ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Како е организирано христијанското собрание?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • Јехова е Бог на редот (1. Коринќаните 14:33). Затоа, логично е да очекуваме и неговиот народ да биде организиран. Како е организирано христијанското собрание? Како може да придонесеме во него да владее ред и мир?

      1. Кој е глава на собранието?

      „Глава на собранието“ е Христос (Ефешаните 5:23). Тој од небото му го дава потребното водство на Јеховиниот народ низ целиот свет. Исус го поставил „верниот и разборит роб“ — една мала група од зрели старешини која се нарекува и Водечко тело. (Прочитај Матеј 24:45-47.) По примерот на апостолите и старешините од Ерусалим во првиот век, Водечкото тело им дава упатства на сите собранија (Дела 15:2). Но, оние што го сочинуваат Водечкото тело не се водачи на нашата организација. Тие бараат водство од Јехова и од неговата Реч и спремно ги следат упатствата на Исус.

      2. Која е улогата на старешините во собранието?

      Старешините се духовно зрели мажи кои ги поучуваат Јеховините слуги на темел на Библијата, им помагаат и ги храбрат. Тие не се платени за она што го прават. Наместо тоа, тие служат „доброволно; не поради нечесна добивка, туку горливо“ (1. Петрово 5:1, 2). На старешините им помагаат слуга-помошници кои со текот на времето може да ги исполнат условите да служат како старешини.

      Водечкото тело именува некои старешини да служат како покраински надгледници. Тие посетуваат различни собранија за да им пружат водство и охрабрување. Исто така, тие ги именуваат за старешини и за слуга-помошници оние браќа кои ги исполнуваат библиските услови да служат на таков начин (1. Тимотеј 3:1-10, 12; Тит 1:5-9).

      3. Каква улога има секој Јеховин сведок?

      Сите во собранието „го фалат Јеховиното име“ така што учествуваат на собраниските состаноци и ја проповедаат добрата вест онолку колку што можат. (Прочитај Псалм 148:12, 13.)

      ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

      Во овој дел ќе дознаеш каков водач е Исус, како старешините се трудат да го следат неговиот пример и како може да му бидеме послушни на Исус и да соработуваме со старешините.

      4. Исус е добар и грижлив водач

      Исус ни упатил еден срдечен повик. Прочитај Матеј 11:28-30, а потоа разговарајте за овие прашања:

      • Каков водач е Исус? Како се чувствуваат луѓето кои го следат неговото водство?

      Како старешините го следат примерот на Исус? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

      ВИДЕОКЛИП: Старешините им помагаат на соверниците по земјотресот во Непал (4:56)

      Библијата јасно покажува како старешините треба да си ги извршуваат своите задачи.

      Прочитај Исаија 32:2 и 1. Петрово 5:1-3, а потоа разговарајте за овие прашања:

      • Како се чувствуваш поради тоа што старешините, по примерот на Исус, се трудат да ги зајакнуваат другите?

      • На кои други начини старешините го следат примерот на Исус?

      5. Старешините поучуваат со својот пример

      Како сака Исус старешините да гледаат на својата улога? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

      ВИДЕОКЛИП: Старешини, бидете им пример на другите (7:39)

      Исус дал упатства како треба браќата да предводат во собранието. Прочитај Матеј 23:8-12, а потоа разговарајте за овие прашања:

      • Според овие зборови, какви треба да бидат старешините? Дали верските водачи постапуваат според она што стои во Библијата?

      А. Слики: Еден старешина се грижи за своите духовни потреби, но и за духовните потреби на своето семејство. 1. Тој се моли пред да ја проучува Библијата. 2. Со помош на сопругата, тој ја поучува нивната ќерка за Библијата. Б. Истиот старешина и неговата сопруга посетуваат една сестра од нивното собрание која лежи во болница. В. Истиот старешина е во служба од куќа до куќа и му проповеда на еден човек. Г. Слики: 1. Истиот старешина држи говор на собраниски состанок. 2. Тој го чисти подот во салата за состаноци.
      1. А. Старешините се трудат тие и нивното семејство да останат духовно силни

      2. Б. Старешините се грижат за сите во собранието

      3. В. Старешините редовно проповедаат

      4. Г. Старешините ги поучуваат другите. Исто така, тие помагаат околу чистењето и извршуваат други задачи

      6. Ние можеме да соработуваме со старешините

      Библијата јасно ни кажува зошто треба да соработуваме со старешините. Прочитај Евреите 13:17, а потоа разговарајте за овие прашања:

      • Дали е разумно тоа што Библијата нѐ поттикнува да им бидеме послушни на оние што нѐ предводат? Зошто мислиш така?

      Прочитај Лука 16:10, а потоа разговарајте за ова прашање:

      • Зошто е важно секогаш да соработуваме со старешините, дури и за навидум мали работи?

      НЕКОИ ВЕЛАТ: „Нема потреба да бидеш дел од некоја религија“.

      • Што мислиш, зошто е добро да бидеш дел од Божјата организација?

      ШТО НАУЧИ:

      Исус е глава на собранието. Ние со радост соработуваме со старешините кои служат под негово водство бидејќи нѐ зајакнуваат и нѐ поучуваат со својот пример.

      Како би одговорил?

      • Кој е глава на собранието?

      • Како старешините се грижат за собранието?

      • Каква улога има секој Јеховин сведок?

      Цел:

      ИСТРАЖУВАЈ

      Погледни еден пример за тоа колку Водечкото тело и другите старешини се грижат за своите соверници.

      Ги зајакнувале браќата за време на забрана (4:22)

      Дознај каква задача извршуваат покраинските надгледници.

      Покраинска служба на село (4:51)

      Прочитај за улогата на жените во христијанското собрание.

      „Дали кај Јеховините сведоци и жените служат како проповедници?“ (Стражарска кула од 1 септември 2012)

      Дознај колкав труд вложуваат старешините за да ги храбрат своите соверници.

      „Старешини — ’наши соработници за да бидеме радосни‘“ (Стражарска кула од 15 јануари 2013)

  • Како може твоето семејство да биде среќно? (прв дел)
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • 1. Какви совети им дава Библијата на сопрузите?

      Јехова им дал одговорност на сопрузите да бидат глава на своето семејство. (Прочитај Ефешаните 5:23.) Јехова очекува од нив да носат одлуки кои ќе бидат за доброто на целото семејство. Библијата им го дава следниов совет на мажите: „Сакајте ги своите жени“ (Ефешаните 5:25). Како еден сопруг покажува дека ја сака својата жена? Така што се однесува љубезно и обѕирно со неа — и кога се сами и кога се заедно со други луѓе. Тој води грижа неговата сопруга да се чувствува заштитено и се труди да ѝ го пружи она што ѝ е потребно во физички и во емоционален поглед (1. Тимотеј 5:8). Но најважно од сѐ, тој се грижи за нејзините духовни потреби (Матеј 4:4). Меѓу другото, тој го прави тоа така што се моли и ја чита Библијата заедно со неа. Ако еден маж со љубов се грижи за својата жена, неговото пријателство со Јехова ќе остане цврсто. (Прочитај 1. Петрово 3:7.)

  • Која е улогата на „верниот и разборит роб“?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
    • Исус е глава на христијанското собрание (Ефешаните 5:23). Како Цар кој владее на небото, тој денес ги води своите следбеници на Земјата преку „верниот и разборит роб“. (Прочитај Матеј 24:45.) Самиот Исус го поставил тој роб и го овластил да носи одредени одлуки. Сепак, овој роб му е послушен на Христос и им служи на Христовите браќа. Кој е тој роб и како се грижи за нас?

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели