ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/11 стр. 15-21
  • Образование со цел

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Образование со цел
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потребни се вештини за да се биде делотворен слуга
  • Предности од правилното школување
  • Соодветно образование
  • Урамнотежено гледиште за образованието
  • Да се пресметаат трошоците
  • Обединет, образован народ
  • Дали Библијата одвратува од образованието?
    Разбудете се! 1998
  • Каков став имаат Јеховините сведоци кон образованието?
    Најчесто поставувани прашања
  • Образование — користи го за да го фалиш Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Треба ли моето дете да оди на училиште?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/11 стр. 15-21

Образование со цел

„Научи го праведниот, и тој повеќе ќе напредне во знаењето“ (СОЛОМОНОВИ ИЗРЕКИ 9:9).

1. Што очекува Јехова од своите слуги во врска со знаењето?

ЈЕХОВА е „Бог на знаењето“ (1. Царства 2:3). Тој ги образува своите слуги. Мојсеј прорекол дека, во тоа време, другите народи за Израел ќе велат: „Овој голем народ е мудар и разумен народ“ (5. Мојсеева 4:6). И вистинските христијани треба да бидат образовани. Тие треба да бидат одлични проучувачи на Божјата Реч. Павле ја покажал целта на таквото проучување кога напишал: „Не престанувавме да се молиме и да сакаме да се исполните со познавање [со точното спознание, NW] на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање, та да постапувате достојно за Бога, угодувајќи Му во сѐ, принесувајќи плод во секое добро дело и да растете во познавањето на Бога“ (Колосјаните 1:9, 10).

2. а) Што е неопходно за да се стекне точно спознание за Бог? б) Како Водечкото тело на Јеховините сведоци обрнало внимание на таа работа?

2 Проучувањето со изглед да се стекне точно спознание за Бог и неговите намери бара барем минимално образование. Но, многу луѓе кои ја дознале вистината од Божјата Реч живеат во земји каде што имале малку или никаква прилика да се здобијат со соодветно световно образование. Се наоѓале во неповолна состојба. За да го реши овој проблем Водечкото тело на Јеховините сведоци веќе многу години досега давало упатства, таму каде што е потребно, за да се организираат класови за описменување во рамките на собранијата. Пред повеќе од 30 години, бразилскиот весник Diário de Mogi објави статија под насловот: „Јеховините сведоци водат борба против неписменоста“. Таа изјавила: „Еден способен подучувач започнува . . . стрпливо да ги поучува другите да читаат и да пишуваат. . . . Учениците, поради самите околности кои ги присилуваат како Божји слуги, мораат да го развиваат своето познавање на јазикот за да бидат добри говорници“. На тој начин, на илјадници луѓе ширум светот им било овозможено да станат добри проучувачи на Божјата Реч. Тие се зафатиле со тоа основно образование, имајќи во мислите возвишена цел.

Потребни се вештини за да се биде делотворен слуга

3, 4. а) Зошто вистинските христијани се заинтересирани за образование? б) Каква била состојбата во Израел, и кое основно образование е неопходно во нашите собранија денес?

3 Вистинските христијани се заинтересирани за образование, но не заради самото образование, туку за да станат поделотворни Јеховини слуги. Христос на сите христијани им го дал налогот да ‚ги научат сите народи, . . . учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал‘ (Матеј 28:19, 20). За да можат да ги поучуваат другите, прво мораат самите да се научат, а тоа бара добри методи на проучување. Мораат да ја имаат способноста внимателно да ја испитуваат Библијата (Дела на св. апостоли 17:11). За да го исполнат својот налог, треба да бидат во состојба да читаат течно. (Види Авакум 2:2; 1. Тимотеј 4:13).

4 Како што видовме во претходната статија, постои добра причина да веруваме дека, во целина, дури и најмладите во древниот Израел знаеле да читаат и пишуваат (Судии Израилеви 8:14; Исаија 10:19). Христијанските слуги денес мораат да имаат уредни забелешки додека сведочат од куќа до куќа. Тие пишуваат писма, запишуваат на состаноците, прават белешки во својот студиски материјал за проучување. Сето тоа бара читлив ракопис. За водење на сметководни книги во христијанското собрание е потребно најосновното знаење од математиката.

Предности од правилното школување

5. а) Од каде потекнува зборот „школа“? б) Која прилика треба да ја искористат младите?

5 Занимливо е дека зборот „школа“ доаѓа од грчкиот збор сколе́, што во почетокот значело „слободно време“ или употреба на слободното време за некоја сериозна активност, како што е учењето. Подоцна го означувало местото каде што се вршело таквото учење. Тоа покажува дека, во одредено време — во Грција и во повеќето други земји — само привилегираната класа имала слободно време да учи. Работничката класа обично останувала во незнаење. Денес, во повеќето земји, на децата и на младите им се дава време да учат. Секако дека младите Сведоци треба да го откупат поволното време за да станат добро информирани и способни Јеховини слуги (Ефесјаните 5:15, 16).

6, 7. а) Кои се некои од предностите на правилното школување? б) На кои начини може да биде корисно учењето на странски јазик? в) Каква е состојбата денес меѓу многу млади луѓе кога ќе го завршат училиштето?

6 Основното знаење по историја, географија, природните науки и слично, ќе им овозможи на младите Сведоци да станат урамнотежени слуги. Нивното школување ќе ги поучи не само за многу предмети, туку и за процесот на учење. Вистинските христијани не престануваат со учење и проучување кога ќе го напуштат училиштето. Меѓутоа, колку ќе извлечат од своето проучување во голема мера ќе зависи од нивното знаење како да учат. И световното и собраниското школување може да им помогне да ги развијат своите мисловни способности (Соломонови изреки 5:1, 2). Кога ќе читаат, подобро ќе можат да препознаат што е важно и што заслужува да се забележи и запомни.

7 На пример, учењето на странски јазик не само што ќе ја развие умствената способност на младите луѓе, туку и ги прави покорисни за Јеховината организација. Во некои подружници на Друштвото Стражарска кула, повеќе млади браќа откриле дека е корисно да можат течно да зборуваат и да читаат англиски. Освен тоа, сите христијански слуги треба да се трудат да имаат јасен изговор на својот мајчин јазик. Добрата вест на Царството заслужува да биде изразена на еден јасен, граматички правилен начин. Фактите покажуваат дека денес во светот многу млади по завршувањето на училиштето и понатаму имаат потешкотии со правилното пишување и зборување, како и со решавањето на наједноставни математички задачи; а имаат и многу нејасно знаење по историја и географија.

Соодветно образование

8. Кои библиски стихови се однесуваат на темата за световно образование и за способноста човек сам да се издржува?

8 Затоа, се чини дека е прикладно време да се земе во обѕир ставот на христијанинот спрема световното образование. Кои библиски начела се однесуваат на таа тема? Прво, во повеќето земји правилната подложност на „цезарот“ бара христијанските родители да ги праќаат своите деца на училиште (Марко 12:17; Тит 3:1). Што се однесува до младите Сведоци, во својата училишна работа треба да го имаат на ум цитатот од Колосјаните 3:23, каде што стои: „И сѐ, што правите, правете го од душата, како за Господа, а не за луѓе“. Второ начело што е вклучено е тоа дека христијаните треба да бидат во состојба сами да се издржуваат, па и ако се полновремени пионерски слуги (2. Солунјаните 3:10-12). Ако е оженет, мажот треба да биде во можност вистински да се грижи за својата сопруга и децата кои би им се родиле, со посебна мала парична резерва за да дадат на оние кои се во оскудица и да го поддржуваат светското дело на проповедање (Ефесјаните 4:28; 1. Тимотеј 5:8).

9, 10. а) Што се чини дека е тренд во многу земји? б) Што би можел еден пионерски слуга да смета за пристојни примања?

9 Колкаво образование му е потребно на еден млад христијанин за да ги почитува овие библиски начела и да ги задоволи своите христијански обврски? Тоа се разликува од земја до земја. Но, во целина, изгледа дека општиот тренд во многу земји е таков што степенот на образование кое е потребно да се заработи пристојна плата сега е повисок отколку што беше пред неколку години. Извештаите добиени од подружниците на Друштвото Стражарска кула во различни делови од светот покажуваат дека во многу места е тешко да се најде работа со пристојни примања веднаш по завршувањето на основното образование кое се бара со законот, а во некои земји дури и после завршувањето на средно училиште или, пак, виша школа.

10 Што се мисли со „пристојни примања“? Тоа не значи високо платени работни места. Во овој контекст Webster’s Dictionary „пристојно“ го дефинира како „соодветно, задоволувачки“. Што би можело да се нарече „соодветно“ на пример, за оние кои сакаат да бидат пионерски слуги на добрата вест? На таквите обично им треба работа со скратено работно време за да избегнат да им наметнат „скап товар“ (NW) на своите браќа или на своето семејство (1. Солунјаните 2:9). Нивните примања би можеле да се наречат „соодветни“ или „задоволувачки“ ако она што го заработуваат им дозволува пристојно да живеат, а им остава доволно време и сили за извршување на нивната христијанска служба.

11. Зошто некои млади се откажале од пионерската служба, и кое прашање се поставува?

11 Каква е често ситуацијата денес? Се извсетува дека во некои земји многу добронамерни млади луѓе го напуштиле училиштето по завршувањето на основното училиште, кое било задолжително, со цел да бидат пионери. Немале никакво занимање или световни квалификации. Кога родителите не би им помагале финансиски, би морале да најдат работа со скратено работно време. Некои морале да прифатат работни места кои од нив барале да работат долги часови за да излезат на крај. Бидејќи физички биле изморени, ја напуштиле пионерската служба. Што би можеле таквите да направат за самите да можат да се издржуваат и да се вратат во пионерската служба?

Урамнотежено гледиште за образованието

12. а) Кои две екстремни гледишта, во врска со образованието, ќе ги избегнува еден христијанин? б) За која цел треба да им служи образованието на предадените Јеховини слуги?

12 Може да помогне урамнотеженото гледиште за образованието. За многу млади луѓе од светот, образованието е знак на престиж, нешто што им помага да се искачат на општествената скала, клуч до успешен, материјалистички начин на живот. За други, школувањето е обична работа која треба што побрзо да се заврши. Ниту еден од тие гледишта не е соодветен за вистинските христијани. Тогаш, што би можело да се нарече „урамнотежено гледиште“? Христијаните треба на образованието да гледаат како на средство за постигнување на одредена цел. Во овие последни денови, нивната цел е да му служат на Јехова колку што е можно повеќе и поделотворно. Ако во земјата каде што живеат, основното или дури и средното образование само им дозволува да најдат работни места со недоволни приходи за нивното издржување како пионери, тогаш би можело да се размисли за дополнително образование или школување. Тоа би одело паралелно со посебната цел за полновремена служба.

13. а) Како една сестра од Филипините била во можност да ја продолжи својата пионерска служба додека ги задоволувала своите семејни обврски? б) Кое предупредување е навремено?

13 Некои одат на курсеви за оспособување кои им отвориле прилики за работни места, овозможувајќи им да стапат или да продолжат со полновремената служба. Една сестра од Филипините била главниот хранител на семејството, а сакала да биде пионер. Подружницата известува: „Била во можност да го стори тоа затоа што добила додатно образование да се оспособи како книговодител со положен државен испит“. Истиот тој извештај наведува: „Постои доста голем број кои студираат, а истовремено биле во можност да ги уредат плановите за да бидат пионери. Воглавно стануваат подобри објавители затоа што се постудиозни, под услов да не постанат претерано амбициозни по световни цели“. Последната забелешка треба да ни даде причина за размислување. Каде што тоа се чини неопходно, целта на дополнителното школување не смее да се испушти од вид или да се замени со материјалистичка цел.

14, 15. а) Зошто не треба да се поставуваат строги правила во поглед на образованието? б) Какво световно образование добиле некои одговорни браќа, но што било надоместено за тоа?

14 Во неколку земји, средните училишта пружаат професионална обука кое може да го подготви младиот христијанин за некој занает или занимање до матурирањето. Дури и кога тоа не е случај, во некои земји храбрите млади со само основно образование наоѓаат работа со скратено работно време која им овозможува да заработат доволно за да бидат пионери. Затоа не треба да се поставуваат строги правила било за или против додатното образование.

15 Многумина кои сега служат на одговорни положби како патувачки надгледници, во светската централа на Друштвото или во некоја од подружниците, имаат само основно образование. Биле верни пионери кои никогаш не престанале со учење, добиле обука и им биле доверени поголеми одговорности. Тие не се каат. Од друга страна, некои од нивните современици избрале да се здобијат со универзитетско образование и запреле во духовниот напредок, подјармени од филозофиите кои ја уништуваат верата и од „мудроста на овој свет“ (1. Коринтјаните 1:19-21; 3:19, 20; Колосјаните 2:8).

Да се пресметаат трошоците

16. а) Кој одлучува дали понатамошното образование е пожелно, и што треба да се има на прво место во мислите? б) Што треба да се земе предвид?

16 Кој одлучува дали еден млад христијанин треба да се зафати со понатамошно образование или обука? Тука доаѓа до израз библиското начело за поглаварство (1. Коринтјаните 11:3; Ефесјаните 6:1). Врз таа основа родителите секако дека ќе сакаат своите деца да ги водат при изборот на занает или занимање и, соодветно на тоа, во висината на образованието којашто ќе биде потребна. Во многу земји, изборите на образование и занимање мора да се направат во текот на средното образование. Тоа е време кога христијанските родители и младинци треба да бараат водство од Јехова за да направат мудар избор, имајќи ги интересите на Царството на прво место. Младите луѓе имаат разновидни склоности и способности. Мудрите родители ќе ги земат предвид и нив. Секоја чесна работа е достојна за почитување, било да е тоа умствена или физичка. Иако светот можеби ја возвишува канцелариската работа, а ја потценува напорната физичка работа, Библијата сигурно не го прави тоа (Дела на св. апостоли 18:3). Затоа кога родителите и младите христијани денес, внимателно и во молитва ги одмеруваат предностите и недостатоците, и одлучат за или против студии после средна школа, останатите во собранието не треба да ги критизираат.

17. Каков избор прават некои родители Сведоци за своите деца?

17 Ако христијанските родители одговорно одлучат да им пружат на своите деца понатамошно образование после средното училиште, тоа е нивно исклучиво право. Времето на студиите зависи од видот на избраниот занает или занимање. Поради финансиски причини и со цел на своите деца да им овозможат што побрзо да стапат во полновремена служба, многу христијански родители им избрале програми за учење со кратки семестри во стручните или техничките училишта. Во некои случаи било потребно младите да се оспособуваат за некој занает, но секогаш со цел во животот потполно да му служат на Јехова.

18. Што треба да се има на ум ако се посетуваат додатни курсеви?

18 Ако се земат додатни курсеви, секако дека мотивот не треба да биде интелектуално да се светли или да се стреми кон угледна световна кариера. Курсевите треба да бидат внимателно избрани. Ова списание ја нагласува опасноста од високото образование, и тоа со право, зашто голем дел од високото образование му се спротивставува на „здравото учење“ од Библијата (Тит 2:1; 1. Тимотеј 6:20, 21). Понатаму, од 1960-те, многу школи за високо образование станале жаришта на беззаконие и неморалност. „Верниот и разумен роб“ одлучно советува да не се стапува во таква средина (Матеј 24:12, 45). Меѓутоа, мора да се признае дека во денешно време младите се среќаваат со истите овие опасности во средните училишта и во техничките високи школи, па дури и на работното место (1. Јованово 5:19).a

19. а) Какви мерки на претпазливост треба да преземат оние кои одлучуваат да посетуваат дополнителни курсеви? б) Како некои го искористиле своето образование на добар начин?

19 Кога ќе се донесе одлука за додатно образование, младиот Сведок добро ќе постапи, ако воопшто е можно, тоа да го стори додека живее дома, и на тој начин да може да ги одржи нормалните христијански навики за проучување, присуствување на состаноци и активноста на проповедање. Во почетокот треба да се заземе и правилен став за библиските начела. Треба да се запомни дека Даниел и неговите тројца еврејски придружници биле заробеници во изгнанство кога биле принудени да преземат понатамошни студии во Вавилон, но постојано ја чувале својата беспрекорност (Даниил, 1. поглавје). Додека на прво место ги ставаат духовните интереси, младите Сведоци во повеќе земји посетуваат курсеви за да се оспособат за скратено работно време како книговодители, трговци, учители, преведувачи, толкувачи или за други занимања кои соодветно би ги издржувале во нивната првенствена кариера како пионери (Матеј 6:33). Голем број такви млади подоцна станале патувачки надгледници или бетелски работници.

Обединет, образован народ

20. За која световна одлика нема место меѓу Јеховиниот народ?

20 Меѓу Јеховиниот народ, без разлика дали занимањето е умствено или физичко, земјоделско или услужно, сите треба да бидат добри проучувачи на Библијата и способни учители. Вештините кои сите ги стекнуваат во читање, студирање и поучување се насочени кон тоа да ја отстранат разликата што ја прави светот помеѓу физичките и канцелариските работници. Тоа резултира во единството и меѓусебното почитување што е особено видливо помеѓу доброволните работници во бетелските домови и на градежните локации на Друштвото Стражарска кула, каде што духовните особини се многу важни и се бараат од сите. Овде, искусниот канцелариски персонал радосно работи со вешти физички работници, покажувајќи благодарна љубов едни спрема други (Јован 13:34, 35; Филипјаните 2:1-4).

21. Каква цел треба да имаат младите христијани?

21 Родители, водете ги вашите деца кон целта да станат корисни членови на општеството на новиот свет! Млади христијани, користете ги вашите прилики за образование како средство кое поцелосно ќе ве оспособи за вашите предности во служењето на Јехова! Како поучени, сите вие покажете се како добро опремени членови на теократското општество, како сега, така и вечно во Божјата ветена „нова земја“ (2. Петрово 3:13; Исаија 50:4; 54:13; 1. Коринтјаните 2:13).

[Фуснота]

a Види и Стражарска кула од 1. септември 1975, стр. 542-544. (англ.)

Провери го своето сеќавање

◻ Зошто вистинските христијани се заинтересирани за образование?

◻ Кои екстремни гледишта околу образованието ќе ги избегнуваат вистинските христијани?

◻ Кои опасности од додатното образование треба да се земат предвид, и какви мерки на претпазливост треба да се преземат?

◻ За која световна одлика нема место меѓу Јеховиниот народ?

[Слика на страница 16]

Со марливо проучување, младите христијани можат да станат покорисни членови на општеството на новиот свет

[Слика на страница 19]

Ако се избере, понатамошното образование треба да биде мотивирано од желбата подобро да му се служи на Јехова

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели