ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 52 стр. 265-стр. 267 пас. 4
  • Делотворно поттикнување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Делотворно поттикнување
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Проповедај со чувство на итност!
    Нашата служба за Царството 2009
  • Братската љубов е делотворна
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • ‚Опоменување на темел на љубов‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Избрани стихови од Посланијата до Тит, до Филимон и до Евреите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 52 стр. 265-стр. 267 пас. 4

СТУДИЈА 52

Делотворно поттикнување

Што треба да правиш?

Поттикни ги другите на акција со уверливо резонирање или со совет од некој почитуван извор. Ова бара да зборуваш на искрен начин.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Делотворното поттикнување ја врежува кај другите итноста да го следат начинот на постапување што има Јеховин благослов.

ХРИСТИЈАНСКИТЕ старешини мораат да бидат способни да „опоменуваат [поттикнуваат] со здраво учење“ (Тит 1:9). Понекогаш мораат да го прават ова наспроти многу тешки ситуации. Важно е да даваат совет во согласност со упатствата од Писмото. Затоа, старешините мораат да внимаваат на советот: „Посветувај се . . . на поттикнувањето“ (1. Тим. 4:13). Иако нашата дискусија овде е насочена првенствено кон старешините или кон оние што тежнеат кон оваа предност, постојат прилики кога родителите мораат да ги поттикнат своите деца или оние што водат библиски студии треба да ги поттикнат своите библиски студенти. Во такви случаи важат слични упатства.

Ситуации што го бараат тоа. За да одредиме кога е потребен поттик, од корист е да испитаме некои ситуации запишани во Библијата каде што бил даден поттик. Апостол Петар ги поттикнал старешините да обрнат внимание на својата одговорност како пастири на Божјето стадо (1. Петр. 5:1, 2). Павле го советувал Тит да ги поттикнува помладите мажи да бидат „со здрави мисли“ (Тит 2:6). Ги советувал и сохристијаните да ,зборуваат сложно‘ и да ги избегнуваат оние што гледале да предизвикаат поделби меѓу браќата (1. Кор. 1:10; Рим. 16:17; Фил. 4:2). Иако ги пофалил членовите на собранието во Солун за добрите работи што ги правеле, Павле ги поттикнал уште поцелосно да ја применат поуката што ја добиле (1. Сол. 4:1, 10). Петар ги преколнувал сохристијаните да ,се воздржуваат од телесните желби‘ (1. Петр. 2:11). Јуда ги поттикнал своите браќа да ,водат тешка борба за верата‘ поради лошото влијание на безбожниците, кои се впуштале во распуштено однесување (Јуда 3, 4). Христијаните, воопшто, биле советувани да се поттикнуваат еден со друг за никој да не отврдне поради измамничката моќ на гревот (Евр. 3:13). Петар ги поттикнувал Евреите што сѐ уште немале положено вера во Христос: „Спасете се од оваа изопачена генерација“ (Дела 2:40).

Кои особини се потребни за да се упатат силни повици во вакви ситуации? Како може оној што го упатува поттикнувањето да го направи својот повик итен без да биде суров или груб?

„На темел на љубовта.“ Ако не го дадеме „на темел на љубовта“, поттикнувањето може да звучи строго (Филим. 9). Точно, кога се бара непосредна акција, изнесувањето на говорникот треба да ја пренесе итноста на ситуацијата. Милозвучниот стил може да звучи извинувачки. Истовремено, повикот треба да се упати со срдечност и со длабоко чувство. Љубезниот повик најверојатно ќе ги мотивира присутните. Кога зборувал за себе и за своите придружници, Павле им рекол на солуњаните: „Добро знаете дека, како татко децата свои, го поттикнувавме секого од вас“ (1. Сол. 2:11). Тие христијански надгледници ги преколнувале своите браќа со љубов. Нека твоите изрази потекнуваат од вистинска грижа за твоите слушатели.

Биди тактичен. Не оддалечувај ги оние што настојуваш да ги поттикнеш на акција. Истовремено, не воздржувај се да им го кажеш на присутните „целиот Божји совет“ (Дела 20:27). Оние што имаат ценење нема да се навредат ниту помалку ќе те сакаат затоа што љубезно си ги поттикнал да го прават она што е исправно (Псал. 141:5).

Честопати е корисно пред поттикот да дадеш некоја конкретна, искрена пофалба. Помисли на добрите работи што ги прават браќата — работи од кои Јехова сигурно е задоволен: верата што ја покажуваат во своето дело, љубовта што ги тера да се напрегаат и нивната истрајност наспроти тешки ситуации (1. Сол. 1:2-8; 2. Сол. 1:3-5). Ова ќе им помогне на твоите браќа да се чувствуваат ценети и разбрани, и ќе ги доведе во едно приемливо расположение за повикот што следи.

„Со сета долготрпеливост.“ Поттикот треба да се даде „со сета долготрпеливост“ (2. Тим. 4:2). Што налага тоа? Долготрпеливоста вклучува стрплива истрајност под неправда или провокација. Оној што е долготрпелив задржува надеж дека неговите слушатели ќе го применат она што им го кажува. Давањето поттик во ваков дух ќе ги спречи слушателите да мислат дека имаш најлоши претпоставки за нив. Довербата дека твоите браќа и сестри сакаат да му служат на Јехова на најдобар можен начин ќе апелира на нивната желба да го прават она што е исправно (Евр. 6:9).

„Со здраво учење.“ Како може еден старешина ,да опоменува [поттикнува] со здраво учење‘? Со тоа што „цврсто се држи за верната реч во поглед на својата уметност на поучување“ (Тит 1:9). Наместо да изразуваш лично мислење, Божјата реч нека биде силата на твојот повик. Библијата нека го обликува твоето гледиште за тоа што треба да кажеш. Наброј ги користите од применувањето на она што го кажува Библијата во врска со предметот на твојата дискусија. Имај ги на ум последиците — сега и во иднина — од неповинувањето на Божјата реч и употреби ги за да ги увериш присутните во потребата да преземат соодветна акција.

Погрижи се да им разјасниш на присутните што да прават и како да го сторат тоа. Дај им до знаење дека твоето резонирање е цврсто вкоренето во Писмото. Ако Писмото дозволува извесна ширина при донесувањето на која и да е одлука, изложи колкава е таа слобода. Потоа, во заклучокот, упати конечен повик што ќе ја зајакне решеноста на твоите слушатели да дејствуваат.

Со „слобода на говорот“. За делотворно да ги поттикнеш другите, мораш да имаш „слобода на говорот во верата“ (1. Тим. 3:13). Што му овозможува на еден човек да зборува слободно? Фактот дека неговиот „пример на добри дела“ е во согласност со она на кое тој ги поттикнува браќата (Тит 2:6, 7; 1. Петр. 5:3). Таму каде што ова е случај, оние што се поттикнати на акција ќе сфатат дека оној што ги поттикнува не очекува да прават нешто што самиот тој не го прави. Ќе увидат дека можат да ја имитираат неговата вера исто како што тој настојува да го имитира Христос (1. Кор. 11:1; Фил. 3:17).

Со поттикнувањето темелено на Божјата реч и дадено во духот на љубовта може многу да се постигне. Оние што се одговорни да даваат такво поттикнување, треба да се напрегаат добро да го прават тоа (Рим. 12:8).

КАКО СЕ ПРАВИ ТОА

  • Покажувај љубов и долготрпеливост, и зборувај со срдечност.

  • Нека твоето поттикнување цврсто се темели на Божјата реч.

  • Засили го поттикот со тоа што самиот ќе бидеш добар пример.

ВЕЖБА: Прочитај го писмото на апостол Павле до Филимон. Побарај ги следниве елементи: 1) срдечната пофалба, 2) темелот на кој Павле апелира во полза на Онисим, 3) аргументот употребен за да го увери Филимон како треба да го прими својот роб што се враќа, и 4) довербата на Павле дека Филимон ќе постапи како што треба. Размисли како можеш да го имитираш овој образец кога даваш поттик.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели