ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 15/9 стр. 3-6
  • Учи од контрастите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Учи од контрастите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО УЧИМЕ ОД КОНТРАСТИТЕ
  • Развивај способност на учител
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • „Одете и понатаму како деца на светлината!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Јехова го обединува своето семејство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • „Потполно извршувај ја својата служба“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 15/9 стр. 3-6

Учи од контрастите

Сигурно ќе се сложиш дека Исус бил најголемиот Учител што живеел на Земјата. Можеби си се обидел да користиш некоја од неговите методи на поучување, како што се прашања или споредби. Но, дали си забележал дека тој честопати употребувал и контрасти?

Многу луѓе користат контрасти кога зборуваат. Можеби и ти честопати го правиш тоа без да си свесен. На пример, би можел да речеш: „Тие рекоа дека сите круши се зрели, но овие сѐ уште се зелени“. Или: „Како дете беше доста срамежлива, но сега е многу дружељубива“.

Во вакви случаи, прво кажуваш една мисла, а потоа продолжуваш со друга која е чиста спротивност на првата. Притоа веројатно користиш некој од следниве сврзници: а, но, ама, меѓутоа, сепак, напротив, туку и др. Можеби правиш контраст меѓу две работи и со тоа што наведуваш додатна информација. Таквиот начин на изразување е природен и може да им помогне на другите подобро да разберат што сакаш да им кажеш.

Иако во некои јазици и култури употребата на контрасти не е вообичаена, добро е да сфатиме дека тие можат многу да ни користат. Зошто? Затоа што се употребени на многу места во Божјата Реч. И Исус честопати користел контрасти. Некои од нив се запишани во Евангелието според Матеј. На пример, тој рекол: „Светилка не се пали за да се стави под кошница, туку на светилник“. „Не дојдов да [го] обезвреднам [Законот], туку да [го] исполнам.“ „Сте чуле дека било речено: ‚Не врши прељуба!‘ А јас ви велам: секој што гледа во жена...“ „Било речено: ‚Око за око и заб за заб‘. А јас ви велам: не спротивставувајте му се на оној што е злобен. Напротив, ако некој ти удри шлаканица по десниот образ, сврти му го и другиот“ (Мат. 5:15, 17, 27, 28, 38, 39).

Слични контрасти има и во други библиски книги. Тие можат да ти помогнат појасно да разбереш некоја мисла или да нагласат зошто е подобро да се постапува на одреден начин. Ако си родител, размисли за следниов контраст: „Вие, татковци, не раздразнувајте ги своите деца, туку воспитувајте ги со стега од Јехова и помагајте им да го усвојат неговиот начин на размислување“ (Еф. 6:4). Ако апостол Павле едноставно напишел дека таткото (или мајката) треба да ги воспитува децата со стега од Јехова, тоа би било мудро и точно. Сепак, тој уште повеќе ја нагласил оваа мисла со тоа што ги советувал да ‚не ги раздразнуваат децата, туку да ги воспитуваат со стега од Јехова‘.

Во истото поглавје, Павле напишал: „Ние не се бориме против крв и месо, туку против... злите духовни сили на небесата“ (Еф. 6:12). Овој контраст веројатно ти помага да сфатиш дека треба да водиш многу тешка борба — ти не се бориш против луѓе, туку против злите духовни сили.

ШТО УЧИМЕ ОД КОНТРАСТИТЕ

Во истата библиска книга, Посланието до Ефешаните, Павле користел контрасти и во многу други стихови. Ако размислуваме за нив, ќе можеме подобро да сфатиме што сакал да каже тој и ќе ни стане појасно како треба да постапуваме.

Веројатно ќе ти биде интересно и корисно да ја разгледаш придружната рамка во која се наведени некои од контрастите запишани во Ефешаните, поглавја 4 и 5. Додека го читаш секој стих, размислувај за својот живот. Искрено прашај се: ‚Каков став имам јас? Како реагирам во ваква ситуација? Што би рекле другите, кој дел од контрастот подобро ме опишува?‘ Ако некој од тие контрасти ти помогне да сфатиш дека треба да направиш промени на одредено поле, потруди се да го сториш тоа. На тој начин, ќе извлечеш корист од него.

Можете да ја разгледате оваа рамка и во текот на Семејната вечер. Откако сите во семејството ќе си ги прочитаат наведените стихови, некој може да го каже првиот дел од контрастот, а другите да пробаат да се сетат на главната мисла од вториот дел. Потоа можете како семејство да разговарате на кој начин да го примените вториот дел во уште поголема мера. Разгледувањето на овие и други контрасти може да им помогне и на младите и на постарите да ги покажуваат христијанските особини како во семејството, така и во секојдневниот живот.

Можеш ли да се сетиш на вториот дел од контрастот?

Кога ќе сфатиш колку се корисни контрастите, ќе можеш уште полесно да ги препознаваш во Библијата, а и да ги употребуваш во христијанската служба. На пример, би можел да му речеш на станарот: „Многу луѓе мислат дека имаме бесмртна душа, ама забележете што вели Божјата Реч“. Или, пак, кога ја проучуваш Библијата со некого, би можел да прашаш: „Мнозина сметаат дека Бог и Исус се една личност; но, што вели Библијата во врска со тоа? Во што веруваш ти?“

Во Божјата Реч има многу поучни контрасти кои можат да ни помогнат да постапуваме како што бара Бог. Освен тоа, можеме да ги користиме за да им помогнеме и на другите да ја дознаат библиската вистина.

Некои контрасти од Ефешаните поглавја 4 и 5

Искористи ја оваа рамка за време на Семејната вечер

„Повеќе да не бидеме мали деца кои... [се носени] ваму-таму... бидејќи ги слушаат луѓето кои се служат со измама и кои лукаво ги доведуваат во заблуда“ (4:14)

„Туку, зборувајќи ја вистината, во сѐ со љубов да пораснеме до зрелост за да бидеме како него, кој е глава, а тоа е Христос“ (4:15)

„[Народите се] со замрачен ум... поради бесчувствителноста на нивното срце“ (4:18, 19)

„Но тоа не е во склад со она што го научивте за Христос, доколку навистина сте го чуле и сте биле поучени од него“ (4:20, 21)

„Треба да ја соблечете старата личност, обликувана според вашиот поранешен начин на живот“ (4:22)

„А да се обновувате во силата што го задвижува вашиот ум и да ја облечете новата личност“ (4:23, 24)

„Кој крадел, повеќе да не краде“ (4:28)

„Туку да работи марливо, правејќи добро со своите раце“ (4:28)

„Никаков лош збор да не излегува од вашата уста“ (4:29)

„Туку само оној што е добар, за да ги изградува другите“ (4:29)

„Нека се отстрани од вас сета злобна горчина и лутина и гнев и викање и навредлив говор заедно со сета злоба“ (4:31)

„А бидете милостиви еден спрема друг, имајте сомилост, спремно простувајќи си еден на друг“ (4:32)

„Блуд и секаква нечистотија или лакомост дури да не се спомнуваат меѓу вас“ (5:3)

„Наместо тоа, упатувајте му благодарења на Бог“ (5:4)

„Некогаш бевте темнина“ (5:8)

„А сега сте светлина во единство со Господарот“ (5:8)

„Повеќе не учествувајте со нив во бесплодните дела на темнината“ (5:11)

„Туку напротив, осудувајте ги таквите дела“ (5:11)

„Добро внимавајте како живеете — не како немудри“ (5:15)

„Туку како мудри. Откупувајте си време“ (5:15, 16)

„Повеќе не бидете неразумни“ (5:17)

„Туку трудете се да разберете што е Јеховината волја“ (5:17)

„Не опивајте се со вино, во кое има разузданост“ (5:18)

„Туку исполнувајте се со дух“ (5:18)

„Никој не го мрази своето тело“ (5:29)

„Туку го храни и го негува, како и Христос собранието“ (5:29)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели