ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/3 стр. 14-15
  • Подложноста на сопругата — што значи тоа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Подложноста на сопругата — што значи тоа?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потребна е проникливост
  • Кога сопругот избегнува одговорност
  • „Во подложност еден на друг“
  • Што значи да се биде подложен во бракот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Постапила разборито
    Угледајте се на нивната вера
  • Таа постапила разборито
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Глава на жената е мажот“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/3 стр. 14-15

Гледиште на Библијата

Подложноста на сопругата — што значи тоа?

ВО ЕФЕСЈАНИТЕ 5:22, Божјата Реч, Библијата, наведува: „Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа“. Што точно значи тоа? Дали мора жената да се подложи на сѐ што нејзиниот сопруг бара, без разлика што е тоа? Зарем не може никогаш да ја користи својата иницијативност или да има мислење кое се разликува од неговото?

Разгледајте го библискиот извештај за Авигеја. Таа мудро постапила, но спротивно на желбите на нејзиниот богат сопруг, Навал. И покрај љубезноста што му била покажана на Навал од страна на следбениците на Давид, кој бил избран од Бог да биде цар на Израел, Навал ‚кон нив се однесувал грубо‘. Бесен поради неблагодарноста на Навал, Давид тргнал да пролее крв. Авигеја сфатила дека целото нејзино домаќинство е во опасност. Го навела Давид да попушти. Како? (1. Царства 25:2—35).

Авигеја му признала на Давид дека Навал е „лош човек“ и му ги дала на Давид залихите кои Навал му ги ускратил. Обично, не е исправно сопругот или сопругата јавно да ги разгласува мааните на брачниот другар. Дали Авигеја била бунтовник затоа што зборувала и постапувала на ваков начин? Не. Таа се обидувала да ги спаси животите на Навал и на неговото домаќинство. Нема никакво навестување дека имала обичај да покажува непочитување или независност. Ниту пак Навал, кому тешко можело да му се угоди, изразил некакво незадоволство од начинот на кој таа помагала да се води неговиот огромен имот. Но, во оваа пресудна ситуација, мудроста диктирала таа да ја следи сопствената иницијатива. Освен тоа, Библијата зборува со одобрување за она што го направила Авигеја (1. Царства 25:3, 25, 32, 33).

Долго време пред Авигеја, имало прилики кога сопругите на патријарсите изразувале свои гледишта и преземале мерки кои биле поинакви од она што го сакале нивните сопрузи. Сепак, тие ‚свети жени, кои се надевале на Бога‘, се прикажани како примери на подложност за една христијанска сопруга (1. Петрово 3:1—6). На пример, кога Сара осетила дека Авраамовиот син Исмаил претставува закана за нивниот син, Исак, таа одлучила Исмаил да биде истеран. Тоа било ‚многу тешко за Авраам‘. Но Бог му рекол на Авраам: „Нека не ти е криво заради детето . . . Сѐ што ќе ти рече Са́ра, послушај го гласот нејзин“ (1. Мојсеева 21:11, 12).

Потребна е проникливост

Тогаш, не би било добро, во името на подложноста, сопругата да се чувствува под притисок да прави нешто за кое знае дека е многу немудро или дека е повредување на божествените начела. Ниту треба да ѝ се создава чувство на вина затоа што презема иницијатива во некоја важна работа, како што направиле Авигеја и Сара.

Подложноста на сопругата не значи дека таа мора секогаш да се повинува на сѐ што бара нејзиниот сопруг. Во што е разликата? Кога се во прашање исправни начела, можеби ќе мора да не се сложи со нејзиниот сопруг. Сепак, таа треба да покажува дух на потполна божествена подложност.

Се разбира, сопругата треба да внимава да не ги заобиколува желбите на својот сопруг поради своеволност, злоба или некои други погрешни мотиви. Таа мора да биде прониклива, „умна“, како што била Авигеја (1. Царства 25:3).

Кога сопругот избегнува одговорност

Првенствената цел и дух на побожната подложност на сопругата е да му угоди на Јехова на тој начин што ќе соработува со својот сопруг и ќе ги поддржува неговите одлуки. Тоа е прилично лесно кога сопругот е духовно зрел. Но може да претставува предизвик доколку тој не е таков.

Како може таа да се справи со таквата ситуација? Таа може искрено да го моли или да му предложи кои одлуки најмногу ќе му користат на семејството. Ако му дозволува ‚да управува со бродот‘, тој може да стане повешт во тоа. Кога постојано му се приговара на сопругот, се повредува духот на исправната подложност (Изреки 21:19). Сепак, ако е јасно дека доброто на семејството е загрозено со неговото постапување, таа може да одлучи, како што направила Сара, да препорача еден исправен начин на постапување.

Ако сопругот е неверник, предизвикот на сопругата е уште поголем. Сепак, таа треба да му биде подложна сѐ додека тој не бара да ги прекрши библиските закони. Ако тоа го прави, тогаш реакцијата на христијанската сопруга треба да биде иста како реакцијата на учениците кога еден суд барал од нив да ги прекршат Божјите заповеди: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“ (Дела 5:29).

Меѓутоа, поради недостиг на искуство и ограничена мудрост, дури и добронамерните сопрузи и сопруги можат да ги пречекорат своите улоги. На сопругот можеби му недостига обѕирност; сопругата можеби премногу инсистира на сопствените склоности. Што ќе помогне? Скромното гледиште за себеси е важно за обајцата затоа што „сите ние многу грешиме“ (Јаков 3:2).

Многу мажи ќе ја ценат искрената иницијатива на сопругата ако таа ја користи паметно. А соработката се зголемува ако двајцата се извинуваат кога ќе погрешат. Како што Јехова ни ги простува нашите секојдневни недостатоци, така треба и ние да им ги простуваме на другите. „Господи, ако гледаш на беззаконијата, — тогаш кој ќе се одржи, Господи? Но во Тебе има простување“ (Псалм 129:3, 4).

„Во подложност еден на друг“

Значи, за наше најголемо заедничко добро Писмото советува: „Бидете во подложност еден на друг во страв од Христа“ (НС). Укажувајте си взаемно почитување полно со љубов; немојте да се кочите ниту да се натпреварувате. Текстот продолжува: „Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа, зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата“ (Ефесјаните 5:21—23).

Грчкиот збор кој го употребил Павле во Ефесјаните 5:21, 22 подразбира некој сам да се подложи, а не присилно да биде подложен. А подложувањето е поради Господ, не само поради хармонијата во бракот. Христовото помазано собрание доброволно и радосно му се подложува на Христос. Кога сопругата го прави истото спрема својот сопруг, тогаш бракот најверојатно ќе биде среќен и успешен.

Писмото исто така наведува: „Секој од вас [мажите] да си ја сака жената своја, како што се сака самиот себе“, несебично (Ефесјаните 5:33; 1. Петрово 3:7). Сопругот треба да има на ум дека и тој треба да биде подложен на неговата глава, зашто Библијата наведува: „Глава на секој маж е Христос“. Да, мажот треба да биде подложен на учењата на Христос. Христос, пак, е подложен на неговата глава: „На Христа, пак, глава е Бог“. Според тоа, сите освен Јехова имаат глава. Но дури и тој е обврзан спрема своите сопствени закони (1. Коринтјаните 11:3; Тит 1:2; Евреите 6:18).

Христијанската подложност е урамнотежена и корисна за обата пола. Таа на бракот му носи хармонија и задоволство кои може да ги даде само нашиот Творец полн со љубов (Филипјаните 4:7).

[Извор на слика на страница 14]

Leslie’s

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели