ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/12 стр. 13-18
  • Да ја браниме нашата вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да ја браниме нашата вера
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Вашата разумност нека им биде позната на сите луѓе“
  • Кога да се молчи, а кога да се зборува
  • А што со клеветничката пропаганда?
  • Законски да се брани добрата вест
  • На кој начин христијаните се соочуваат со прекорувањата од јавноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Намразени заради нивната вера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Зошто Јеховините сведоци не даваат одговор на секое обвинение против нив?
    Најчесто поставувани прашања
  • Дали се Јеховините сведоци култ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/12 стр. 13-18

Да ја браниме нашата вера

„Светете го во своите срца Христос како Господ, секогаш спремни за одбрана пред секого кој бара причина за надежта во вас“ (1. ПЕТРОВО 3:15, NW).

1, 2. Зошто Јеховините сведоци не се изненадени од противењето, но сепак што сакаат тие?

ВО ПОВЕЌЕТО земји Јеховините сведоци се главно признати како луѓе кои водат чесен и чист живот. Многумина гледаат на нив како на добри соседи кои не прават никакви проблеми. Сепак, иронично е тоа што овие мирољубиви христијани поднесувале неправедно прогонство — во времиња на војна и мир. Но, не се изненадени од таквото противење. Всушност, тие го очекуваат. На крајот на краиштата, знаат дека верните христијани во првиот век н. е. биле „намразени“, па тогаш зошто оние кои денес настојуваат да бидат вистински следбеници на Христос би очекувале со нив да се постапува поинаку? (Матеј 10:22). Освен тоа, Библијата вели: „Сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети“ (2. Тимотеј 3:12).

2 Јеховините сведоци не бараат прогонство ниту, пак, уживаат во тешкотиите — парични казни, затворање или сурово постапување — што можат тие да ги донесат. Тие сакаат да ‚живеат тих и мирен живот‘ за да можат да ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство без пречки (1. Тимотеј 2:1, 2). Ја ценат религиозната слобода што ја имаат во повеќето земји за да продолжат со своето обожавање и совесно прават сѐ што можат за да ‚бидат во мир со сите луѓе‘, вклучувајќи ги и владетелите на човечките влади (Римјаните 12:18; 13:1—7). Тогаш, зошто се „намразени“?

3. Која е една причина зошто Јеховините сведоци биле неправедно мразени?

3 Во основа, Јеховините сведоци се неправедно мразени од истите причини од кои биле прогонувани и раните христијани. Прво, Јеховините сведоци дејствуваат според своите религиозни верувања на начини кои ги прават непопуларни кај некои. На пример, тие ревносно ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство, но честопати луѓето погрешно ја разбираат нивната ревност, гледајќи на нивното проповедање како на „агресивно прозелитизирање“. (Спореди Дела 4:19, 20.) Исто така, тие се неутрални кон политиката и во војните на нациите, што понекогаш погрешно се сфаќа како да значи дека Сведоците се нелојални граѓани (Михеј 4:3, 4).

4, 5. а) Како Јеховините сведоци биле мета на лажни обвиненија? б) Кои честопати биле главни подбуцнувачи на прогонството на Јеховините слуги?

4 Второ, Јеховините сведоци биле мета на лажни обвиненија — дебели лаги и извртено претставување на нивните верувања. Како резултат на тоа, во некои земји биле предмет на неоправдан напад. Понатаму, поради тоа што бараат бескрвно медицинско лечење кое е во склад со нивната желба да ѝ бидат послушни на библиската заповед да ‚се воздржуваат од крв‘, тие се погрешно етикетирани како „убијци на деца“ и како „самоубиствена секта“ (Дела 15:29). Но, факт е дека Јеховините сведоци високо го вреднуваат животот и дека настојуваат да ја обезбедат најдобрата расположлива медицинска нега за себе и за своите деца. Обвинението дека секоја година умираат голем број деца на Јеховините сведоци како резултат на тоа што одбиваат трансфузија на крв е потполно неосновано. Освен тоа, затоа што библиската вистина го нема истиот ефект врз сите членови на семејството, Сведоците биле обвинувани и дека ги растураат семејствата. Сепак, оние кои се запознати со Јеховините сведоци знаат дека тие длабоко го почитуваат семејниот живот и дека настојуваат да ги следат библиските заповеди — сопругот и сопругата да се љубат и почитуваат еден со друг и децата да ги слушаат своите родители без разлика дали тие се верници или не (Ефесјаните 5:21—6:3).

5 Во многу примери се покажало дека главни подбуцнувачи на прогонство врз Јеховините слуги се религиозните противници кои го користат своето влијание врз политичките авторитети и медиумите за да се обидат да ги задушат активностите на Сведоците. Како треба ние, Јеховините сведоци, да реагираме на таквото противење — без разлика дали тоа е резултат на нашите верувања и практики или на лажните обвиненија?

„Вашата разумност нека им биде позната на сите луѓе“

6. Зошто е важно да имаме урамнотежено гледиште кон оние кои се надвор од собранието?

6 Пред сѐ, треба да имаме исправно гледиште — Јеховиното гледиште — кон оние кои не ги делат нашите религиозни уверувања. Инаку, би можеле непотребно да предизвикаме непријателство или прекор од другите. „Вашата разумност нека им биде позната на сите луѓе“, напишал апостол Павле (Филипјаните 4:5, NW). Според тоа, Библијата нѐ охрабрува да имаме урамнотежено гледиште кон оние кои се надвор од христијанското собрание.

7. Што е вклучено во тоа да се чуваме „без дамка од светот“?

7 Од една страна, Писмото многу јасно нѐ опоменува да ‚се пазиме да останеме неосквернети [без дамка, NW] од светот‘ (Јаков 1:27; 4:4). Терминот „свет“ тука, како и на многу други места во Библијата, укажува на масата на човештвото која е одвоена од вистинските христијани. Ние живееме сред ова општество од луѓе; доаѓаме во контакт со нив на работа, на училиште, во соседството (Јован 17:11, 15; 1. Коринтјаните 5:9, 10). Сепак, ние се пазиме да останеме без дамка од светот така што ги одбегнуваме ставовите, говорот и однесувањето кое е во конфликт со Божјите праведни патишта. Исто така, витално е да ја признаеме опасноста од присното дружење со овој свет, особено со оние кои покажуваат потполно игнорирање на Јеховините мерила (Изреки 13:21).

8. Зошто советот да останеме без дамка од светот не ни дава никаква основа да ги омаловажуваме другите?

8 Меѓутоа, советот да останеме без дамка од светот не ни дава никаква основа категорично да ги омаловажуваме оние кои не се Јеховини сведоци (Изреки 8:13). Сети се на примерот со еврејските верски водачи за кои дискутиравме во претходната статија. Обликот на религија кој го развиле тие не ја добил наклоноста од Јехова; ниту, пак, придонел за добри односи со не-Евреите (Матеј 21:43, 45). Од нивниот самоправеден пиедестал овие фанатици ги презирале паганите. Ние не усвојуваме такво тесноградо гледиште однесувајќи се со оние кои не се Сведоци со омаловажување. Слично на апостол Павле, ние имаме желба сите кои ќе ја чујат библиската порака на вистината да добијат Божја наклоност (Дела 26:29; 1. Тимотеј 2:3, 4).

9. Каков ефект би требало да има урамнотеженото библиско гледиште врз начинот на кој можеби зборуваме за оние кои не ги делат нашите верувања?

9 Урамнотеженото, библиско гледиште треба да влијае врз начинот на кој зборуваме за оние кои не се Сведоци. Павле го поучил Тит да ги потсети христијаните на островот Крит „никого да не хулат [за никого да не зборуваат навредливо, NW], да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кротост кон сите луѓе“ (Тит 3:2). Забележи дека христијаните не требало да зборуваат навредливо „за никого“ — дури ни за нехристијаните од Крит, од кои некои биле познати по нивното лажење, лакомост и мрзливост (Тит 1:12). Затоа, би било небиблиски да користиме погрдни термини кога се осврнуваме на лицата кои не ги делат нашите верувања. Супериорниот став нема да ги привлече другите кон Јеховиното обожавање. Наместо тоа, кога ги гледаме и третираме другите во склад со разумните начела од Јеховината Реч, ние ‚ја украсуваме науката‘ на Бог (Тит 2:10).

Кога да се молчи, а кога да се зборува

10, 11. Како Исус покажал дека знаел кога е а) „време кога се молчи“? б) „време кога се зборува“?

10 Има „време кога се молчи, и време кога се зборува“, вели Проповедник 3:7. Тогаш, тука е предизвикот: да се одреди кога да се игнорираат противниците а кога да се зборува за да ја браниме нашата вера. Можеме многу да научиме од примерот на оној кој секогаш бил совршен во разборитоста — Исус (1. Петрово 2:21). Тој знаел кога е ‚време да молчи‘. На пример, кога првосвештениците и постарите мажи лажно го обвиниле пред Пилат, Исус ‚не одговорил ниту еден збор‘ (Матеј 27:11—14). Тој не сакал да каже ништо што би можело да го попречи извршувањето на Божјата волја со него. Наместо тоа, дозволил неговите дела да зборуваат за себе. Тој знаел дека дури ни вистината нема да ги промени нивните горди умови и срца. Затоа, го игнорирал нивното обвинение така што одбил да го прекине своето молчење кое било со определена цел (Исаија 53:7).

11 Меѓутоа, Исус исто така знаел кога е ‚време да зборува‘. Повремено тој директно и отворено се расправал со своите критичари, побивајќи ги нивните лажни обвиненија. На пример, кога книжниците и фарисеите се обиделе да му го извалкаат угледот пред едно мноштво обвинувајќи го дека истерува демони со помош на Велзевул, Исус решил да не дозволи да се одржат лажните обвиненија. Со несоборлива логика и со една моќна илустрација, тој ја побил лагата (Марко 3:20—30; види и Матеј 15:1—11; 22:17—21; Јован 18:37). На сличен начин, кога Исус откако бил предаден и уапсен бил одвлечкан пред Синедрионот, првосвештеникот Кајафа подмолно го прашал: „Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Син Божји?“ И ова било „време кога се зборува“ зашто ако продолжел да молчи ќе можело да се протолкува како порекнување дека е Христос. Затоа, Исус одговорил: „Јас сум“ (Матеј 26:63, 64; Марко 14:61, 62).

12. Какви биле околностите кои ги поттикнале Павле и Варнава смело да зборуваат во Иконија?

12 Исто така, разгледај го примерот на Павле и Варнава. Дела 14:1, 2 наведува: „Во Иконија се случи тие заедно да влезат во јудејската синагога, и зборуваа така, што мнозина Јудејци и Елини поверуваа. А Јудејците, што не веруваа, ги побунија и раздразнија духовите на незнабошците против браќата“. The New English Bible вели: „Но, непреобратените Евреи ги побунија паганите и ги затруја нивните умови против христијаните“. Незадоволни од тоа што самите тие ја отфрлиле пораката, еврејските противници се зафатиле со една клеветничка кампања, обидувајќи се кај нееврејското население да создадат предрасуди против христијаните.a Колку само мора да била длабока нивната омраза кон христијанството! (Спореди Дела 10:28.) Павле и Варнава сметале дека тоа е „време кога се зборува“ за да не се обесхрабрат новите ученици поради јавниот прекор. „Тие [Павле и Варнава] сепак останаа тука доста време и говореа отворено за Господа“, кој го покажал своето одобрување така што ги овластил да извршуваат чудесни знаци. Како резултат на тоа, некои ‚биле со Јудејците, а други со апостолите‘ (Дела 14:3, 4).

13. При справување со прекор, кога обично е „време кога се зборува“?

13 Тогаш, како треба да реагираме кога нѐ прекоруваат? Сето тоа зависи од околностите. Некои ситуации бараат да го примениме начелото дека има „време кога се молчи“. Тоа е особено случај кога одлучни противници се обидуваат да нѐ вовлечат во бесмислени расправии. Не смееме да заборавиме дека некои луѓе едноставно не сакаат да ја знаат вистината (2. Солунјаните 2:9—12). Настојувањето да се резонира со таквите чии срца се гордо вкоренети во неверувањето е бесплодно. Уште повеќе од тоа, ако ние се задлабочиме во дебатирање со секој лажен обвинувач кој нѐ напаѓа, би можеле да застраниме од далеку поважната и понаградувачка активност — помагањето на лицата со чесни срца кои навистина сакаат да ја дознаат библиската вистина. Затоа, кога сме соочени со противници кои се решени да шират лаги за нас, инспирираниот совет е: „Избегнувај ги“ (Римјаните 16:17, 18; Матеј 7:6).

14. На кои начини можеме да ја браниме нашата вера пред другите?

14 Се разбира, тоа не значи дека ние не ја браниме нашата вера. На крајот на краиштата, постои и „време кога се зборува“. Со право сме загрижени за искрените луѓе кои биле изложени на клеветничката критика за нас. Ние сме спремни да им дадеме на другите јасно објаснување за нашите искрени уверувања; всушност таа прилика ни е добредојдена. Петар напишал: „Светете го во своите срца Христос како Господ, секогаш спремни за одбрана пред секого кој бара причина за надежта во вас, но тоа правете го со благост и со длабоко почитување“ (1. Петрово 3:15, NW). Кога вистински заинтересираните поединци бараат доказ за верувањата кои нам ни се драги, кога прашуваат за лажните оптужби кои ги подигнуваат противниците, наша одговорност е да си ја браниме верата давајќи здрави библиски одговори. Освен тоа, нашето добро однесување може да каже многу. Додека непристрасните набљудувачи забележуваат дека ние навистина се обидуваме да живееме во склад со Божјите праведни мерила, тие можат лесно да увидат дека обвиненијата подигнати против нас се лажни (1. Петрово 2:12—15).

А што со клеветничката пропаганда?

15. Кој е еден пример за тоа како Јеховините сведоци биле мета на искривени информации во медиумите?

15 Понекогаш Јеховините сведоци биле мета на искривени информации во медиумите. На пример, на 1 август 1997, еден руски весник објавил една клеветничка статија во која, меѓу другото, се тврдело дека Сведоците категорично бараат членовите да ги ‚отфрлат своите сопруги, сопрузи и родители доколку тие не ја разбираат или не ја делат нивната вера‘. Секој кој е вистински запознат со Јеховините сведоци знае дека тоа обвинение е лажно. Библијата покажува дека со членовите на семејството кои не се соверници христијаните треба да постапуваат со љубов и почитување, а Сведоците настојуваат да го следат тоа упатство (1. Коринтјаните 7:12—16; 1. Петрово 3:1—4). Сепак, статијата била објавена и на тој начин многу читатели биле погрешно информирани. Како можеме да ја браниме нашата вера кога сме лажно обвинувани?

16, 17 и рамката на страница 16. а) Што рекла еднаш Стражарска кула за реагирањето на лажните информации во медиумите? б) Под кои околности Јеховините сведоци би можеле да реагираат на негативните извештаи во медиумите?

16 Повторно, има „време кога се молчи, и време кога се зборува“. Еднаш Стражарска кула тоа го изрази вака: „Дали ќе ги игнорираме лажните информации во медиумите или ќе ја браниме вистината преку соодветни средства зависи од околностите, иницијаторот на критиката и неговата цел“. Во некои случаи можеби ќе биде најдобро да ги игнорираме негативните извештаи, не давајќи им на тој начин понатамошен публицитет на лагите.

17 Во други случаи можеби е „време кога се зборува“. Еден новинар или известувач кој е достоен за доверба може да бил погрешно информиран за Јеховините сведоци и можеби ќе му бидат добредојдени вистинити информации за нас. (Види ја рамката „Исправање на една погрешна презентација“.) Доколку негативните извештаи во медиумите предизвикаат предрасуди кои го спречуваат нашето проповедничко дело, можеби претставници на канцеларијата на подружницата на Watch Tower Society ќе преземат иницијатива да ја бранат вистината преку некои погодни средства.b На пример, може да бидат доделени квалификувани старешини да ги презентираат фактите во некоја ТВ програма, каде што непојавувањето би можело да значи дека Јеховините сведоци немаат одговор. Поединечно, Сведоците мудро соработуваат со упатството на Watch Tower Society и со неговите претставници во тој поглед (Евреите 13:17).

Законски да се брани добрата вест

18. а) Зошто нам не ни треба дозвола од човечките влади за да проповедаме? б) Кој правец го следиме кога ни се оспорува дозволата да проповедаме?

18 Нашето овластување да ја проповедаме добрата вест за Божјето Царство доаѓа од небото. На Исус, кој нѐ овластил да го вршиме ова дело, му била дадена „секаква власт на небото и на земјата“ (Матеј 28:18—20; Филипјаните 2:9—11). Според тоа, за да проповедаме, нам не ни треба дозвола од човечките влади. Сепак, признаваме дека религиозната слобода придонесува за ширење на пораката за Царството. Во земји каде што имаме слобода да продолжиме со нашето обожавање, ќе го користиме законскиот систем за да ја заштитиме. Онаму каде што ни се оспорува таквата слобода, ние, во рамките на законот, ќе настојуваме да ја добиеме. Наша цел не е социјална реформа, туку „бранење и законско утврдување на добрата вест“c (Филипјаните 1:7).

19. а) Каков може да биде резултатот кога ‚му го поддаваме Божјото на Бога‘? б) Каква е нашата решеност?

19 Како Јеховини сведоци, го признаваме Јехова како Универзален Суверен. Неговиот закон е врховен. Ние совесно ги слушаме човечките влади и на тој начин му го ‚подаваме царевото на Царот‘. Но, нема да дозволиме ништо да нѐ попречи во исполнувањето на далеку поважната одговорност — ‚да му го подадеме Божјото на Бога!‘ (Матеј 22:21). Целосно сфаќаме дека поради тоа ќе бидеме „намразени“ од нациите, но го прифаќаме како дел од цената на учеништвото. Законското досие на Јеховините сведоци во 20 век е сведоштво за нашата одлучност да си ја браниме верата. Со Јеховина помош и поддршка, ќе продолжиме ‚без престанок да поучуваме и да го проповедаме Евангелието‘ (Дела 5:42).

[Фусноти]

a Matthew Henry’s Commentary on the Whole Bible објаснува дека еврејските противници „си поставиле задача намерно да одат кај таквите [пагани] со кои едвај се познавале и да кажуваат сѐ што нивниот ум или злоба можеле да измислат, да зачнат во нив не само презирно туку и лошо мислење за христијанството“.

b После клеветничката статија која била објавена во рускиот весник (спомната во пасус 15), Јеховините сведоци се жалеле до Претседателската судска комора за спорови со средствата за јавно информирање при руската федерација со барање повторно да се разгледаат лажните обвиненија изнесени во таа статија. Неодамна судот донесе одлука со која строго го казни весникот затоа што ја отпечатил клеветничката статија. (Види Разбудете се! од 22 ноември 1998, страници 26, 27 [срп.].)

c Види ја статијата „Законски да ја браниме добрата вест“, на страници 19—22.

Дали се сеќаваш?

◻ Зошто Јеховините сведоци се „намразени“?

◻ Како треба да гледаме на оние кои не ги делат нашите религиозни верувања?

◻ Каков урамнотежен пример дал Исус во справувањето со противниците?

◻ Кога нѐ прекоруваат, како можеме да го примениме начелото дека има „време кога се молчи, и време кога се зборува“?

[Рамка на страница 16]

Исправање на една погрешна презентација

„Во Јакуиба, Боливија, една локална евангелистичка група се договорила со една ТВ станица да прикаже филм кој очигледно го подготвиле отпадници. Со оглед на лошите последици од таа програма, старешините одлучиле да посетат две ТВ станици и понудиле да им платат за да ги прикажат на јавноста видеокасетите Јеховини сведоци — организацијата зад името и Библијата — книга на факт и пророштво. Откако ги гледал видеокасетите на Заедницата, сопственикот на една радио-станица се огорчил на погрешната презентација во програмата на отпадниците и понудил да даде бесплатни кратки соопштенија за Јеховините сведоци во врска со претстојниот обласен конгрес. Присутноста била необично висока и многу луѓе со искрени срца почнале да поставуваат прашања кога Сведоците ги посетувале во службата (Годишњак Јеховиних сведока 1997, страници 61, 62).

[Слика на страница 17]

Повремено Исус отворено ги побивал лажните обвиненија на своите критичари

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели