ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/2 стр. 17-22
  • Развивање на новата личност во бракот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Развивање на новата личност во бракот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Соочување со брачните притисоци
  • Зајакни ја силата
  • Спротивни примери на однесување
  • Зајакни ја брачната врска
  • Бракот може да биде успешен во денешниов свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Твојот брак нека биде „трикратно јаже“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Направи го својот брак трајна заедница
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/2 стр. 17-22

Развивање на новата личност во бракот

„Да се обновите со духот на својот ум [во силата која го двигнува вашиот ум, NW] и да се облечете во новиот човек“ (ЕФЕСЈАНИТЕ 4:23, 24).

1. Зошто не треба бракот да се зема тукутака?

БРАКОТ е еден од најсериозните чекори што некој го презема во животот, и затоа никогаш не треба да се земе тукутака. Зошто? Затоа што тој бара доживотна обврска спрема друга личност. Тоа значи да се сподели целиот живот со тој човек. Потребно е зрело просудување за таа обврска да биде цврста. Тоа исто така бара и позитивно влијание кое ‚го двигнува умот и така ја обликува новата личност‘ (Ефесјаните 4:23, 24, NW; спореди 1. Мојсеева 24:10-58; Матеј 19:5, 6).

2, 3. а) Што е потребно за мудро да се избере брачен партнер? б) Што е вклучено во бракот?

2 Постои добра причина човек да не избрза со бракот понесен од силните желби на телото. Потребно е време за да се развие личноста и карактерот на возрасен човек. Со времето доаѓа и искуството и знаењето кои можат да служат како темел за здраво просудување. Тогаш, избирањето на соодветен животен партнер може да има поголем успех. Една шпанска поговорка јасно вели: „Подобро сам отколку лошо оженет“ (Соломонови изреки 21:9; Проповедник 5:1).

3 Избирањето на правиот партнер е очигледно битно за еден успешен брак. За да го постигне тоа, христијанинот мора да употребува и следи библиски упатства, а не само да го водат физичката привлечност и неумесните емоционални и романтични притисоци. Бракот е многу повеќе отколку само соединување на две тела. Тоа е соединување на две личности кои имаат различно семејно и образовно минато, можеби две различни култури и јазици. Обединувањето на двајца во брак секако изискува исправна употреба на јазикот; со моќта на говорот или уриваме или изградуваме. Од сето тоа ја гледаме и мудроста на Павловиот совет да ‚се мажат/женат, само во Господ‘, односно за соверник (1. Коринтјаните 7:39, ДК; 1. Мојсеева 24:1-4; Соломонови изреки 12:18; 16:24).

Соочување со брачните притисоци

4. Зошто во бракот понекогаш се појавува несогласување и напнатост?

4 Дури и со добар темел, ќе има моменти на несогласување, притисок и напнатост. Тие се вообичаени за секој човек без разлика дали е во брак или не е. Економските и здравстевните проблеми можат да предизвикаат стрес во секој меѓусебен однос. Промената на расположението може да доведе до судир на карактерите и во најдобрите бракови. Друг фактор е тоа што никој нема совршена контрола над јазикот, како што изјавил Јаков: „Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го обузда и целото тело. . . . јазикот е мал орган, но големи работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува“ (Јаков 3:2, 5).

5, 6. а) Што е потребно кога ќе се појават недоразбирања? б) Која постапка можеби е потребна за да се излечи некое несогласување?

5 Како можеме да ја контролираме ситуацијата кога во бракот ќе се појават одредени притисоци? Како можеме да спречиме едно недоразбирање да се претвори во караница, а караницата во нарушен однос? Тука доаѓа до израз силата која го двигнува умот. Тој мотивирачки дух може да биде или позитивен или негативен, изградувачки и духовно настроен или понижувачки, воден од телесни склоности. Ако е изградувачки, тој или таа ќе постапува така да го залечи нарушувањето, да го задржи на правиот пат својот брак. Расправиите и несогласувањата не треба да го прекинат бракот. Со применување на библиски совет може да се отстрани секое непријателско чувство и да се обнови взаемното почитување и разбирање (Римјаните 14:19; Ефесјаните 4:23, 26, 27).

6 Во таквите околности посебно се прикладни Павловите зборови: „И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос [Јехова, NW] ви прости, така и вие направете! А над сето тоа облечете се во љубов, која е врска на совршенството [совршена врска на единство, NW]“ (Колосјаните 3:12-14).

7. Кој проблем можеби го имаат некои во својот брак?

7 Лесно е да се прочита тој текст, но под притисокот на современиот живот, не е секогаш лесно да се применува. Што може да биде основен проблем? Понекогаш, без да знае, христијанинот може да живее според двојни мерила. Во Царската сала се наоѓа меѓу браќа и се однесува љубезно и обѕирно. А потоа дома, во домашната рутина, можеби има склоност да го заборави својот духовен однос. Таму се само маж и жена, „тој“ и „таа“. И под притисок може да се случи тој (или таа) да каже нељубезни работи кои во една Царска сала никогаш не би ги изговорил. Што се случило? Во еден момент исчезнала, христијанската личност. Божјиот слуга заборавил дека дома тој (или таа) е сѐ уште христијански брат (или сестра). Силата која го двигнува умот станала негативна, наместо позитивна (Јаков 1:22-25).

8. До што може да дојде ако силата која го двигнува умот е негативна?

8 До што доведува тоа? Сопругот може да престане ‚да живее со својата жена, како со послабо суштество, спрема (верското) спознание, искажувајќи ѝ почитување‘ (Ст). Сопругата можеби повеќе не го почитува својот сопруг; исчезнал нејзиниот „кроток и мирен дух“ (Ст). Силата која го двигнува умот станала физичка, наместо духовна. Завладеал „телесен ум“. Значи, што можеме да направиме таа мотивирачка сила да остане духовна и позитивна? Мораме да ја зајакнеме нашата духовност (1. Петрово 3:1-4, 7; Колосјаните 2:18).

Зајакни ја силата

9. Меѓу што сѐ мораме да избираме во секојдневниот живот?

9 Мотивирачката сила е умствената настроеност која доаѓа до израз кога мораме да донесуваме одлуки и да избираме. Животот нуди непрекината серија на слободни избори — добри или лоши, себични или несебични, морални или неморални. Што ќе ни помогне да донесуваме исправни одлуки? Силата која го двигнува умот, ако е сосредоточена на вршењето на Јеховината волја. Псалмистот се молел: „Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ќе се придружувам за нив до крај“ (Псалми 118:33; Језекиил 18:31; Римјаните 12:2).

10. Како можеме на позитивен начин да ја зајакнуваме силата која го двигнува умот?

10 Цврстиот однос со Јехова ќе ни помогне да му угодуваме и да се одвраќаме од она што е лошо, вклучувајќи ја и неверноста во бракот. Израел бил охрабруван да ‚прави добро и угодно пред Господа, нивниот Бог‘. А Бог исто така ги советувал: „Вие, кои Го сакате Господа, мразете го злото!“ Со оглед на седмата од Десетте заповеди: „Не врши прељуба!“, Израелците морале да ја мразат прељубата. Таа заповед го покажувала Божјето строго гледиште за верноста во бракот (5. Мојсеева 12:28; Псалми 96:10; 2. Мојсеева 20:14; 3. Мојсеева 20:10).

11. Како понатаму можеме да ја зајакнуваме силата која ги двигнува нашите умови?

11 Како можеме понатаму да ја зајакнуваме силата која го двигнува умот? Ако ги цениме духовните активности и вредности. Тоа значи дека мораме да ја задоволуваме потребата редовно да ја проучуваме Божјата Реч и мораме да учиме да се радуваме заедно да разговараме за Јеховините мисли и совети. Нашите искрени чувства треба да бидат како оние на псалмистот: „Со сето срце мое Те побарав, не отстранувај ме од Твоите заповеди. Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе. Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ќе се придржувам за нив до крај. Вразуми ме [дај ми да разберам, NW], и ќе се држам за законот Твој и ќе го пазам со сето срце свое“ (Псалми 118:10, 11, 33, 34).

12. Кои работи можат да нѐ обединат во одразувањето на Христовиот ум?

12 Таквиот вид на ценење за Јеховините праведни начела се задржува не само со проучување на Библијата, туку и со редовно учествување на христијанските состаноци и со ангажирање во христијанската служба. Овие две силни влијанија можат постојано да ја зајакнуваат силата која ги двигнува нашите умови за нашиот несебичен начин на живеење секогаш да го одразува Христовиот ум (Римјаните 15:5; 1. Коринтјаните 2:16).

13. а) Зошто молитвата е скапоцен фактор во зајакнувањето на силата која го двигнува умот? б) Каков пример дал Исус во тој поглед?

13 Павле истакнува уште еден фактор во своето писмо до Ефесјаните: „Со секаква молитва и просба молете се со духот во секое време“ (Ефесјаните 6:18). Сопрузите и сопругите треба заедно да се молат. Тие молитви често го отвораат срцето и доведуваат до отворени разговори кои го поправаат секое несогласување. Во време на испит и искушение, треба во молитва да му се обратиме на Бог, барајќи помош и духовна сила да го вршиме она што е во согласност со Христовиот ум. Дури и совршениот Исус, во многу прилики, во молитва му се обраќал на својот Татко, барајќи сила. Неговите молитви биле искрени и длабоки. Слично и денес, во време на искушение, можеме да најдеме сила да донесеме исправна одлука ако го повикуваме Јехова да ни помогне да се спротивставиме на желбата да му попуштиме на телото и да го изневериме брачниот завет (Псалми 118:101, 102).

Спротивни примери на однесување

14, 15. а) Како реагирал Јосиф при искушение? б) Што му помогнало на Јосиф да му се спротивстави на искушението?

14 Како можеме да се соочиме со искушението? Во тој поглед имаме јасна разлика помеѓу постапките на Јосиф и Давид. Кога Петефриевата жена упорно се обидувала да го заведе убавиот Јосиф, кој очигледно во тоа време бил неоженет, тој на крајот ѝ одговорил: „Ни самиот не е поголем од мене во својот дом; и тој [твојот сопруг] ништо не ми забранил, освен тебе, зашто си му жена; па како јас да направам толку големо зло и да згрешам пред Бога?“ (1. Мојсеева 39:6-9).

15 Што му помогнало на Јосиф да постапи исправно кога би било толку лесно да попушти? Поседувал голема сила која го двигнувала неговиот ум. Тој бил потполно свесен за својот однос со Јехова. Тој знаел дека извршувањето на блуд со таа занесена жена всушност би бил грев не само против нејзиниот сопруг, туку, што е уште поважно, против Бог (1. Мојсеева 39:12).

16. Како реагирал Давид на едно искушение?

16 За разлика од него, што му се случило на Давид? Тој бил оженет човек, со неколку жени, што му било дозволено со Законот. Една вечер од својата палата здогледал жена како се капе. Тоа била убавата Вирсавија, жената на Урија. Јасно дека Давид можел слободно да избере — да продолжи да гледа додека не му се појавила страст во срцето или, да се сврти и да го одбие искушението. Што избрал тој? Ја викнал во палатата и со неа извршил прељуба. Што е уште полошо, после тоа наместил да биде убиен нејзиниот сопруг (2. Царства 11:2-4, 12-27).

17. Што можеме да заклучиме за Давидовата духовна состојба?

17 Кој бил Давидовиот проблем? Од неговото подоцнежно покајничко признавање, во Псалм 50, можеме да дојдеме до некои факти. Тој рекол: „Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински [нов, непоколеблив дух, NW] обнови во мене“. Очигледно дека во времето на неговото искушение немал чист и непоколеблив дух. Можеби занемарил да го чита Јеховиниот Закон, па како резултат на тоа, ослабнала неговата духовност. Или можеби дозволил неговата положба и моќ како цар да го расипат неговото размислување така што станал жртва на сладострасна желба. Секако дека силата која го двигнувала неговиот ум во тоа време била себична и грешна. Затоа ја увидел својата потреба од „нов, непоколеблив дух“ (Псалми 50:10; 5. Мојсеева 17:18-20).

18. Каков совет дал Исус за прељубата?

18 Некои христијански бракови се распаднале затоа што едниот или обајцата партнери дозволиле, слично како Давид, да западнат во состојба на духовна слабост. Неговиот пример треба да нѐ предупреди да не гледаме постојано на друга жена или маж со страст, зашто на крајот може да дојде до прељуба. Исус покажал дека ги разбира човечките емоции во тој поглед, зашто рекол: „Сте слушнале дека на старите им било речено: ‚Не прељубодејствувај!‘ Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне [постојано гледа, NW] на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое“. Во таквиот случај, силата која го двигнува умот е себична и телесна, а не духовна. Тогаш, што можат да сторат христијаните за да избегнат прељуба и да ги задржат своите бракови среќни и задоволувачки? (Матеј 5:27, 28).

Зајакни ја брачната врска

19. Како може да се зајакне бракот?

19 Цар Соломон напишал: „Ако некој го надвие едниот, тоа двајца ќе го навасаат, и јажето, трипати усукано, нема лесно да се скине“. Секако дека двајца кои се во хармоничен брак заедно можат подобро да се спротивстават на неволја отколку еден. Но ако нивната врска е како трократно јаже со тоа што Бог е во него, бракот ќе биде цврст. А како може Бог да биде во бракот? Ако двојката ги применува неговите начела и совети за бракот (Проповедник 4:12).

20. Кој библиски совет може да му помогне на сопругот?

20 Сигурно, ако сопругот го применува советот од следниве стихови, неговиот брак ќе има подобар темел за успех:

„Така и вие, мажите, живејте со своите жени разумно, и почитувајте ги како послабо суштество, и како сонаследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши“ (1. Петрово 3:7).

„Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што и Христос ја засака Црквата и се предаде Себеси за неа. И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; оти, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси“ (Ефесјаните 5:25, 28).

„Мажот . . . ја фали: ‚многу жени добродетелни имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите‘“ (Соломонови изреки 31:28, 29).

„Може ли некој да оди по вжарени јаглења, а да не ги изгори нозете свои? Истото тоа станува и со оној, кој влегува кај жена на ближниот свој; кој и ќе се допре до неа, нема да остане без вина. Кој, пак, врши прељуба . . . си ја погубува душата своја“ (Соломонови изреки 6:28, 29, 32).

21. Кој библиски совет може да ѝ помогне на сопругата?

21 Ако сопругата внимава на следниве библиски начела, тоа ќе придонесе за трајноста на нејзиниот брак:

„Вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако некои од нив не му се покоруваат на словото, преку поведението на своите жени да се придобијат без услови [без зборови, NW], кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот [и вашиот] тих дух“ (1. Петрово 3:1-4).

„Мажот да ја има спрема жената својата должна [сексуална] љубов, а исто така и жената — спрема мажот. . . . Не одделувајте се еден од друг — освен по договор за некое време“ (1. Коринтјаните 7:3-5).

22. а) Кои други фактори можат позитивно да влијаат на бракот? б) Како Јехова гледа на разводот?

22 Библијата исто така покажува дека љубовта, љубезноста, сочувството, стрпливоста, разбирањето, охрабрувањето и фалењето се исто така важни фасети на брачниот скапоцен камен. Бракот без нив е како билка без сонце и вода — ретко ќе цути. Затоа силата која ни го двигнува умот нека нѐ тера меѓусебно да се храбриме и освежуваме во нашиот брак. Запомни дека Јехова „мрази разведување“ (NW). Ако се практицира христијанска љубов, ќе нема место за прељуба и за распаѓање на бракот. Зошто? Затоа што „љубовта никогаш не престанува“ (Малахија 2:16; 1. Коринтјаните 13:4-8; Ефесјаните 5:3-5).

Можеш ли да објасниш?

◻ Што е битно за среќен брак?

◻ Како може силата која го двигнува умот да влијае на бракот?

◻ Што можеме да направиме за да ја зајакнеме силата која ги двигнува нашите умови?

◻ Како Јосиф и Давид реагирале различно под искушение?

◻ Кои библиски совети ќе им помогнат на сопрузите и сопругите да ја зацврстат брачната врска?

[Слики на страница 18]

Дали живееме според двојно мерило — во собранието љубезни, а дома груби?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели