ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 15/10 стр. 20-24
  • Татко и старешина — исполнување на обете улоги

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Татко и старешина — исполнување на обете улоги
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Татко и старешина
  • „Кој има верни деца“
  • Оженет со „жена, која не поверувала“
  • ‚Својата куќа добро да ја управува‘
  • Урамнотежено надгледување
  • Добри татковци како и добри старешини
  • Нашите старешини треба да ни бидат драги
  • Сопруг и старешина — урамнотежување на одговорностите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Пасете го Божјето стадо доброволно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Надгледници кои се грижат за Божјето стадо
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • „Почитувајте ги оние што се трудат меѓу вас“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 15/10 стр. 20-24

Татко и старешина — исполнување на обете улоги

„Зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја?“ (1. ТИМОТЕЈ 3:5).

1, 2. а) На кој начин надгледниците самци и оженетите надгледници без деца во првиот век биле во состојба да им служат на своите браќа? б) На кој начин Акила и Прискила се пример за многу брачни двојки денес?

НАДГЛЕДНИЦИТЕ во раното христијанско собрание можеле да бидат самци или оженети мажи без деца или, пак, семејни мажи со деца. Несомнено, некои од тие христијани биле во можност да го следат советот од апостол Павле, даден во неговото прво писмо до коринтјаните, поглавје 7, останувајќи самци. Исус навел: „Има евнуси кои сами се направиле евнуси заради Царството небесно“ (Матеј 19:12, НС). Таквите самци, како Павле и можеби некои од неговите патувачки придружници, би биле слободни да патуваат за да им помагаат на своите браќа.

2 Библијата не кажува дали Варнава, Марко, Сила, Лука, Тимотеј и Тит биле самци. Ако биле оженети, очигледно биле доволно слободни од семејните одговорности за да бидат во состојба надалеку да патуваат на различни доделби (Дела 13:2; 15:39—41; 2. Коринтјаните 8:16, 17; 2. Тимотеј 4:9—11; Тит 1:5). Тие можеле да бидат придружувани од своите сопруги, како Петар „и другите апостоли“, кои очигледно ги земале со себе своите сопруги кога оделе од место до место (1. Коринтјаните 9:5). Акила и Прискила претставуваат пример за брачна двојка која била спремна да се пресели, следејќи го Павле од Коринт до Ефес, а потоа да се пресели во Рим и повторно назад во Ефес. Библијата не кажува дали тие имале деца. Со својата оддадена служба за своите браќа ја заработиле благодарноста од „сите цркви од незнабошците“ (Римјаните 16:3—5; Дела 18:2, 18; 2. Тимотеј 4:19). Денес, бездруго постојат многу брачни двојки кои, како Акила и Прискила, би можеле да им служат на други собранија, можеби селејќи се таму каде што потребата е поголема.

Татко и старешина

3. Што укажува дека многу старешини од првиот век биле оженети мажи со семејства?

3 Би се чинело дека во првиот век н. е. повеќето христијански старешини биле оженети мажи со деца. Кога Павле ги изложил квалификациите што се бараат за еден маж кој ‚сака епископство‘, тој навел дека таквиот христијанин треба „својата куќа добро да ја управува и да има деца послушни со полно достоинство“ (1. Тимотеј 3:1, 4).

4. Што се барало од оженетите старешини со деца?

4 Како што видовме, еден надгледник не бил обврзан да има деца ниту, пак, да биде оженет. Но, доколку бил оженет, за да се квалификува за старешина или слуга помошник, христијанинот морал над својата сопруга да спроведува исправно поглаварство полно со љубов и да се покаже способен да ги држи своите деца во исправна подложност (1. Коринтјаните 11:3; 1. Тимотеј 3:12, 13). Секаква сериозна слабост во управувањето со своето домаќинство би дисквалификувало еден брат од посебни предности во собранието. Зошто? Павле објаснува: „Зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја?“ (1. Тимотеј 3:5). Ако оние кои се негово тело не би биле спремни да се подложат на неговото надгледување, како би реагирале другите?

„Кој има верни деца“

5, 6. а) Кое барање во врска со децата Павле му го споменал на Тит? б) Што се очекува од старешините кои имаат деца?

5 Кога го поучувал Тимотеј да наименува надгледници во критските собранија, Павле поставил еден услов: „Кој е непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност. Бидејќи епископот, како Божји распоредник, треба да е непорочен“. Што точно се мисли со барањето ‚да има верни деца‘? (Тит 1:6, 7).

6 Изразот ‚верни деца‘ се однесува на млади кои веќе му го предале својот живот на Јехова и кои се крстени или, пак, на млади кои напредуваат кон предание и крштавање. Членовите на едно собрание очекуваат децата на старешините, општо земено, да се однесуваат добро и да бидат послушни. Треба да биде очигледно дека старешината прави сѐ што може за да изгради вера во своите деца. Цар Соломон напишал: „Поучи го момчето во почетокот на патот негов: тој нема да скршне од него и кога ќе остари“ (Изреки 22:6). Но, што ако некој младинец кој добил таква поука, одбива да му служи на Јехова или дури извршува тежок престап?

7. а) Зошто е очигледно дека Изреки 22:6 не изразува некакво нефлексибилно правило? б) Зошто старешината нема автоматски да ги изгуби своите предности доколку неговото дете не избере да му служи на Јехова?

7 Очигледно е дека горецитираната изрека не наведува некакво строго правило. Таа не го поништува начелото на слободна волја (5. Мојсеева 30:15, 16, 19). Кога некој син или ќерка ќе ја достигне возраста на одговорност, тој или таа мора да донесе лична одлука во врска со предание и крштавање. Ако еден старешина јасно дал потребна духовна помош, водство и стега, а младинецот сепак не избира да му служи на Јехова, таткото не е автоматски дисквалификуван од служењето како надгледник. Од друга страна, ако еден старешина има повеќе мали деца кои живеат дома и кои, едно по друго, стануваат духовно болни и запаѓаат во неволја, тој можеби повеќе нема да биде сметан за таков кој ‚добро ја управува својата куќа‘ (1. Тимотеј 3:4). Поентата е дека треба да биде видливо оти надгледникот прави најдобро што може за да има ‚верни деца‘ кои не се под обвинение за разврат ниту, пак, се непокорни.a

Оженет со „жена, која не поверувала“

8. Како треба да постапува еден старешина спрема својата сопруга која не е соверник?

8 Во врска со христијанските мажи кои се оженети со неверници, Павле напишал: „Ако некој од браќата има жена, која не поверувала, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава . . . зашто . . . жена што не поверувала се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле нечисти, а сега се свети. Оти . . . од каде знаеш, о мажу, нема ли да ја спасиш ти жената?“ (1. Коринтјаните 7:12—14, 16). Зборот „не поверувала“ овде не се однесува на сопруга која нема никакви религиозни верувања, туку на таква која не му е предадена на Јехова. Таа можела да биде Еврејка или, пак, верник во пагански богови. Денес, еден старешина би можел да биде оженет со жена која практикува поинаква религија, која е агностичар или дури и атеист. Доколку е спремна да остане со него, тој не треба да ја напушта само поради поинакви верувања. Треба сѐ уште ‚да живее со неа разумно [според спознанието, НС], и да ја почитува како послабо суштество‘, живеејќи во надеж дека ќе ја спаси (1. Петрово 3:7; Колосјаните 3:19).

9. Како треба еден старешина да постапува во земји каде што на обата сопружника законот им го дава правото да ги изложуваат децата на своите религиозни верувања, и како ќе влијае ова врз неговите предности?

9 Ако еден надгледник има деца, тој ќе извршува исправно сопружничко и татковско поглаварство, подигајќи ги „во стега и Јеховино мисловно насочување“ (Ефесјаните 6:4, НС). Во многу земји, законот им го дава на обата сопружника правото да им даваат религиозна поука на своите деца. Во овој случај, сопругата може да бара да го користи своето право да ги изложува децата на своите религиозни верувања и постапки, што може да вклучува таа да ги води во нејзината црква.b Се разбира, децата треба да ја следат својата библиски школувана совест во поглед на неучествувањето во лажни религиозни церемонии. Како семеен поглавар, таткото ќе го користи своето право да проучува со своите деца и да ги води на состаноци во Салата на Царството кога тоа е можно. Кога тие ќе ја достигнат возраста на која можат да донесуваат свои сопствени одлуки, тие ќе одлучат самите за себе по кој пат ќе одат (Исус Навин 24:15). Ако другите старешини и членовите на собранието можат да видат дека тој прави сѐ што му допушта законот да направи за исправно да ги поучи своите деца за патот на вистината, тој нема да биде разрешен како надгледник.

‚Својата куќа добро да ја управува‘

10. Ако еден семеен човек е старешина, каде лежи неговата првенствена должност?

10 Дури и за еден старешина кој е татко и чија сопруга е сохристијанка, не е лесна задача исправно да го подели своето време и внимание помеѓу својата сопруга, децата и собраниските одговорности. Писмото е сосема јасно во поглед на тоа дека еден христијански татко има обврска да се грижи за својата сопруга и за децата. Павле напишал: „Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од неверник“ (1. Тимотеј 5:8). Во истото тоа писмо, Павле навел дека само оженетите мажи кои веќе се покажале како добри сопрузи и татковци, треба да бидат препорачани да служат како надгледници (1. Тимотеј 3:1—5).

11. а) На кои начини еден старешина треба да „се грижи за своите?“ б) Како може тоа да му помогне на еден старешина да ги исполни своите собраниски одговорности?

11 Старешината треба да „се грижи“ за своите не само материјално туку и духовно и емоционално. Мудриот цар Соломон напишал: „Уреди ги работите надвор од куќата, сврши ги на нивата своја, а потоа гради го домот свој [своето домаќинство, НС]“ (Изреки 24:27). Затоа, додека се грижи за материјалните, емоционалните и рекреативните потреби на својата сопруга и на децата, надгледникот треба да ги изградува и духовно. За тоа е потребно време — време кое тој не ќе може да го посвети за собраниски работи. Но, тоа е време што може да донесе богати награди во вид на семејна среќа и духовност. Долгорочно гледано, ако неговото семејство е духовно јако, старешината можеби треба да поминува помалку време во решавање на семејни проблеми. Тоа ќе го остави неговиот ум послободен да се грижи за собраниските работи. Неговиот пример како добар сопруг и добар татко ќе биде од духовна корист за собранието (1. Петрово 5:1—3).

12. Во која семејна работа треба татковците кои се старешини да дадат добар пример?

12 Да се претседава во едно семејство на добар начин вклучува да се планира време за да се претседава на семејната студија. Особено е важно старешините да дадат добар пример во овој поглед, бидејќи јаки семејства сочинуваат јаки собранија. Времето на еден надгледник не треба постојано да биде толку преокупирано со други предности на службата што тој нема време да проучува со својата сопруга и со децата. Ако ова е случај, тој треба да го преиспита својот распоред. Можеби ќе мора да го прераспредели или намали времето што го посветува за други работи, па дури и да одбие извесни предности повремено.

Урамнотежено надгледување

13, 14. Каков совет им дал ‚верниот и разумен роб‘ на старешините кои се семејни луѓе?

13 Советот да се урамнотежат семејните и собраниските одговорности не е нов. Со години, ‚верниот и разумен роб‘ им давал совет на старешините во врска со ова (Матеј 24:45, НС). Пред повеќе од 37 години, Стражарска кула од 15 септември 1959 година, страници 553 и 554 (англ.), советувала: „Навистина, зарем не се работи за тоа да се урамнотежат сите овие барања во поглед на нашето време? Во ова урамнотежување дај им исправна тежина на интересите на твоето сопствено семејство. Секако дека Јехова Бог не би очекувал еден маж да го користи сето свое време за собраниска активност, помагајќи им на браќата и на ближните да постигнат спасение, а да не се грижи за спасението на своето сопствено домаќинство. Сопругата и децата на еден маж претставуваат првенствена одговорност“.

14 Стражарска кула од 1 март 1987 година, страници 27 и 28, советувала: „Ангажирањето во службата на проповедање како семејство ќе ве зближи повеќе, но сепак, единствените потреби на децата ја бараат предаденоста на вашето приватно време и емоционална сила. Затоа е неопходна рамнотежа за да утврдите колку време можете да употребите за собраниските должности, додека истовремено се грижите духовно, емоционално и материјално за ‚своите‘. [Еден христијанин] мора ‚најнапред да се научи да практикува оддаденост на Бог во својот дом‘“ (1. Тимотеј 5:4, 8, НС).

15. Зошто на еден старешина со сопруга и деца му е потребна мудрост и способност за разликување?

15 Една библиска изрека наведува: „Со мудрост куќа [домаќинство, НС] се изградува и со разум се зацврстува“ (Изреки 24:3). Да, за еден надгледник да ги исполни своите теократски должности и истовремено да го изгради своето домаќинство, најверојатно му е потребна мудрост и способност за разликување. Во библиска смисла, тој има повеќе од едно подрачје на надгледување. Се работи за неговите семејни и неговите собраниски одговорности. Потребна му е способност за разликување за да постигне рамнотежа меѓу нив (Филипјаните 1:9, 10). Потребна му е мудрост за да постави свои приоритети (Изреки 2:10, 11). Колку и да се чувствува одговорен да се грижи за своите собраниски предности, тој треба да сфати дека, како сопруг и татко, негова првенствена одговорност дадена од Бог е грижата и спасението на неговото семејство.

Добри татковци како и добри старешини

16. Каква предност има еден старешина ако тој е и татко?

16 Еден старешина кој има добро воспитани деца, може да биде вистински благослов. Ако научил добро да се грижи за своето семејство, тој е во положба да им помага на другите семејства во собранието. Ги разбира подобро нивните проблеми и може да даде совет што го одразува неговото лично искуство. За среќа, илјадници старешини ширум светот вршат извонредна работа како сопрузи, татковци и надгледници.

17. а) Што не смее никогаш да заборави еден маж кој е и татко и старешина? б) Како треба останатите членови на собранието да покажуваат сочувство?

17 За еден семеен човек да биде старешина, тој мора да биде зрел христијанин кој, додека се грижи за својата сопруга и децата, може да ги организира своите работи така што ќе биде во состојба да им посветува време и внимание на другите во собранието. Никогаш не треба да заборави дека неговото пастирско дело почнува дома. Знаејќи дека старешините со сопруга и деца ја имаат одговорноста и за своето семејство и за своите собраниски должности, членовите на собранието нема да се обидуваат да поставуваат несоодветни барања во поглед на нивното време. На пример, старешината кој има деца кои следното утро мораат да одат в училиште, можеби нема секогаш да е во можност да останува некое време после вечерните состаноци. Останатите членови на собранието треба да го разберат ова и да покажуваат сочувство (Филипјаните 4:5, НС).

Нашите старешини треба да ни бидат драги

18, 19. а) Што можевме да сфатиме од нашето испитување на 1. Коринтјаните, поглавје 7? б) Како треба да гледаме на таквите христијански мажи?

18 Нашето испитување на поглавје 7 од првото Павлово писмо до коринтјаните ни овозможи да видиме дека, следејќи го Павловиот совет, има многу мажи самци кои ја користат својата слобода за да им служат на интересите на Царството. Постојат и илјадници оженети браќа без деца кои, додека им посветуваат должно внимание на своите сопруги, служат како извонредни надгледници во области, покраини, собранија и подружници на Watch Tower, со пофална соработка од страна на нивните сопруги. Најпосле, во скоро 80.000 собранија на Јеховиниот народ, има многу татковци кои не само што со љубов се грижат за своите сопруги и деца туку и одвојуваат време за да им служат на своите браќа како грижливи пастири (Дела 20:28).

19 Апостол Павле напишал: „А презвитерите, што добро ја извршуваат својата претстојна служба, нека се удостојуваат со двојна почит; а најмногу, пак, оние, кои се трудат во словото и во поуката“ (1. Тимотеј 5:17). Да, старешините кои на извонреден начин претседаваат во своите домови и во собранието, ја заслужуваат нашата љубов и почит. Навистина треба да ‚ги цениме таквите‘ (Филипјаните 2:29, НС).

[Фусноти]

a Види Стражарска кула од 1 февруари 1978 година, страници 31, 32 (англ.).

b Види Стражарска кула од 1 декември 1960 година, страници 735, 736 (англ.).

За повторување

◻ Од каде знаеме дека многу старешини во првиот век н. е. биле семејни луѓе?

◻ Што се бара од оженетите старешини со деца, и зошто?

◻ Што е мислено со тоа да се има ‚верни деца‘, но што ако детето на еден старешина не избере да му служи на Јехова?

◻ Во кои погледи старешината треба да „се грижи за своите“?

[Слика на страница 23]

Јаките семејства сочинуваат јаки собранија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели