ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/7 стр. 31
  • Поучете ги од најрано детство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поучете ги од најрано детство
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/7 стр. 31

Поучете ги од најрано детство

СОВРЕМЕНОТО истражување покажува дека „фетусите имаат психолошки реакции на гласови“. Истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина „согледале дека откако мајките им читале на своите деца во материцата, новороденчињата реагирале кога пасусите повторно биле прочитани“, вели Winnipeg Free Press. Кога жените читаат на глас додека се бремени, тоа најверојатно ќе придонесе за всадување добри морални вредности во детето. Библијата вели дека Тимотеј ‚уште како мал ги знаел Светите Писанија‘ (2. Тимотеј 3:14, 15). Очигледно, мајка му и баба му ја увиделе вредноста да го поучуваат од најрано детство, кое најверојатно вклучувало и читање на глас.

Читањето е „најмоќната животна вештина што ја имаме во нашето општество денес“, вели авторот Џим Трелис. Јазичните и вокабуларните вештини се зголемуваат со читањето на глас.

Мудро е да почнеш да читаш на глас барем штом ќе почнеш да му зборуваш на твоето бебе. Иако твоето неродено или новородено дете во почетокот нема да разбере што му зборуваш, потенцијалните долгорочни користи се исплатливи. Во Изреки 22:6 стои: „Поучи го момчето во почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари“.

Што можеш да му читаш кое воедно ќе биде и практично и корисно? Секој ден читај му ја на твоето дете Библијата на глас. Читај му и други вредни публикации, како што се Listening to the Great Teacher (Да се слуша Големиот Учител), My Book of Bible Stories (Моја книга со библиски приказни), Најголемиот човек кој некогаш живеел и статии од списанијата Стражарска кула и Разбудете се!

Точно, да се даваш себеси на овој начин вклучува време, но време кое е добро потрошено. Тоа е опиплив начин за да покажеш дека се грижиш за твоето дете и дека го сакаш.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели