ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Евника и Лоида — примерни воспитувачки
    Стражарска кула 1998 | 15 Мај
    • Меѓутоа, Евника не била осамена во своите верувања. Се чини дека Тимотеј ја добил својата поука за „Светите Писанија“ како од својата мајка така и од својата баба по мајка му — Лоида.a Апостол Павле силно го опоменал Тимотеј: „Но ти остани во тоа, што си го научил, и што ти е поверено [и во кое си убеден да веруваш, NW], знаејќи од кого си го научил, бидејќи уште како мал [од периодот на доење, NW] ги знаеш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса“ (2. Тимотеј 3:14, 15).

  • Евника и Лоида — примерни воспитувачки
    Стражарска кула 1998 | 15 Мај
    • Тимотеј бил ‚убеден да верува‘ во вистините од Писмото. Според еден грчки лексикон, зборот кој Павле го употребил тука значи ‚да се биде цврсто убеден; да се биде уверен во‘ нешто. Без сомнение, било потребно прилично време и труд за да се вкорени таквото цврсто уверување во Тимотеевото срце, да му се помогне да резонира во врска со Божјата Реч и да практикува вера во неа. Тогаш, очигледно, и Евника и Лоида напорно работеле на тоа да го поучат Тимотеј од Писмото. И каква само награда пожнеале овие побожни жени! За Тимотеј, Павле можел да напише: „И спомнувајќи си за твојата нелицемерна вера, која порано се всели во твојата баба Лоида и во мајка ти Евника, а убеден сум дека ја има и во тебе“ (2. Тимотеј 1:5).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели