ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Народ кој се разликува од другите луѓе
    Стражарска кула (за проучување) 2018 | Јануари
    • 9. Што може да им помогне на децата да им бидат послушни на родителите?

      9 Што може да им помогне на децата да си ги слушаат родителите и покрај тоа што другите околу нив се непослушни? Кога децата размислуваат за сите добри работи што ги направиле родителите за нив, треба да им бидат благодарни и да сакаат да им бидат послушни. Децата исто така треба да разберат дека Бог, кој ни е Татко на сите нас, очекува тие да им бидат послушни на родителите. Со тоа што зборуваат добри работи за своите родители, децата им помагаат и на своите пријатели повеќе да си ги почитуваат родителите. Се разбира, ако родителите се бесчувствителни кон своите деца, на децата би можело да им биде потешко да им бидат послушни. Од друга страна, пак, кога некое дете чувствува дека родителите навистина го сакаат, тоа е поттикнато да им биде послушно дури и кога му е тешко. Еден млад брат, по име Остин, вели: „Иако честопати имав желба да направам нешто неисправно, родителите ми поставуваа разумни правила, ми ги објаснуваа причините за тоа и постојано беа спремни да разговараат со мене. Ова ми помагаше да им бидам послушен. Бидејќи можев да видам дека тие се грижат за мене, имав желба да ги радувам“.

      10, 11. а) Кои негативни особини покажуваат дека луѓето немаат љубов еден кон друг? б) До која мера вистинските христијани ги сакаат другите луѓе?

      10 Павле набројал и други особини кои покажуваат дека луѓето немаат љубов еден кон друг. По изразот „непослушни на родителите“, доаѓа зборот неблагодарни. Ова е соодветно бидејќи неблагодарните луѓе не ги ценат добрите работи што другите ги прават за нив. Павле напишал и дека луѓето ќе бидат нелојални. Тие ќе бидат и неспремни за каков и да било договор, што значи дека нема да сакаат да градат мир со другите. Луѓето ќе бидат хулители и предавници, кои ќе кажуваат сурови и навредливи работи за другите, па дури и за Бог. Исто така, ќе бидат клеветници, кои ќе кажуваат штетни лаги за да го нарушат угледот на другите.a

  • Народ кој се разликува од другите луѓе
    Стражарска кула (за проучување) 2018 | Јануари
    • a Грчкиот збор преведен со „клеветник“ или „обвинувач“ е дијаболос. Во Библијата, овој збор се користи и како титула за Сатана, кој злобно го клевети Бог.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели