Апостолот очигледно истакнува дека спознанието и говорништвото не се најважните мерила, туку дека љубовта, која го проникнува срцето и се протега низ целиот животен пат, и која ги покренува и дејствува во нашите смртни тела, е вистинското мерило — вистинскиот доказ за нашиот божествен однос. . . . Главната карактеристика на која треба да се гледа кога некој е прифатен за слуга на црквата, да служи во светите работи, пред сѐ треба да биде духот на љубов“. Таа забележала дека мажите кои не би служеле понизно од љубов, „се опасни учители, и веројатно ќе донесат повеќе штета отколку добро“ (1. Коринтјаните 8:1).

17. Како Библијата ги нагласува особините коишто старешините мораат да ги имаат?

17 Затоа, постарите мажи не смеат ‚да управуваат‘ со овците (1. Петрово 5:3). Наместо тоа, треба да го преземат водството, во смисла ‚еден спрема друг да бидат добри, сочувствителни‘ (Ефесјаните 4:32). Павле нагласил: „Облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост. . . . А над сето тоа облечете се во љубов, која е врска на совршенството“ (Колосјаните 3:12-14).

18. а) Каков добар пример дал Павле во постапувањето со овците? б) Зошто старешините не смеат да ги игнорираат потребите на овците?

18 Павле научил да го прави ова, и рекол: „Бевме среде вас благи, онака како што нежно се однесува доилката кон своите деца. Така ве бевме засакале, што бевме готови да ви го предадеме не само Благовестието Божјо, туку и душите свои, зашто ни станавте драги“ (1. Солунјаните 2:7, 8). Во склад со тоа, рекол: „Утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите“ (1. Солунјаните 5:14). Без оглед на видот на проблемот којшто овците можат да им го создадат, старешините треба да го запомнат цитатот од Изреки 21:13: „Кој ги покрива ушите свои пред пискотот на сиромавиот за да не го слуша, и тој самиот ќе пишти, — и нема да го чујат“.

19. Зошто љубезните старешини се благослов, и како реагираат овците на таквата љубов?

19 Постарите мажи кои љубезно го пасат стадото, се благослов за овците. Во Исаија 32:2 е проречено: „Секој од нив ќе биде како заштита од ветар и засолниште за лошо време, како водни извори во степи, како сенка од висока карпа во жедна земја“. Среќни сме што знаеме дека многумина од нашите старешини денес постапуваат во склад со описот од Исаија. Тие научиле да го применуваат следното начело: „Еден спрема друг бидете љубезни со братска љубов: натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг“ (Римјаните 12:10). Кога старешините покажуваат ваков вид љубов и понизност, овците реагираат така што имаат кон нив ‚преголема љубов заради нивното дело‘ (1. Солунјаните 5:12, 13).

Да се почитува правото на слободна волја

20. Зошто старешините мораат да ја почитуваат слободната волја?

20 Јехова ги создал луѓето со слободна волја да донесуваат свои сопствени одлуки. Кога старешините треба да советуваат, па дури и да укоруваат, тие не смеат да владеат со животот или со верата на другите. Павле рекол: „Не како ние да владееме со верата ваша, туку сме помагачи на вашата радост, бидејќи во верата вие сте тврди“ (2. Коринтјаните 1:24). Да, „секој ќе го понесе своето бреме“ (Галатјаните 6:5). Јехова ни дал многу слобода во границите на неговите закони и начела. Затоа, старешините треба да избегнуваат да поставуваат правила таму каде што не се повредени библиски начела. И треба да се борат против каква и да било тенденција да нудат свои лични гледишта како догма или да дозволат нивната суета да се вмеша доколку некој не се согласува со таквите ставови (2. Коринтјаните 3:17; 1. Петрово 2:16).

21. Што може да се научи од ставот на Павле спрема Филимон?

21 Забележи како Павле, додека бил затворен во Рим, постапил со Филимон, еден христијанин од Колоси во Мала Азија, кој бил сопственик на роб. Филимоновиот роб по име Онисим побегнал во Рим, станал христијанин и му помагал на Павле. Павле му напишал на Филимон: „Јас сакав да го задржам при мене, за да ми служи место тебе во оковите за Благовестието; но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна“ (Филимон 13, 14). Павле го вратил Онисим и го замолил Филимона да постапува со него како спрема христијански брат. Павле знаел дека стадото не било негово, туку Божјо. Тој не бил негов господар, туку негов слуга. Павле не му заповедал на Филимон, туку ја почитувал неговата слободна волја.

22. а) Како каква треба старешините да ја сфатат својата положба? б) Каков вид организација развива Јехова?

22 Додека Божјата организација расте, сѐ повеќе старешини се наименувани. Тие, како и поискусните старешини, мораат да сфатат дека нивната положба е положба на понизна служба. На тој начин, додека Бог ја води својата организација кон новиот свет, таа ќе продолжи да расте како што тој сака — добро организирана, но без да се жртвува љубовта и сочувството заради ефикасноста. Така, неговата организација ќе биде сѐ попривлечна за лицата слични на овци, кои во тоа ќе видат доказ дека „на оние што Го љубат Бога и се призвани по Негова волја, сѐ им врви добро“. Токму тоа треба и да се очекува од една организација што е заснована на љубов, бидејќи „љубовта никогаш не престанува“ (Римјаните 8:28; 1. Коринтјаните 13:8).

Како би одговорил?

◻ Како Библијата ја опишува Јеховината грижа за својот народ?

◻ Каква улога игра Исус во грижењето за Божјето стадо?

◻ Која главна карактеристика мораат да ја имаат старешините?

◻ Зошто старешините мораат да ја земаат во обѕир слободната волја на овците?

[Слика на страница 16]

Исус, „добриот Пастир“, покажувал сочувство

[Слики на страница 17]

Изопачените верски водачи сковале завера да го убијат Исуса

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели