ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/13 стр. 4-5
  • Како да прекинете со навредите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да прекинете со навредите
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • Чекор 4 — почит
    Разбудете се! 2009
  • Зборувај го она што „изградува“
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Од зборови кои повредуваат до зборови кои лекуваат
    Разбудете се! 1997
  • Разоткривање на корењата на погрдниот говор
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 4/13 стр. 4-5

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Како да прекинете со навредите

ПРЕДИЗВИК

Секојпат кога ќе дојде до некое недоразбирање, ти и твојот сопружник се бомбардирате со критики. Во вашиот брак навредите станале толку чести што сега се дел од вашето секојдневие — дел од вашата „нормална“ комуникација.

Ако ова е случај и во твојот брак, биди сигурен дека ситуацијата може да се смени. Но, најпрво ќе треба да откриеш зошто се навредувате и зошто е за ваше добро да прекинете со таа навика.

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА

Детство. Мнозина пораснале во семејство во кое навредите биле секојдневие. Сега, кога се во брак, може и самите да ги користат зборовите што ги слушале од своите родители.

Забавната индустрија. Во филмовите и комедиите грубите зборови се прикажани како нешто смешно, со што на гледачите им се остава впечаток дека е сосема во ред да користат такви зборови.

Култура. Во некои култури преовладува ставот дека „вистинскиот маж“ доминира над другите или дека жената треба да е наметлива и да гази сѐ пред себе за другите да не ја газат неа. Кога ќе дојде до кавга, сопружниците со вакви ставови се поспремни да се фатат за врат отколку заедно да го решат проблемот и почнуваат да си дофрлаат зборови што прободуваат, а не зборови што смируваат.

Која и да е причината, навредите може да водат до развод, а може да предизвикаат и разни здравствени проблеми. Некои дури велат дека понекогаш зборот боли повеќе од шлаканица. На пример, една жена која маж ѝ ја малтретирал и вербално и физички, вели: „Потешко ми паѓаа навредите отколку ударите. Попрво би избрала да ме удри отколку да ми кажува такви тешки зборови“.

Што можете да направите ако сте дозволиле навредите да ви го поткопаат бракот?

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Разбери го другиот. Стави се во кожата на твојот сопружник и пробај да сфатиш како се чувстува поради твоите зборови. Ако можеш, сети се на некоја ситуација кога твојот брачен другар бил повреден од она што си го кажал. Не е поентата да се задржуваш на тоа што точно си рекол, туку како се чувствувал другиот од тоа што си го рекол. Си можел ли да ги кажеш работите малку поблаго? Библијата вели: „Благиот одговор го смирува гневот, а остриот збор предизвикува лутина“ (Изреки 15:1).

Учи од добрите примери. Ако врз твојот начин на комуницирање влијаел лошиот пример на твоите родители, сега учи од добрите примери. Гледај како комуницираат брачните парови чиј пример вреди да се следи. (Библиско начело: Филипјаните 3:17.)

Оживеј ги убавите спомени. Точно е дека навредите излегуваат од устата, но обично извираат од срцето. Затоа, размислувај за убавите особини на твојот брачен другар. Сети се кои работи уживавте да ги правите заедно. Разгледувај стари слики. На кои работи се смеевте? Кои особини ве привлекоа еден кон друг? (Библиско начело: Лука 6:45.)

Кажи како ти се чувствуваш. Наместо вербално да го нападнеш сопружникот, кажи му како ти се чувствуваш. На пример, поголеми се шансите сопружникот добро да реагира ако речеш: „Кога правиш планови без да ме прашаш, се чувствувам како моето мислење да не вреди ништо“, отколку ако му дофрлиш: „Е секогаш го правиш истото — за ништо не ме прашуваш!“ (Библиско начело: Колошаните 4:6.)

Процени кога да се повлечеш. Ако ситуацијата почнува да се вжештува и почнуваат да паѓаат тешки зборови, можеби е најдобро да го одложите разговорот. Обично нема ништо погрешно ако се повлечеш од жестока караница и почекаш малку да се смирите. (Библиско начело: Изреки 17:14.)

Навредите излегуваат од устата, но обично извираат од срцето

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела“ (Ефешаните 5:28).

  • „Жената длабоко да го почитува својот маж“ (Ефешаните 5:33).

  • „Нека се отстрани од вас... викање и навредлив говор“ (Ефешаните 4:31).

ШТО Е „НАВРЕДЛИВ ГОВОР“?

Библијата вели: „Нека се отстрани од вас... викање и навредлив говор“ (Ефешаните 4:31). Зошто Павле прави разлика помеѓу „викање“ и „навредлив говор“? Изворниот грчки збор (кравги́) преведен со „викање“ укажува на повишување на гласот. Од друга страна, „навредлив говор“ (на грчки, власфими́а) ја опишува содржината на пораката. Што значи ова? Дека навредливиот говор не е секогаш проследен со викање. Всушност, секој злобен збор, секое понижување или омаловажување спаѓа во навредлив говор — дури и да е кажано тивко, без викање.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели