ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/4 стр. 29-31
  • „Бапски приказни одбегнувај“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бапски приказни одбегнувај“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Испитувачки зборови на вистината
  • Приказни за натприродното
  • Да се отфрли сведоштвото на демоните
  • Предлог за овој месец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Продолжи да го практикуваш она што си го научил
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Ќе ги послушаш ли Јеховините јасни предупредувања?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Спротивстави му се на Ѓаволот
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/4 стр. 29-31

„Бапски приказни одбегнувај“

БИБЛИЈАТА е полна со искуства и извештаи за луѓе. Но, ние не само што уживаме додека ги читаме туку и извлекуваме корист од нив. Апостол Павле до христијанското собрание во Рим напишал: „А сѐ, што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж“ (Римјаните 15:4).

Самиот Павле раскажувал искуства. За крајот од првото мисионерско патување на Павле и Варнава Библијата вели: „Штом пристигнаа [во сириска Антиохија] и ја собраа црквата, тие прикажуваа за сѐ, што направи Бог со нив“ (Дела 14:27). Сигурно браќата биле многу охрабрени со овие искуства.

Но, сите искуства не се изградувачки. Под вдахновение, Павле го предупредил Тимотеј: „Од погани и бапски приказни одбегнувај“ (1. Тимотеј 4:7). А на Тит му пишал дека лојалните христијани не би требало да „слушаат јудејски бајки и заповеди од луѓе, кои одвраќаат од вистината“ (Тит 1:14).

Какви биле овие бапски приказни или бајки? И двата термини се превод на грчкиот збор митос („мит“). The International Standard Bible Encyclopaedia наведува дека овој збор означува „(религиозна) приказна која нема никаква врска со стварноста“.

Светот во времето на Павле бил преполн со такви приказни. Еден таков пример е апокрифната книга Товит која веројатно е напишана преку двесте години пред времето на Павле. Приказната ни зборува за Товит, набожен Евреин кој ослепел откако во очите му паднал птичји измет. Подоцна го испратил својот син Товија да собере данок. На патот, по упатство на еден ангел, Товија зема срце, црн дроб и жолчка од една риба. Потоа запознава една вдовица која, иако била мажена седум пати, останала девица бидејќи секој маж бил убиен од еден зол дух на свадбената ноќ. Но наговорен од ангелот, Товија се жени со неа и го истерува демонот така што ги гори срцето и црниот дроб на рибата. Со жолчката од рибата Товија подоцна му го враќа видот на татка си.

Очигледно, оваа приказна не е вистинита. Освен што е необична и суеверна, содржи и грешки. На пример, извештајот вели дека Товит бил сведок и на буната на северните племиња и на депортацијата на Израелците во Ниневија, настани од израелската историја одвоени 257 години. А приказната вели дека кога умрел, Товит имал 112 години (Товит 1:4, 11; 14:1, The Jerusalem Bible).

Овие приказни се противни на вистинитиот ‚образец на здрави зборови‘ објавени од страна на верни Божји слуги (2. Тимотеј 1:13). Тие се производ на фантазијата, спротивни на историските факти, работи кои ги раскажале безбожни баби. Вакви приказни христијаните требало да одбегнуваат.

Испитувачки зборови на вистината

Слични приказни изобилуваат и денес. Павле напишал: „Оти ќе дојде време, кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но . . . ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се обрнат кон бајки“ (2. Тимотеј 4:3, 4). Во некои краеви приказните за натприродното се раширени и популарни. Поради тоа, христијаните мудро ‚ги разбираат [испитуваат, НС] зборовите‘ од религиозните приказни за да утврдат дали тие се во согласност со Библијата (Јов 12:11).

Јасно, повеќето не се во склад со Библијата. На пример, во многу делови од светот вообичаено е да се слушаат приказни кои го поддржуваат мислењето дека човечката душа е бесмртна. Ваквите приказни опишуваат како човекот умира само за да се појави повторно во тело на некое новородено дете, како дух, животно, или како човек на некое друго место.

Меѓутоа, Божјата Реч покажува дека човечката душа не е бесмртна. Душата умира (Језекиил 18:4). Што е уште поважно, Библијата вели дека мртвите се беживотни во гробот, неспособни да мислат, зборуваат или било што да сторат (Проповедник 9:5, 10; Римјаните 6:23). Затоа, оние кои се измамени од лажните приказни кои ја унапредуваат идејата дека душата е бесмртна се, како што рекол Павле, ‚одвратени‘ од ‚здравото учење‘ на Библијата.

Приказни за натприродното

Други приказни се вртат околу делата на вештерките и волшебниците. На пример, во некои делови на Африка овие застапници на злото велат дека поседуваат ужасни сили и дека се во состојба да се претворат себеси или другите во рептили, мајмуни и птици, да летаат низ воздухот за да ја исполнат својата мисија, дека се во состојба да се појавуваат и исчезнуваат, да поминуваат низ ѕид или да видат предмети закопани длабоко во земјата.

Преплавеноста со вакви приказни, заедно со раширеното верување во нив можат да влијаат дури и некои во христијанското собрание да поверуваат дека тие се вистинити. Можат да почнат да размислуваат дека, иако нормалните луѓе не можат да вршат такви работи, можат оние кои добиваат натчовечки сили од духовните суштества, демоните. Наводно основа за таквиот заклучок им е и 2. Солунјаните 2:9, 10 каде се вели: „Оној, чие јавување, по дејството на сатаната, е со секаква сила и знаци и лажни чудеса, и со секакво неправедно измамување меѓу оние, кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината за своето спасение“.

Вистина, овие стихови покажуваат дека Сатана е способен за моќни дела, но се спомнува дека тој е и авторот на ‚знаците и лажните чудеса‘ како и на ‚неправедното измамување‘. Значи, Библијата покажува дека Сатана е праизмамник кој „ја мами целата вселена“ (Откровение 12:9). Тој е стручњак да ги натера луѓето да веруваат во работи кои не се вистинити.

Поради сето ова, дури и сведоштвото и изјавата од оние кои биле вмешани во спиритизам и вештерство се често пати далеку од веродостојното. Таквите луѓе можеби искрено веруваат дека виделе, чуле или доживеале извесни работи, а сепак во суштина тоа не се случило. На пример, има такви кои сметаат дека разговарале со духовите на умрените. Но таквите се заведени, измамени, жртви на Сатановите измами. Библијата вели дека мртвите „слегуваат во ад [тишина, НС]“ (Псалм 113:25).

Со оглед на Ѓаволовата историја на измамништво, вистинитоста на натприродните приказни во секој случај е сомнителна. Повеќето се измислици на празноверните имагинации, преувеличени со постојаното прераскажување.

Кружењето на ваквите приказни ги унапредува интересите на таткото на лагата, Сатана Ѓаволот (Јован 8:44). Тие го поттикнуваат интересот за окултните практики кои на Јехова му се одвратни (5. Мојсеева 18:10-12). Ги фаќаат луѓето во замката на стравот и празноверието. Не е ни чудо што Павле ги советувал христијаните да не се „занимаваат со басни“ (1. Тимотеј 1:3, 4).

Да се отфрли сведоштвото на демоните

Но што ако приказните изгледа дека се вистинити? Понекогаш некои раскажуваат искуства за духови или спиритисти кои ја признале врховноста на Јехова или вистинитоста на неговите Сведоци. Дали христијаните треба да ги раскажуваат таквите приказни?

Не, се разбира. Библијата вели дека, кога нечисти духови извикувале дека Исус е Син Божји, тој ‚строго им забранил да разгласуваат за Него‘ (Марко 3:12). Исто така, кога еден претскажувачки демон принудил една девојка да ги идентификува Павле и Варнава како „слуги на Севишниот Бог“ и објавители на „патот на спасението“, Павле го истерал духот од неа (Дела 16:16-18). Ниту Исус, ниту Павле, ниту кој и да е друг библиски писател не дозволил демоните да сведочат за Божјата намера или за намерите на неговите избрани слуги.

За забележување е и тоа дека Исус Христос живеел во духовниот свет пред да дојде на Земјата и лично го познавал Сатана. Сепак, Исус не ги занимавал своите ученици со приказни за Сатановите дела, ниту пак им пружал детали во врска со тоа што Ѓаволот може или не може да направи. Сатана и неговите демони не му биле пријатели на Исус. Тие биле отпадници, бунтовници, го мразеле она што е свето и биле Божји непријатели.

Библијата ни го кажува она што е потребно да го знаеме. Објаснува кои се демоните, на кој начин ги заведуваат луѓето и како можеме да ги одбегнеме. Покажува дека Јехова и Исус се далеку помоќни од демоните. А нѐ поучува и дека, ако ние лојално му служиме на Јехова, злите духови не можат да ни направат никаква трајна штета (Јаков 4:7).

Затоа, со добра причина христијаните одбегнуваат такви приказни, приказни кои само ги унапредуваат интересите на оние кои му се противат на Бог. Токму како што Исус ‚сведочел за вистината‘, така тоа го прават и денешните негови следбеници (Јован 18:37). Тие мудро внимаваат на библиското предупредување: „На она што е вистинско . . . на тоа мислете“ (Филипјаните 4:8).

[Слика на страница 31]

Вистинските христијани мораат строго да ги одбегнуваат сите окултни појави

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели