ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 15/11 стр. 21-23
  • Служи му на Бог со спремен дух

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Служи му на Бог со спремен дух
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Одбиваат воопшто да служат
  • Потребна е спремна служба
  • Што е со колебливата служба?
  • Нека ни биде мило да ја вршиме Божјата волја
  • ‚Духот е горлив, но телото е слабо‘
  • Дали ќе одговориш на Исусовата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Што би дал за да живееш вечно?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Исус Христос — дали е испратен од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 15/11 стр. 21-23

Служи му на Бог со спремен дух

„ЈАС со големо задоволство ќе трошам сѐ и ќе бидам потполно потрошен за вашите души“, напишал апостол Павле (2. Коринќаните 12:15). Што ти кажуваат овие зборови за гледиштето и ставот кои треба да се обидат да ги негуваат Јеховините слуги? Според еден библиски изучувач, кога Павле им ги напишал овие зборови на христијаните во Коринт, тој всушност велел: „Спремен сум да ја потрошам мојата сила, и време и живот, и сѐ што имам за ваше добро, како што еден татко радосно го прави тоа за своите деца“. Павле бил подготвен ‚потполно да се потроши‘ или да „биде исцрпен и истоштен“, ако тоа било потребно за да ја исполни својата христијанска служба.

Освен тоа, сево ова Павле го правел „со големо задоволство“. Тој бил „потполно спремен“ да го прави тоа, вели The Jerusalem Bible. А како е со тебе? Дали си спремен да го трошиш своето време, енергија, таленти и материјални средства служејќи му на Јехова Бог и на интересите на другите, дури и ако тоа значи понекогаш да се биде „исцрпен и истоштен“? И дали би го правел тоа „со големо задоволство“?

Одбиваат воопшто да служат

Повеќето поединци не само што се колебаат да му служат на Бог туку и отворено одбиваат да го прават тоа. Тие имаат дух на неблагодарност, себична независност, па дури и бунтовност. Сатана ги завел Адам и Ева во еден таков начин на размислување. Погрешно рекол дека тие ќе бидат „како Бога, распознавајќи го доброто и злото“ — способни самите да одлучуваат што е исправно и што погрешно (Битие 3:1—5). Оние кои го имаат истиот дух денес мислат дека треба да имаат потполна слобода да прават токму онака како што сакаат без да имаат некаква обврска кон Бог или да бидат попречувани од него (Псалм 81:11, 12). Тие сакаат сѐ што поседуваат да користат стремејќи се по сопствените лични интереси (Пословици 18:1).

Ти веројатно не го делиш ова екстремно гледиште. Сигурно вистински го цениш дарот на живот што сега го уживаш и уште почудесниот изглед да живееш засекогаш на рајската Земја (Псалм 37:10, 11; Откровение 21:1—4). Можеби длабоко си му благодарен на Јехова за неговата доброта кон тебе. Но, сите ние треба да внимаваме на опасноста Сатана да го искриви нашето размислување на таков начин што нашата служба може всушност да му стане неприфатлива на Бог (2. Коринќаните 11:3). Како би можело да се случи ова?

Потребна е спремна служба

Јехова сака спремна служба со сето срце. Тој никогаш не нѐ присилува да ја вршиме неговата волја. Сатана е тој кој е спремен на сѐ за да врши притисок или да ги заведува луѓето да ја вршат неговата волја. Во врска со служењето на Бог, Библијата зборува за обврска, заповеди, барања итн. (Проповедник 12:13; Лука 1:6). Сепак, нашиот главен мотив во служењето на Бог е тоа што го љубиме (Излез 35:21; Второзаконие 11:1).

Сеедно колку се трошел во Божјата служба, Павле знаел дека ова немало да значи воопшто ништо ‚ако немал љубов‘ (1. Коринќаните 13:1—3). Кога библиските писатели укажуваат на христијаните како на Божји робови, тие не укажуваат на некое бедно ропство темелено на присила (Римјаните 12:11; Колошаните 3:24). Се мисли на спремна подложност темелена на длабока, срдечна љубов кон Бог и кон неговиот Син, Исус Христос (Матеј 22:37; 2. Коринќаните 5:14; 1. Јованово 4:10, 11).

Нашата служба на Бог мора исто така да одразува длабока љубов кон луѓето. „Меѓу вас бевме нежни, како кога една мајка доилка ги негува своите деца“, му напишал Павле на собранието во Солун (1. Солуњаните 2:7). Во многу земји денес, мајките имаат законска обврска да се грижат за своите деца. Но, сигурно дека повеќето мајки не го прават тоа само за да бидат послушни на законот, нели? Не. Тоа го прават бидејќи имаат длабока наклоност кон своите деца! Па, една мајка доилка радо прави огромни жртви за своите деца. Бидејќи Павле имал слична „нежна наклоност“ кон оние на кои им служел, нему му било „многу угодно“ (,сакал‘, ДХК; ‚бил решен‘, Радосна вест) да го користи дури и својот живот за да им помогне (1. Солуњаните 2:8). Љубовта нѐ мотивира да го имитираме примерот на Павле (Матеј 22:39).

Што е со колебливата служба?

Се разбира, не смееме да дозволиме љубовта кон самите себе да ја надмине љубовта кон Бог и кон луѓето. Инаку, постои вистинска опасност да извршуваме служба која е само со половина срце, колеблива. Дури би можеле да почнеме да развиваме извесна огорченост, да се чувствуваме вознемирени што не можеме да живееме само според сопствените желби. Ова им се случило на некои Израелци кои ја изгубиле својата љубов кон Бог, но сѐ уште извршувале некаква служба за него од чувство на должност. Каков бил резултатот? Служењето на Бог им станало „штета на трудот“ (Малахија 1:13).

Кои и да било приноси дадени на Бог требало секогаш да бидат „без недостаток“, без дефект, ‚најдоброто‘ што било на располагање (Левит 22:17—20; Излез 23:19). Меѓутоа, наместо да му го дадат на Јехова најдоброто од своите животни, луѓето во времето на Малахија почнале да ги принесуваат животните кои всушност не ги сакале за себе. Каква била реакцијата на Јехова? Им рекол на свештениците: „Кога за жртва принесувате слеп добиток, [велите] тоа не е зло? И кога принесувате хромо и болно зар тоа не е зло? Донеси му нешто такво на својот намесник, дали ќе биде задоволен и дали ќе те прими добро? . . Кога доведувате ограбена, хрома и болна стока, та ја принесувате како жртвен дар, зар да го примам тоа милостиво од вашата рака?“ (Малахија 1:8, 13).

Како би можело да му се случи тоа на кој и да било од нас? Нашите жртви би можеле да ни станат „штета на трудот“ ако ни недостига вистински спремно срце и дух (Излез 35:5, 21, 22; Левит 1:3; Псалм 54:6; Евреите 13:15, 16). На пример, дали Јехова ги добива остатоците од нашето време?

Дали може некој сериозно да мисли дека би му било прифатливо на Бог ако еден добронамерен член на семејството или ревносен Левит некако присили некој неспремен Израелец да го избере најдоброто животно за жртва кога тој всушност не сака да го принесе? (Исаија 29:13; Матеј 15:7, 8). Јехова ги отфрлил таквите жртви, а на крај и луѓето кои ги принесувале (Осија 4:6; Матеј 21:43).

Нека ни биде мило да ја вршиме Божјата волја

За да му принесуваме на Бог служба која тој ќе ја прифати, мораме да го следиме примерот на Исус Христос. „Не ја барам својата волја“, рекол тој, „туку волјата на оној кој ме испрати“ (Јован 5:30). Исус наоѓал голема среќа во спремното служење на Бог. Исус ги исполнил Давидовите пророчки зборови: „Мило ми е, Господи, да ја исполнувам Твојата волја“ (Псалм 40:8).

Иако на Исус му било мило да ја врши Јеховината волја, тоа не било секогаш лесно. Разгледај што се случило токму пред неговото апсење, судење и погубување. Додека бил во Гетсиманската градина, Исус бил ‚длабоко нажален‘ и ‚западнал во агонија‘. Емоционалниот притисок што го чувствувал бил толку силен што, додека се молел, ‚потта му станала како капки крв што паѓале на земјата‘ (Матеј 26:38; Лука 22:44).

Зошто Исус доживеал таква агонија? Сигурно не поради саможивост или некаква колебливост да ја врши Божјата волја. Тој бил подготвен да умре, па дури и реагирал строго на Петровите зборови: „Биди љубезен спрема себеси, Господи; такво нешто воопшто нема да те снајде“ (Матеј 16:21—23). Она што го загрижувало Исус било на кој начин неговата смрт, како презрен криминалец, ќе влијае врз Јехова и врз Неговото свето име. Исус бил свесен дека на неговиот Татко ќе му биде многу тешко кога ќе види дека со неговиот љубен Син се постапува на таков варварски начин.

Исто така, Исус сфатил дека се приближувал кон едно пресудно време во извршувањето на Јеховината намера. Верното придржување кон Божјите закони без сомнение би докажало дека Адам можел да го направи истиот избор. Исусовата верност би го разоткрила како потполно лажно тврдењето на Сатана дека луѓето под испит нема спремно и верно да му служат на Бог. Преку Исус, Јехова конечно ќе го уништи Сатана и ќе ги отстрани последиците од неговата побуна (Битие 3:15).

Колкава само огромна одговорност почивала врз Исусовите плеќи! Името на неговиот Татко, универзалниот мир и спасението на човечкото семејство — сето тоа зависело од Исусовата верност. Увидувајќи го тоа, тој се молел: „Татко мој, ако е можно, нека ме одмине оваа чаша. Сепак, не како јас што сакам, туку како ти што сакаш“ (Матеј 26:39). Дури и под најжесток притисок, Исус никогаш не се поколебал во својата спремност да се подложи на волјата на својот Татко.

‚Духот е горлив, но телото е слабо‘

Со оглед на тоа што Исус претрпел силен емоционален стрес додека му служел на Јехова, можеме да очекуваме Сатана да примени притисок и врз нас како Божји слуги (Јован 15:20; 1. Петрово 5:8). Освен тоа, ние сме несовршени. Значи, дури и ако спремно му служиме на Бог, тоа нема да ни биде лесно. Исус видел колку се бореле неговите апостоли да извршат сѐ што барал тој од нив. Затоа рекол: „Духот, секако, е горлив, но телото е слабо“ (Матеј 26:41). Во неговото совршено човечко тело немало нешто вродено слабо. Меѓутоа, тој ја имал на ум слабоста на телото на неговите ученици, несовршеноста која ја наследиле од несовршениот Адам. Исус знаел дека поради наследената несовршеност и ограничувањата, кои се последица од неа, тие ќе мораат да водат борба за да прават сѐ што би сакале во Јеховината служба.

Значи, можеби се чувствуваме како апостол Павле, кој бил длабоко вознемирен кога несовршеноста ја кочела неговата способност да му служи целосно на Јехова. „Способност да сакам имам во себе“, напишал Павле, „но способност да го правам она што е добро, немам“ (Римјаните 7:18). И ние увидуваме дека не можеме во потполност да ги извршуваме сите добри работи што би сакале (Римјаните 7:19). Тоа не е поради некаква колебливост од наша страна. Тоа е едноставно поради тоа што слабоста на телото ги попречува дури и нашите најдобри напори.

Да не очајуваме. Ако имаме срдечна спремност да правиме сѐ што можеме, Бог сигурно ќе ја прифати нашата служба (2. Коринќаните 8:12). Да ‚дадеме сѐ од себе‘ за да го имитираме Христовиот дух на потполна подложност на Божјата волја (2. Тимотеј 2:15; Филипјаните 2:5—7; 1. Петрово 4:1, 2). Јехова ќе го награди и ќе го поддржи таквиот спремен дух. Тој ќе ни ја даде „силата која ја надминува нормалната“ за да ги надомести нашите слабости (2. Коринќаните 4:7—10). Со Јеховина помош ние, како и Павле, ‚со големо задоволство ќе трошиме сѐ и ќе бидеме потполно потрошени‘ во Неговата скапоцена служба.

[Слика на страница 21]

Павле спремно му служел на Бог до својот максимум

[Слика на страница 23]

Дури и под најголем стрес, Исус ја извршил волјата на својот Татко

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели