ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/5 стр. 12-17
  • „Повикајте ги постарите мажи“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Повикајте ги постарите мажи“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Расположлива помош
  • „Дарови во облик на луѓе“
  • Преземи иницијатива
  • Како помагаат „постарите мажи“
  • Лична одговорност и молитва
  • „Дарови во облик на луѓе“ кои ќе се грижат за Јеховините овци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Да ги цениме ‚даровите во облик на луѓе‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • „Почитувајте ги оние што се трудат меѓу вас“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Старешини, угледајте се на Најголемите Пастири
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/5 стр. 12-17

„Повикајте ги постарите мажи“

„Болен ли е некој меѓу вас? Нека ги повика постарите мажи од собранието кај себе“ (ЈАКОВ 5:14, NW).

1, 2. а) Во каква опасна ситуација сега се наоѓаат Јеховините слуги, и како можеби се чувствуваат? б) Кои прашања сега бараат одговор?

ЖИВЕЕМЕ во „критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај“ (NW). Луѓето се себични, материјалисти, горди, и честопати предизвикуваат немир во овие ‚последни денови‘ (2. Тимотеј 3:1-5). Како христијани кои живеат во сегашниот зол систем на ствари, нам ни се закануваат три големи опасности: Сатана Ѓаволот, светот на безбожното човештво и нашите наследени грешни склоности (Римјаните 5:12; 1. Петрово 5:8; 1. Јованово 5:19).

2 Бидејќи сме загрозени од овие опасности, можеби понекогаш се чувствуваме совладани. Тогаш, каде можеме да најдеме поддршка која ќе ни помогне да истраеме верно? Кому можеме да му се обратиме за водство кога стоиме пред одлуки околу нашите христијански активности и нашето обожавање?

Расположлива помош

3. Што може да ни ја обнови довербата која пружа утеха и како?

3 Спознанието дека Јехова е Изворот на нашата сила, ни дава нова доверба која нѐ утешува (2. Коринтјаните 1:3, 4; Филипјаните 4:13, NW). Псалмистот Давид, кој искусил божествена помош, изјавил: „Откри го патот свој пред Господа и на Него надевај се и Он ќе изврши сѐ“. „Фрли го своето бреме на Јехова, И тој самиот ќе те поткрепи. Никогаш нема да дозволи праведникот да се поколеба“ (Псалми 36:5; 55:22, NW). Колку благодарни можеме да бидеме за таа поддршка!

4. Како и Петар и Павле нудат утеха?

4 И ние можеме да црпеме утеха од спознанието дека не сме сами кога се соочуваме со искушенија и опасности. Апостолот Петар ги поттикнувал сохристијаните: „Спротивставете му се [на Сатана Ѓаволот], со тврда вера, знаејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот“ (1. Петрово 5:9). Секако, сите христијани сакаат да останат цврсти во верата. Точно е дека честопати можеме да се чувствуваме „притиснати на секој начин“ (NW), како што бил и апостол Павле. Сепак, тој не бил ‚толку притиснат да не може да мрдне‘. Како него, можеме да бидеме збунети, „но не сосема без излез“. Дури и ако сме прогонувани, не сме „оставени на цедило“. Ако сме „фрлени“, не сме „уништени“. Затоа, „не попуштаме“. Тежнееме да ги ‚држиме очите усмерени не на работите кои се гледаат, туку на работите кои не се гледаат‘ (2. Коринтјаните 4:8, 9, 16, 18, NW). Како можеме да го правиме тоа?

5. Каква трикратна помош пружа Јехова?

5 Јехова, ‚Слушачот на молитвата‘, пружа трикратна помош (Псалми 65:2, NW; 1. Јованово 5:14). Како прво, тој нуди упатство преку својата вдахновена Реч, Библијата (Псалми 118:105; 2. Тимотеј 3:16). Второ, неговиот свет дух ни дава сила да ја вршиме неговата волја. (Спореди Дела на св. апостоли 4:29-31.) И трето, Јеховината земска организација секогаш е спремна да ни помогне. Што мораме да правиме за да добиеме помош?

„Дарови во облик на луѓе“

6. Каква помош пружил Јехова кај Тавера, и како?

6 Еден настан од деновите на пророкот Мојсеј ни помага да ја цениме Јеховината љубезна грижа што им пружа помош на Неговите слуги. Тоа се случило кај Тавера, што значи „пожар; пламнување“. На тоа место во пустината Синај, Бог предизвикал да се распламти оган против Израелците кои се жалеле. „Придојдените [мешаното мноштво, NW]“ кои го следеле Израелскиот народ од Египет им се приклучиле во негодувањето поради исхраната која им била обезбедена на божествен начин. Кога го увидел Божјиот гнев и се почувствувал совладан од одговорноста за луѓето и нивните потреби, Мојсеј повикал: „Јас сам не можам да го водам сиот овој народ, зашто таа заповед е тешка за мене. Штом така постапуваш со мене, подобро убиј ме ако сум добил милост пред Твоите очи, па да не ја гледам неволјата своја“ (4. Мојсеева 11:1-15). Како одговорил Јехова? Наименувал „седумдесет мажи од старците меѓу старешините Израелови“ и на нив го положил својот дух така што можеле соодветно да учествуваат со Мојсеј во делото на управување (4. Мојсеева 11:16, 17, 24, 25). Со такви оспособени наименувани мажи, Израелците и ‚многуте други придојдени‘ можеле полесно да добијат помош (2. Мојсеева 12:38).

7, 8. а) Како Јехова пружил „дарови во облик на луѓе“ во стариот Израел? б) Како Павле го применил Псалм 68:18 (NW) во I век?

7 Откако Израелците биле во Ветената земја многу години, Јехова симболично слегол на планината Сион и го направил Ерусалим главен град на едно симболично царство чиј цар бил Давид. Во фалба на Бог, „Семоќниот“, Давид го кренал својот глас во песна: „Ти си се вознел во висина; Си одвел заробеници; Си зел дарови во облик на луѓе“ (Псалми 68:14, 18, NW). Навистина, луѓе кои биле одведени како заробеници за време на освојувањето на Ветената земја, биле ставени на располагање да им помагаат на Левитите во нивните должности (Прва книга Ездра 8:20).

8 Во првиот век н. е., христијанскиот апостол Павле го свртел вниманието кон едно пророчко исполнување на зборовите на псалмистот. Павле напишал: „А на секој од нас му е дадена незаслужена доброта, според тоа како Христос го одмерил слободниот дар. Затоа тој вели: ‚Кога се вознесе во висината, одведе заробеници; даде дарови во облик на луѓе.‘ А што значи изразот ‚кога се вознесе‘, освен дека и слегол во долните области, то ест на земјата? Оној кој слегол е истиот оној кој се вознел далеку над сето небо за да им даде полнота на сите работи“ (Ефесјаните 4:7-10, NW). Кој е тој „истиот“? Никој друг освен Јеховиниот застапник, Поголемиот Давид и Месијански Цар, Исус Христос. Тој е оној кого Бог го воскреснал и возвишил на „надредена положба“ (Филипјаните 2:5-11, NW).

9. а) Кои биле даровите во облик на луѓе во I век? б) Кои се современите дарови во облик на луѓе?

9 Тогаш, кои се тие „дарови во облик на луѓе“ (или: „кои се состојат од луѓе“)? Павле објаснува дека Божјиот Главен Застапник ‚поставил едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите [за исправање на светите“, NW] во делото на служењето, за изградување на Христовото тело“ (Ефесјаните 4:11, 12). Сите Христови следбеници кои служеле како апостоли, пророци, евангелисти, пастири и учители го правеле тоа под теократско водство (Лука 6:12-16; Дела на св. апостоли 8:12; 11:27, 28; 15:22; 1. Петрово 5:1-3). Во наше време, духовно оспособени постари мажи наименувани преку свет дух служат како надгледници во околу 70.000 собранија на Јеховините сведоци ширум светот. Тие се наши дарови во облик на луѓе (Дела на св. апостоли 20:28). Заедно со светското ширење на делото на проповедање на Царството, коешто се одвива брзо, сѐ повеќе и повеќе браќа „тежнеат по“ службени предности и ги поддржуваат одговорностите што се поврзани со ‚надгледничката служба‘ (1. Тимотеј 3:1, NW). Штом ќе бидат наименувани, и тие стануваат дарови во облик на луѓе.

10. Како Исаииниот опис на „кнезовите“ одговара на улогата на христијанските старешини денес?

10 Овие христијански старешини, или дарови во облик на луѓе, одговараат на описот што го дал пророкот Исаија кога ја претскажал улогата на „кнезовите“, управителите под владата на Царството. Секој мора да биде „како заштита од ветар и засолниште за лошо време, како водни извори во степи, како сенка од висока карпа во жедна земја“ (Исаија 32:1, 2). Тоа открива колкава поддршка треба да биде љубезното надгледување на овие наименувани мажи. Како можеш да извлечеш најголема можна корист од тоа?

Преземи иницијатива

11. Како можеме да добиеме помош кога сме духовно потиштени?

11 Давеникот инстинктивно вика за помош. Тука нема колебање. Кога животот е на коцка, никој не треба да нѐ поттикнува да бараме помош. Зарем царот Давид не барал постојано помош од Јехова? (Псалми 3:4; 4:1; 5:1-3; 17:1, 6; 34:6, 17-19; 39:12). Кога сме духовно потиштени и можеби паѓаме во очај, можеме на сличен начин да се обратиме до Јехова во молитва и да го преколнуваме да нѐ води преку својот свет дух (Псалми 55:22, NW; Филипјаните 4:6, 7). Бараме утеха од Писмата (Римјаните 15:4). Се консултираме со христијанските публикации на Watch Tower Society за практичен совет. Тоа честопати ни овозможува да ги решиме нашите лични проблеми. Сепак, ако ни се чини дека сме затрупани со тешкотии, можеме да го побараме и советот од наименуваните собраниски старешини. Всушност, може да постојат времиња кога навистина треба да ‚ги повикаме постарите мажи‘. Зошто да ги повикаме христијанските старешини? Како можат тие да им помогнат на оние на кои им треба духовна помош?

12-14. а) Што е мудро да се стори кога некој е болен? б) Што се советува да прават „болните“ христијани според Јаков 5:14? в) На каков вид болест се осврнува Јаков 5:14, и зошто одговараш така?

12 Кога ќе се разболиме, се одмораме за да им пружиме прилика на закрепнувачките сили на телото да дејствуваат. Но ако нашата болест потрае, мудро бараме квалифицирана медицинска помош. Зарем не би требало истото да го правиме ако станеме духовно слаби?

13 Забележи што во овој поглед ни советува ученикот Јаков: „Болен ли е некој меѓу вас? Нека ги повика постарите мажи од собранието кај себе, и нека се молат над него и нека го намачкаат со масло во Јеховино име“ (Јаков 5:14, NW). На каков вид болест се осврнува Јаков овде? Некои библиски коментатори заклучуваат дека се работи за физичка болест и резонираат дека мачкањето со масло била вообичаена медицинска практика во тоа време (Лука 10:34). Тие исто така веруваат дека Јаков мислел на чудотворно лекување преку дарот на исцелување. Меѓутоа, што покажува контекстот?

14 ‚Веселоста‘ е ставена наспроти ‚страдањето‘. Тоа подразбира дека Јаков дискутирал за духовна болест (Јаков 5:13). Требало да бидат повикани „постарите мажи [старешините, King James Version] од собранието“, а не доктори, или оние кои имале чудотворни дарови на исцелување. Што требало тие да прават? Јаков рекол: „Да се помолат над него. . . . И молитвата со верата ќе го исцели болниот“ (Јаков 5:14, 15; спореди Псалми 118:9-16). Најпосле, дека Јаков се осврнува на духовна болест покажува и фактот што тој охрабрува на исповедување на гревовите во врска со очекуваното оздравување. Тој пишува: „Признавајте ги отворено своите гревови и молете се еден за друг, за да оздравите“. Ако причината за духовната болест е некој сериозен грев, може да се очекува болното лице да се опорави само ако поволно реагира на опомената што се темели на Божјата Реч, се покае и се одврати од неговиот грешен пат (Јаков 5:16, NW; Дела на св. апостоли 3:19).

15. Каков вид акција се препорачува во Јаков 5:13, 14?

15 Треба да се забележи и нешто друго од советот што го дава Јаков. Кога трпи зло, христијанинот треба да ‚продолжи да се моли‘ (NW). Ако е во добро расположение, „нека пее псалми“. Во секоја ситуација — сеедно дали некој трпи зло или е во добро расположение — потребна е акција. Од една страна е потребна молитва, а од друга изрази на радост. Тогаш, што би требало да очекуваме кога Јаков прашува: „Болен ли е некој меѓу вас?“ Пак препорачува позитивна акција, да, да се преземе иницијатива. „Нека ги повика постарите мажи од собранието кај себе“ (Псалми 49:15; Ефесјаните 5:19; Колосјаните 3:16).

Како помагаат „постарите мажи“

16, 17. Како постарите мажи ни помагаат да ги применуваме библиските начела?

16 Понекогаш е тешко да знаеме како да ги примениме библиските начела во нашите лични околности. Тука можат христијанските старешини да бидат извор на помош од непроценлива вредност. На пример, тие молат над духовно болниот и ‚го мачкаат со масло во Јеховино име‘ така што вешто ги применуваат ублажувачките поуки од Божјата Реч. Старешините можат на тој начин многу да придонесат за нашето духовно закрепнување (Псалми 141:5, ДК). Честопати, на сите нам ни е потребна потврда дека размислуваме на исправниот начин. Ако разговараме за работата со некој искусен христијански старешина, тоа ќе ја зајакне нашата решеност да го правиме она што е исправно (Соломонови изреки 27:17).

17 Кога се повикани во посета, христијанските старешини треба да ги ‚утешуваат малодушните‘. Тие исто така ќе ги ‚поткрепуваат слабите и ќе бидат долготрпеливи кон сите‘ (1. Солунјаните 5:14). Еден таков присен, однос полн со разбирање помеѓу „постарите мажи“ и „слабите“ ја зголемува веројатноста дека духовното здравје потполно ќе закрепне.

Лична одговорност и молитва

18, 19. Каква улога играат христијанските старешини во врска со Галатјаните 6:2, 5?

18 Христијанските старешини мораат да ја носат својата одговорност спрема Божјето стадо. Тие мораат да пружаат поддршка. На пример, Павле рекол: „Браќа, и да падне човек во некаков грев, вие духовните поправајте го таков со духот на кротоста, пазејќи се и вие да не бидете искушани. Поднесувајте ги тешкотиите еден на друг, и исполнувајте го така законот Христов.“ Апостолот исто така напишал: „Секој ќе го понесе своето бреме“ (Галатјаните 6:1, 2, 5).

19 Како можеме да ги носиме бремињата еден на друг, а сепак да го носиме и своето бреме? Разликата во значењето на грчките зборови преведени со „тешкотии“ и „бреме“ го дава одговорот. Ако еден христијанин западне во духовна потешкотија која е многу тешка за него, старешините и останатите верници ќе му пружат помош и така ќе му помогнат да ги носи своите „тешкотии“. Меѓутоа, се очекува секој поединец да си го носи своето „бреме“ на одговорност спрема Бог.a Старешините радо ги носат ‚тешкотиите‘ на своите браќа преку охрабрување, библиски совети и молитва. Сепак, старешините не ги отстрануваат нашите лични ‚бремиња‘ на духовна одговорност (Римјаните 15:1).

20. Зошто молитвата не смее да се запоставува?

20 Молитвата е битна и не смее да се запоставува. Но многумина духовно болни христијани сметаат дека молењето е тешко. Каква е намерата кога старешините ќе понудат молитви на вера во корист на некој кој духовно боледува? „Господ [Јехова, NW] ќе го крене“ како од депримираност и ќе го зајакне за да го следи патот на вистината и праведноста. Некој духовно болен христијанин може да има погрешен став, но не мора да извршил некаков сериозен грев, зашто Јаков вели: „И гревови, ако направил, ќе му се простат.“ Библискиот совет на старешината, заедно со сериозната молитва понекогаш го поттикнуваат духовно слабото лице да ги исповеда сериозните гревови коишто можеби ги направило и да покаже покајнички дух. Тоа, пак, доведува до простување од Божја страна (Јаков 5:15, 16).

21. а) Зошто некои христијани одбиваат да ги повикаат постарите мажи? б) Што ќе биде разгледувано во следната статија?

21 Соочени со предизвикот да ги носат мноштвата нови кои доаѓаат во христијанското собрание, совесните постари мажи мораат многу да сторат за да пружат адекватно надгледување. Вистина, овие дарови во облик на луѓе се извонредна подготовка од Јехова за да ни помогне да издржиме во овие критични времиња. Па сепак, некои христијани се воздржуваат да ги повикаат на помош, мислејќи дека овие браќа се презафатени или преоптоварени со проблеми. Следната статија ќе ни помогне да сфатиме дека овие мажи се радуваат што можат да бидат од помош, затоа што тие доброволно служат како потпастири во христијанското собрание.

[Фуснота]

a Книгата A Linguistic Key to the Greek New Testament од Фриц Ринекер, го дефинира зборот порци́он како „бреме кое се очекува некој да го носи“, и додава: „Тој се користел како воен термин за нечиј багаж или за опремата на еден војник.“

Како би одговорил?

◻ Каква трикратна помош пружа Јехова кога таа ни е потребна?

◻ Кои се современите дарови во облик на луѓе?

◻ Кога треба да ги повикаме постарите мажи?

◻ Каква помош можеме да очекуваме од христијанските старешини?

[Слика на страница 15]

Дали се радуваш на духовните користи од молитвата, на библиската студија и на помошта од христијанските старешини?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели