ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/06 стр. 4-7
  • Рецепт за вистинска среќа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рецепт за вистинска среќа
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мудар совет во врска со парите
  • Задоволствата си имаат свое место
  • Биди великодушен и благодарен
  • Љубовта и надежта — неопходни за среќата
  • Како да бидеме среќни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Како да се пронајде вистинска среќа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Каде може да се најде вистинска среќа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Љубов која нѐ прави вистински среќни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 4/06 стр. 4-7

Рецепт за вистинска среќа

ЗА ДА се зготви убаво јадење, потребен е добар рецепт, но и добар готвач! Нешто слично важи и за среќата. Таа не е резултат на само едно нешто, туку збир на повеќе работи во животот. Во нив спаѓаат работата, разонодата, времето што го поминуваме со семејството и пријателите, и активностите од духовна природа. Но, среќата зависи и од некои други фактори што не се толку очигледни, како што се ставовите, желбите и целите во животот.

Добро е што не треба сами да го пронајдеме рецептот за вистинска среќа. Зошто? Затоа што нашиот Творец веќе ни дал една прекрасна книга со упатства — Библијата. Целата Библија, или делови од неа, сега се достапни на 2.377 јазици и дијалекти. Всушност, таа е преведувана повеќе од која и да било друга публикација во светот!

Оваа импресивна бројка покажува колку Бог е заинтересиран за среќата и духовното добро на сите луѓе (Дела 10:34, 35; 17:26, 27). „Јас . . . те учам за твое добро“, вели тој. Ако сме им послушни на неговите заповеди, Бог ветува дека нашиот мир и спокојство ќе бидат „како река“ (Иса. 48:17, 18).

Ова ветување нѐ потсетува на зборовите на Исус што беа цитирани во претходната статија: „Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Свесноста за духовните потреби не е само површна побожност. Напротив, влијае врз целиот наш живот. Таа покажува дека сме спремни да го слушаме Бог и да бидеме поучени од него, бидејќи признаваме дека тој нѐ познава многу подобро отколку што се познаваме сами себе. Ерол, кој ја проучува Библијата повеќе од 50 години, вели: „За мене, најголем доказ дека Библијата е книга од Бог е тоа што, кога ги применувам нејзините поуки во пракса, секогаш имам успех!“ Да видиме, на пример, каков извонреден совет ни дава Библијата во врска со богатството и задоволствата.

Мудар совет во врска со парите

Исус рекол: „Дури и кога некој има изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“ (Лука 12:15). Да, твојата вистинска вредност како личност, особено во Божји очи, нема никаква врска со тоа колку пари имаш. Всушност, трката по пари најчесто предизвикува грижи што му ја одземаат радоста на животот и ни го крадат времето што можеме да го трошиме на поважни работи (Марко 10:25; 1. Тимотеј 6:10).

Ричард Рајан, професор по психологија во Соединетите Држави, смета дека колку повеќе луѓето се трудат да најдат задоволство во материјалните работи, толку понесреќни стануваат. Соломон, еден од писателите на Библијата, рекол вака: „Кој ги сака парите, никогаш не му се доста, и кој сака големо богатство нема добивка од него“ (Проповедник 5:10, The New English Bible). Ова е слично како кога ќе те касне комарец и ќе почнеш да се чешаш — колку повеќе се чешаш толку повеќе те чеша, и на крајот ќе направиш рана.

Библијата нѐ поттикнува да бидеме трудољубиви и да уживаме во плодовите од својата работа (Проповедник 3:12, 13). Ако го послушаме овој совет, ќе имаме поголема самопочит — уште една неопходна состојка во рецептот за среќа. Освен тоа, не е лошо човек да ужива во некои од вистинските задоволства во животот. Меѓутоа, едно е да уживаш во некои од добрите работи што можат да се добијат со пари, а сосема друго е богатството да ти биде главна цел во животот.

Задоволствата си имаат свое место

Ако ја цениме вредноста на духовните работи, ќе извлечеме најголема корист од рекреацијата, забавата и другите задоволства во животот. Исус си поминувал убаво во прилики кога се служела храна и пијалак (Лука 5:29; Јован 2:1-10). Но, ова во никој случај не било главниот извор на неговата радост. Напротив, тој најмногу уживал во духовните работи, меѓу кои било и помагањето на другите да дознаат за Бог и за неговата намера со луѓето (Јован 4:34).

Цар Соломон решил да ги испита уживањата за да види дали во нив се крие тајната на среќата. „Ќе потонам во задоволства и ќе уживам“, рекол. Овој богат цар не го направил ова само површно и плашливо. Не, како што вели, тој просто потонал во задоволства! Но, како се чувствувал потоа? „И тоа е празнина“, напишал (Проповедник 2:1).

Празно и бесмислено — токму така најчесто се чувствуваат оние што трчаат по задоволства. Всушност, кога истражувачите го споредиле трчањето по задоволства со смисловната работа, духовните активности и поминувањето време со семејството, откриле дека потрагата по задоволства имала најмал удел врз среќата на испитаниците.

Биди великодушен и благодарен

Наместо да се концентрираат на себеси, среќните луѓе обично се великодушни и заинтересирани за другите. „Повеќе среќа има во давањето, отколку во примањето“, рекол Исус (Дела 20:35). Освен што можеме да даваме во материјален поглед, можеме да го даваме и своето време и сила, и тоа веројатно ќе биде уште поценето, особено во семејството. За да имаат цврст и среќен брак, сопружниците треба да поминуваат време заедно, а родителите треба да одвојат многу време за своите деца за да разговараат со нив, да ги гушкаат и бакнуваат и да ги поучуваат. Кога членовите на семејството се даваат себеси на ваков начин, на сите им е убаво и домот станува топло, среќно гнездо.

Од друга страна, пак, кога другите ти даваат — без разлика дали даваат од своето време и сила или нешто друго — дали си благодарен? (Колошаните 3:15). Ако живееш во склад со овој збор, ќе имаш многу подобри односи со другите, а и самиот ќе бидеш многу порадосен. Кога некој искрено ќе ти се заблагодари, зарем срцето не ти затреперува од среќа?

Тоа што сме благодарни нѐ прави и посвесни за добрите работи што ни се случуваат. Во еден научен експеримент, испитаниците во истражувањето спроведено од Универзитетот Калифорнија во Риверсајд (САД), биле замолени да водат „дневник на благодарност“, во кој требало да ги запишат работите за кои се благодарни. Воопшто не изненадува што, по шест седмици, тие се чувствувале многу позадоволни од животот.

Што учиме од ова? Без оглед на твојата ситуација, научи да мислиш на добрите работи што ги имаш. Всушност, Библијата нѐ поттикнува да го правиме тоа, кога вели: „Радувајте се секогаш! Благодарете во врска со сѐ!“ (1. Солуњаните 5:16, 18). Но, за ова е потребно свесно да се трудиме да се присетуваме на добрите работи што ги доживуваме. Зошто и самиот не си го поставиш ова за цел?

Љубовта и надежта — неопходни за среќата

Со право се вели дека од „лулка до гроб“ луѓето не можат без љубов. Без љубов, тие едноставно венеат. Но што, всушност, е љубовта? Иако денес овој збор има многу широко значење, Библијата за неа дава еден прекрасен опис. „Љубовта е долготрпелива и љубезна“, вели таа. „Љубовта не е љубоморна, не се фали, не се дуе, не се однесува непристојно, не ги бара сопствените интереси, не се раздразнува. Не ја става во сметка штетата. Не ѝ се радува на неправедноста, туку се радува на вистината. Сѐ поднесува, сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ трпи“ (1. Коринќаните 13:4-8).

Колку е несебична вистинската љубов! Бидејќи таа не „ги бара сопствените интереси“, ја става среќата на другите пред својата сопствена. За жал, ваквата љубов станува сѐ поретка. Всушност, во своето величествено пророштво за крајот на сегашниот свет, Исус рекол дека „љубовта на повеќето ќе олади“ (Матеј 24:3, 12; 2. Тимотеј 3:1-5).

Меѓутоа, ваквите услови нема да траат засекогаш бидејќи се навреда за Творецот, кој е самото олицетворение на љубовта! (1. Јованово 4:8). Наскоро Бог ќе ги отстрани од Земјата сите луѓе што се полни со омраза и алчност. Тој ќе ги остави во живот само оние што се трудат да ја негуваат љубовта која беше опишана погоре. Како резултат на ова, на целата земја ќе завладее мир и среќа. Следново библиско ветување сигурно ќе се исполни: „Уште малку и ќе го снема безбожникот, ќе го бараш неговото место, а него веќе ќе го нема. Кротките ќа ја наследат земјата, тие ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:10, 11).

Замисли да уживаш секој ден, од утро до мрак! Зарем е чудно што Библијата вели: „Радувајте се во надежта“? (Римјаните 12:12). Би сакал ли да дознаеш нешто повеќе за таа прекрасна надеж што Бог им ја нуди на послушните луѓе? Ако да, те молиме прочитај ја следната статија.

[Истакната мисла на страница 7]

„Повеќе среќа има во давањето, отколку во примањето“ (Дела 20:35)

[Рамка/слика на страница 5]

Приказни за „успешни“ луѓе Колку вистина има во нив?

Одвреме-навреме ќе слушнеме некоја анегдота за лица што пораснале во семејства каде што имало многу проблеми, но успеале да се изборат со сѐ и на крајот станале многу богати. „Ваквите приказни се наведуваат како доказ дека таквите луѓе ја искористиле својата лоша ситуација најдобро што можеле и на крајот станале успешни и покрај тоа што имале несреќно детство“, се објаснува во San Francisco Chronicle, во еден извештај во кој се зборува за среќата. „Сепак, ова толкување не може баш лесно да се прифати бидејќи, според истражувањата, можеби тие луѓе на крајот на краиштата и не станале толку успешни. Само станале богати.“

[Рамка/слика на страница 6]

Среќата придонесува за подобро здравје

Чувството на среќа е одличен лек. „Се чини дека среќата, а и други слични душевни состојби како надежта, оптимизмот и чувството на задоволство го намалуваат ризикот или сериозноста на срцевите и белодробните заболувања, шеќерната болест, високиот притисок, настинките и инфекциите на дишните патишта“, се вели во еден извештај на списанието Time. Освен тоа, едно истражување спроведено на постари пациенти во Холандија открило дека, во текот на девет години, чувството на среќа и позитивниот став што го имале го намалило ризикот од смртност дури за неверојатни 50 отсто!

Сѐ уште не е сосема јасно како душевните состојби влијаат врз телото. Сепак, истражувањата покажуваат дека позитивните, оптимистични лица имаат пониско ниво на кортизол (хормон на стрес), за кој е познато дека го ослабнува имунолошкиот систем.

[Слика на страници 4 и 5]

Ако готвиш според добар рецепт, ќе направиш убаво јадење. Ако го применуваш ‚рецептот‘ што го дава Бог, ќе бидеш среќен

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели