ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Се приближува вашето избавување“!
    Стражарска кула 2015 | 15 Јули
    • 14, 15. Какво собирање ќе има откако ќе започне нападот на Гог од Магог, и на кој начин ќе се случи тоа?

      14 Што ќе се случи откако Гог од Магог ќе го започне нападот врз Божјиот народ? И Матеј и Марко го опишале истиот настан: „[Синот човечки] ќе ги испрати ангелите и ќе ги собере своите избрани од четирите страни на светот, од крајот на земјата до крајот на небото“ (Мар. 13:27; Мат. 24:31). Ова собирање не се однесува на првото обележување со печат на помазаниците ниту, пак, на конечното запечатување на преостанатите помазаници, кое ќе се изврши пред да почне големата неволја (Мат. 13:37, 38; Отк. 7:1-4). Тогаш, на кое собирање мислел Исус? Тој се осврнал на времето кога преостанатите од 144-те илјади ќе ја добијат својата небесна награда (1. Сол. 4:15-17; Отк. 14:1). Овој настан ќе се случи во одреден момент откако Гог од Магог ќе тргне во конечен напад врз Божјиот народ (Езек. 38:11). Во тоа време ќе се исполнат следниве зборови на Исус: „Тогаш праведниците ќе светат како сонце во царството на својот Татко“ (Мат. 13:43).b

      15 Мнозина во црквите на христијанскиот свет веруваат дека христијаните ќе бидат земени на небото во своите човечки тела. Тие мислат дека потоа Исус ќе се врати на видлив начин за да владее со Земјата. Но, Библијата јасно вели дека на небото ќе се појави „знакот на Синот човечки“ и дека Исус ќе дојде „на облаците небесни“ (Мат. 24:30). И двата израза укажуваат дека неговото враќање ќе биде невидливо. Освен тоа, апостол Павле напишал дека „телото и крвта не можат да го наследат Божјето царство“. Затоа, оние што ќе бидат земени на небото мора најпрво ‚да се преобразат, во еден момент, за миг, при звукот на последната труба‘.c (Прочитај 1. Коринќаните 15:50-53.) Според тоа, сите верни помазаници кои сѐ уште се на Земјата ќе бидат собрани на небото во еден миг.

  • „Се приближува вашето избавување“!
    Стражарска кула 2015 | 15 Јули
    • c Помазаниците кои ќе бидат живи во тоа време нема да бидат земени на небото во своето човечко тело (1. Кор. 15:48, 49). Нивните тела веројатно ќе бидат отстранети на ист начин како што било отстрането човечкото тело на Исус.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели