ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 15/2 стр. 25-29
  • Ништо нека не те спречи да се здобиеш со чест

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ништо нека не те спречи да се здобиеш со чест
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „ЈАС НЕ ПРИФАЌАМ СЛАВА ОД ЛУЃЕ“
  • „САКАТЕ ДА ПОСТАПУВАТЕ СПОРЕД ЖЕЛБИТЕ НА СВОЈОТ ТАТКО“
  • „ТИЕ СЕ ВАША СЛАВА“
  • Дали ја одразуваш Јеховината слава?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Ќе ја одразуваш ли Божјата слава?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Дојдете, чујте го јавното предавање „Кој му оддава слава на Бог денес?“
    Разбудете се! 2003
  • Обласните и меѓународните конгреси нѐ поттикнуваат да му оддаваме слава на Бог!
    Нашата служба за Царството 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 15/2 стр. 25-29

Ништо нека не те спречи да се здобиеш со чест

„Оној што е понизен се здобива со чест“ (ИЗР. 29:23)

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • На кој начин Бог ни укажува чест?

  • Што може да нѐ спречи да се здобиеме со чест?

  • Како нашата истрајност може да им помогне на другите да се здобијат со чест и слава од Бог?

1, 2. а) Што значи изворниот хебрејски збор кој во Библијата е преведен со „чест“ или „слава“? б) Кои прашања ќе ги разгледаме во оваа статија?

НА ШТО помислуваш кога ќе ги слушнеш зборовите „чест“ или „слава“? Дали помислуваш на прекрасното творештво кое ја објавува Божјата слава? (Пс. 19:1). Или, пак, на честа и славата што им се оддава на луѓето кои се многу богати, мудри или успешни? Во Библијата, зборовите „чест“ и „слава“ се превод на еден ист збор кој на изворниот хебрејски јазик дословно значи „тежина“. Во старо време, парите се правеле од скапоцени метали како злато или сребро. Колку потешка била парата, толку била поголема нејзината вредност. Затоа зборот преведен со „чест“ или „слава“ може да означува нешто што има голема вредност или важност.

2 Луѓето обично им оддаваат чест на оние што имаат одредена положба, власт или углед. Но, на кои луѓе Бог им укажува чест? Одговорот го наоѓаме во Изреки 22:4, каде што стои: „Понизноста и стравот од Јехова донесуваат богатство, чест и живот“. А ученикот Јаков напишал: „Понизете се пред Јехова, и тој ќе ве возвиши“ (Јак. 4:10). На кој начин Јехова им укажува чест на луѓето? Што може да нѐ спречи да се здобиеме со таква чест? И како можеме да им помогнеме на другите да ја стекнат?

3-5. Како Јехова ‚нѐ доведува до слава‘?

3 Псалмистот имал доверба дека Јехова ‚ќе го фати за десницата и ќе го доведе до слава‘. (Прочитај Псалм 73:23, 24.) Како Бог ги ‚доведува до слава‘ понизните луѓе кои ѝ се послушни на неговата Реч? Така што им покажува милост и ги благословува на многу начини. На пример, тој им помага да ја разберат неговата волја и да бидат блиски пријатели со него (1. Кор. 2:7; Јак. 4:8).

4 Јехова ‚нѐ доведува до слава‘ и со тоа што ни доверува една многу голема одговорност — да ја проповедаме добрата вест (2. Кор. 4:1, 7). Таа служба, со која го фалиме Бог и им помагаме на другите, навистина претставува огромна чест за нас. Тој рекол: „Јас им укажувам чест на оние што мене ми укажуваат чест“ (1. Сам. 2:30). Сите што учествуваат во проповедничкото дело си стекнуваат добро име и кај Бог и кај другите негови слуги (Изр. 11:16; 22:1).

5 Каква иднина им претстои на оние што ‚се надеваат на Јехова и се држат за неговиот пат‘? Библијата ветува: „[Јехова] ќе те возвиши, и ти ќе ја поседуваш земјата. Кога злите ќе бидат истребени, ти ќе го видиш тоа“ (Пс. 37:34). Бог ќе им укаже неспоредлива чест на своите слуги со тоа што ќе ги награди со вечен живот! (Пс. 37:29).

„ЈАС НЕ ПРИФАЌАМ СЛАВА ОД ЛУЃЕ“

6, 7. Зошто мнозина не поверувале дека Исус е Месијата?

6 Може ли нешто да нѐ спречи да се здобиеме со честа која Јехова е спремен да ни ја укаже? Да. На пример, можеби му придаваме преголема важност на мислењето на оние што не се Божји пријатели. Во врска со некои верски водачи во времето на Исус, апостол Јован го напишал следново: „Мнозина од поглаварите поверуваа во [Исус], но поради фарисеите не го признаваа тоа за да не бидат исклучени од синагогата, зашто повеќе ја сакаа славата што доаѓа од луѓе отколку славата што ја дава Бог“ (Јован 12:42, 43). Ќе било многу подобро ако тие поглавари не му придавале толкава важност на мислењето на фарисеите.

7 Исус јасно кажал зошто мнозина нема да го примат и да поверуваат во него. (Прочитај Јован 5:39-44.) Израелскиот народ со векови го очекувал доаѓањето на Месијата. Кога Исус започнал со својата служба, можеби од пророштвата на Даниел некои сфатиле дека дошло времето кога требало да се појави Христос. Неколку месеци пред тоа, кога Јован Крстител почнал да проповеда, мнозина се прашувале: „Да не е можеби тој Христос?“ (Лука 3:15). Сепак, кога Месијата дошол, еврејските верски учители не поверувале во него. Зошто? Исус јасно ја навел причината кога ги прашал: „Како може да верувате, кога прифаќате слава еден од друг, а не ја барате славата што доаѓа од единствениот Бог?“

8, 9. Како може славата од луѓето да ни стане поважна од славата или честа што ни ја укажува Јехова? Наведи споредба.

8 За да сфатиме како славата од луѓето би можела да ни стане поважна од славата или честа што ни ја укажува Јехова, да ја споредиме славата со светлина. Во нашата прекрасна вселена има безброј ѕвезди од кои зрачи блескава светлина. Сигурно во некоја јасна ноќ си гледал во небото кое било послано со илјадници ѕвезди. „Славата на ѕвездите“ навистина може да нѐ остави без здив! (1. Кор. 15:40, 41). Но, како изгледа истото небо ако го гледаме од некоја добро осветлена улица? Поради уличните светилки понекогаш не можеме ни да ги видиме далечните ѕвезди! Дали тоа значи дека вештачката светлина од светилките е посилна или поубава од ѕвездената светлина? Во никој случај! Тие се само поблизу до нас, и затоа нѐ спречуваат да ги видиме ѕвездите. За да можеме во потполност да уживаме во убавината на ноќното небо, мора да бидеме далеку од градските светла.

9 На сличен начин, славата од луѓето може да нѐ спречи да ја цениме и да ја бараме трајната слава што сака да ни ја даде Јехова. Мнозина не ја прифаќаат пораката за Царството бидејќи се плашат што ќе речат за нив роднините или познаниците. Но, дури и на некои Божји слуги им е многу важно што мислат другите за нив. На пример, некој млад брат можеби треба да проповеда на подрачје каде што сите го познаваат, но не знаат дека е Јеховин сведок. Дали ќе собере храброст да проповеда или, пак, ќе се исплаши и ќе се откаже? Друг пример би можел да биде некој што сака да прави повеќе во службата за Јехова, но другите го исмеваат поради неговите цели. Дали ќе им дозволи на оние што немаат толкаво ценење за духовните работи да влијаат врз неговите одлуки? А што ако некој направил тежок грев? Дали ќе го крие затоа што се плаши дека ќе ги изгуби своите одговорности во собранието или дека ќе ги разочара пријателите и семејството? Ако му е најважно да си го подобри нарушениот однос со Јехова, тој ќе „ги повика старешините од собранието“ и ќе побара помош од нив. (Прочитај Јаков 5:14-16.)

10. а) Што може да се случи ако ни е многу важно што мислат другите за нас? б) Во што може да бидеме уверени ако сме понизни?

10 Можеби сметаш дека даваш сѐ од себе за да станеш подобар христијанин, но сепак некој соверник одвреме-навреме ти дава совети. Како реагираш? Дали гордоста и стравот да не се посрамиш пред другите те тераат да се браниш и да си бараш изговори за своето однесување? Или, пак, ги прифаќаш добронамерните совети и извлекуваш корист од нив? Да земеме еден друг пример. Можеби треба да завршиш одредена задача заедно со некој сохристијанин. Дали ќе ти биде важно на крајот да ти се оддаде признание за идеите што си ги дал и за трудот што си го вложил? Ако се најдеш во која и да било од овие ситуации, биди уверен дека „оној што е понизен се здобива со чест“ (Изр. 29:23).

11. Како треба да се чувствуваме кога другите ќе нѐ пофалат за нешто, и зошто?

11 Старешините и другите браќа кои сакаат да имаат повеќе одговорности во собранието исто така не треба да бараат слава од луѓе (1. Тим. 3:1; 1. Сол. 2:6). Како би требало да реагира еден брат кога другите искрено ќе го пофалат за нешто? Се разбира, нема да си подигне споменик за себе, како што направил цар Саул (1. Сам. 15:12). Но, дали признава дека она што го постигнал се должи само на помошта од Јехова, и дека мора и понатаму да се потпира на Него ако сака да биде успешен во иднина? (1. Пет. 4:11). Она што го чувствуваме кога некој ќе нѐ пофали открива каква слава навистина посакуваме (Изр. 27:21).

„САКАТЕ ДА ПОСТАПУВАТЕ СПОРЕД ЖЕЛБИТЕ НА СВОЈОТ ТАТКО“

12. Зошто некои Евреи не го слушале Исус?

12 Што друго може да нѐ спречи да се здобиеме со честа која сака да ни ја укаже Бог? Тоа се нашите погрешни желби. Тие може да нѐ наведат воопшто да не сакаме да ја слушаме вистината. (Прочитај Јован 8:43-47.) На пример, Исус им рекол на некои Евреи дека не ја слушале неговата порака бидејќи ‚сакале да постапуваат според желбите на својот татко, Ѓаволот‘.

13, 14. а) Што велат научниците за нашиот мозок и за говорот? б) Од што зависи кого ќе слушаме?

13 Понекогаш го слушаме само она што сакаме да го чуеме (2. Пет. 3:5). Јехова нѐ создал со извонредна способност да се концентрираме на една работа без да им обрнуваме внимание на другите звуци. Застани за миг и размисли колку различни звуци слушаш сега. Веројатно пред малку не беше свесен за многу од нив. Иако ги прима и ги обработува сите звуци од околината, твојот мозок автоматски ти помага да се фокусираш само на една работа. Но, научниците утврдиле дека мозокот многу потешко го прави тоа кога станува збор за говор. На пример, ако двајца ти зборуваат истовремено, мора да избереш на кого ќе му обрнеш внимание. А изборот ќе зависи од тоа кого сакаш да го слушаш. Евреите кои сакале да ги вршат желбите на нивниот татко, Ѓаволот, не го слушале Исус.

14 Библијата вели дека, во симболична смисла, и ‚мудроста‘ и ‚глупавоста‘ нѐ повикуваат да ги слушаме (Изр. 9:1-5, 13-17). Но, ние можеме да избереме која од нив ќе ја слушаме. Изборот ќе зависи од тоа кому сакаме да му угодиме. Овците на Исус го слушаат неговиот глас и одат по него (Јован 10:16, 27). Тие се „на страната на вистината“ и „не го познаваат гласот на туѓинците“ (Јован 10:5; 18:37). Таквите понизни лица се здобиваат со слава (Изр. 3:13, 16; 8:1, 18).

„ТИЕ СЕ ВАША СЛАВА“

15. Во која смисла неволјите на Павле биле ‚слава‘ за другите?

15 Како може да им помогнеме и на другите да се здобијат со слава од Бог? Еден начин е така што ќе бидеме истрајни. Павле му го напишал следново на собранието во Ефес: „Ве молам да не паднете со духот поради моите неволји што ги поднесувам заради вас, зашто тие се ваша слава“ (Еф. 3:13). Во која смисла неволјите на Павле биле ‚слава‘ за Ефешаните? Со тоа што бил решен да им служи на своите браќа и покрај тешкотиите, Павле им покажал дека службата за Бог е најскапоценото нешто за еден христијанин. Ако се откажел кога се соочил со проблеми, неговите браќа можеле да заклучат дека нивното пријателство со Јехова, нивната служба и нивната надеж не се толку важни. Со својата истрајност, Павле им покажал дека вреди да се направи секоја жртва за да се биде ученик на Исус.

16. Што му се случило на Павле во Листра?

16 Размисли за влијанието што го имале ревноста и истрајноста на Павле врз браќата. Во Дела 14:19, 20 се вели: „Од Антиохија и од Иконија стигнаа Евреи и го придобија мноштвото, па го каменуваа Павле и го одвлечкаа надвор од градот [Листра], мислејќи дека е мртов. А кога учениците го опколија, тој стана и влезе во градот. Утредента со Варнава замина за Дерва“. Замисли колку тешко мора да му било на Павле да патува околу 100 километри пешки откако претходниот ден бил каменуван речиси до смрт!

17, 18. а) Од каде знаел Тимотеј за страдањето што го доживеал Павле во Листра? б) Какво влијание имала истрајноста на Павле врз Тимотеј?

17 Дали Тимотеј бил сведок на каменувањето на Павле? Можно е, иако тоа не е конкретно наведено во книгата Дела. Како и да е, Тимотеј знаел што му се случило на овој апостол, бидејќи во второто послание Павле му го напишал следново: „Ти добро ги запозна моето учење, мојот начин на живот... она што ми се случи во Антиохија [од каде што бил истеран], во Иконија [каде што се обиделе да го засипат со камења], во Листра [каде што бил каменуван], прогонствата што ги поднесов. Но Господарот ме избави од сите нив“ (2. Тим. 3:10, 11; Дела 13:50; 14:5, 19).

18 Тимотеј знаел дека Павле истрајно ги поднел сите тие неволји, и тоа му оставило силен впечаток. Кога подоцна повторно дошол во Листра, Павле дознал дека Тимотеј е одличен пример во христијанското собрание, и за него ‚зборувале добро браќата во Листра и во Иконија‘ (Дела 16:1, 2). Со текот на времето, Тимотеј бил спремен да врши уште поголеми одговорности (Фил. 2:19, 20; 1. Тим. 1:3).

19. Какво влијание може да има нашата истрајност врз другите?

19 Ако и ние истрајно ја вршиме Божјата волја, со нашиот пример може да им помогнеме на другите, а особено на младите, да станат скапоцени Божји слуги. Додека нѐ набљудуваат, тие учат од начинот на кој разговараме со луѓето во службата, но и од начинот на кој се справуваме со проблемите во животот. Павле ‚поднесувал сѐ‘ за да можат сите кои му биле верни на Бог ‚да го добијат спасението и вечната слава‘ (2. Тим. 2:10).

Младите учат од истрајноста на постарите христијани

20. Зошто треба и понатаму ‚да ја бараме славата што доаѓа од единствениот Бог‘?

20 Навистина имаме многу причини и понатаму ‚да ја бараме славата што доаѓа од единствениот Бог‘ (Јован 5:44; 7:18). Јехова им дава вечен живот ‚на оние што ја бараат славата‘. (Прочитај Римјаните 2:6, 7.) Освен тоа, нашата „истрајност во добрите дела“ ги поттикнува и другите да останат верни и да добијат вечен живот. Затоа, ништо нека не те спречи да се здобиеш со славата и честа што ги дава Бог!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели