ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Надгледници кои се грижат за Божјето стадо
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
    • 6 Павле му го напишал следново на Тит: „Те оставив на Крит за да го исправиш она што има некаков недостаток и да назначиш старешини по градовите, како што те упатив. Старешината мора да биде човек кому нема што да му се приговори, кој има само една жена и чии деца се верници и не може да бидат обвинети дека се распуштени или непокорни. Зашто, надгледникот, како Божји управител, мора да биде човек кому нема што да му се приговори и не смее да биде самоволен, ниту гневлив, ниту пијаница, ниту кавгаџија, ниту алчен за нечесна добивка, туку гостољубив, да ја сака добротата, разборит, праведен, лојален, кој умее да се совладува, кој при поучувањето се држи за веродостојните зборови, за да може да опоменува, служејќи се со здравото учење, и да ги укорува оние што му противречат на тоа учење“ (Тит 1:5-9).

  • Надгледници кои се грижат за Божјето стадо
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
    • 9 Надгледникот треба да постапува мудро во секојдневниот живот. Ако е оженет, треба да се држи за христијанското мерило за брак, односно да има само една жена и добро да управува со својот дом. Ако има деца верници кои се послушни и покажуваат потполна почит и не се распуштени или непокорни, другите во собранието ќе можат со доверба да побараат совет од него за лични работи поврзани со семејниот живот и христијанското однесување. Тој треба да биде беспрекорен човек кому нема што да му се приговори. Освен тоа, треба да биде на добар глас и кај луѓето надвор од собранието. Тогаш, никој нема да може со право да го обвини за лошо однесување со кое го нарушува угледот на собранието. Оној што неодамна бил укорен за сериозен грев не може да стане надгледник. Сите во собранието спремно го следат добриот пример на надгледниците и имаат доверба дека тие ќе се грижат за нивните духовни потреби (1. Кор. 11:1; 16:15, 16).

      10 Мажите кои ги исполнуваат овие услови имаат слична улога во собранието како старешините во Израел за кои пишува дека биле „мудри, разборити и искусни“ (5. Мој. 1:13). Надгледниците не се безгрешни. Сепак, и во собранието и надвор од него треба да бидат познати како чесни и богобојазливи луѓе кои веќе некое време живеат во склад со библиските начела. Ако даваат сѐ од себе да бидат беспрекорни, ќе можат да ги поучуваат другите со слобода на говор (Рим. 3:23).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели