ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/10 стр. 32
  • ‚Не жалете како и другите‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Не жалете како и другите‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/10 стр. 32

‚Не жалете како и другите‘

ДАЛИ некогаш си забележал како цвеќето ја наведнува својата главичка после некое невреме? На некој начин, тоа е трогателна глетка. На крајот на краиштата, поројниот дожд очевидно принудил безброј животни и луѓе — суштества многу поголеми од било кое цвеќе — да побараат засолниште. Сепак, цвеќето си стоело таму, вкоренето, соочувајќи се со силната фурија. Ете го, стои нечепнато, свиткано но не и скршено, покажувајќи цврстина која не одговара на нежниот изглед. Додека се восхитуваш, можеби се прашуваш дали тоа повторно ќе ја обнови својата јачина и дали уште еднаш ќе ја крене својата прекрасна главичка кон небото.

Многу слично е и со луѓето. Во овие мачни времиња се соочуваме со секакви луњи. Економски тешкотии, депресии, нарушено здравје, смрт на некој сакан — ваквите бури одвреме навреме нѐ напаѓаат сите нас, и понекогаш не можеме да ги избегнеме како што тоа не може да го стори ни цвеќето, да се искорне и да побара засолниште. Трогателно е да се види кога поединци кои изгледаат прилично нејаки покажуваат зачудувачка снага и издржуваат такви силни напади. Како го постигнуваат тоа? Клучот за тоа честопати е верата. Исусовиот полубрат Јаков напишал: „Знајте дека кога вашата вера е успешна во соочување со такви тешкотии, резултатот е способноста да се издржи“ (Јаков 1:3, Today’s English Version).

Друг клуч е надежта. На пример, кога смртта ќе погоди некој наш сакан, надежта многу ќе значи за живите. Апостол Павле им напишал на христијаните во Солун: „Браќа, не сакам да не знаете за умрените, за да не жалите како и другите, што немаат надеж“ (1. Солунјаните 4:13). Иако христијаните сигурно тагуваат поради смртта, сепак постои разлика. Тие имаат точно спознание за состојбата на мртвите и за надежта во воскресението (Јован 5:28, 29; Дела 24:15).

Ова спознание им дава надеж. А како резултат на тоа, таа надеж постепено ја ублажува нивната болка. Им помага да издржат, и уште повеќе од тоа. Со текот на времето, како цвеќето после бурата, тие можат да ги подигнат своите глави од тагата и повторно да најдат радост и исполнетост во животот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели