ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Да бидеме од оние кои имаат вера
    Стражарска кула 1999 | 15 Декември
    • Пригодна употреба на Божјата реч

      6. Од кој извор цитирал Павле кога ги напишал зборовите кои стојат во Евреите 10:38?

      6 Исто така, Павле ја градел верата кај соверниците со тоа што вешто го користел Писмото. На пример, тој напишал: „А праведниот преку верата ќе биде жив; а ако отстапи [се повлече, NW], нема да Ми биде по волјата Моја“ (Евреите 10:38). Овде Павле го цитирал пророкот Авакум.a Павловите читатели — еврејските христијани на кои пророчките книги им биле многу добро познати — веројатно ги знаеле овие зборови. Земајќи ја предвид својата цел — да ја зајакне верата на христијаните во и околу Ерусалим околу 61 година — примерот на Авакум бил погоден избор. Зошто?

      7. Кога Авакум го запишал своето пророштво, и какви биле околностите во Јуда во тоа време?

      7 Очигледно Авакум ја напишал својата книга повеќе од две децении пред уништувањето на Ерусалим во 607 пр. н. е. Пророкот во визија ги видел Халдејците (односно Вавилонците), „народ жесток и необуздан“, кој се нафрла на Јуда и го уништува Ерусалим, проголтувајќи ги притоа луѓето и нациите (Авакум 1:5—11). Но, таквата несреќа била претскажана во времето на Исаија, повеќе од еден век пред тоа. Во времето на Авакум, Јоаким го наследил добриот цар Јосија и во Јудеја повторно расцутела злобата. Јоаким ги прогонувал, па дури и ги убивал оние кои зборувале во Јеховино име (2. Летописи 36:5; Јеремија 22:17; 26:20—24). Не е ни чудо што измачениот пророк Авакум извикал: „До кога, Господи?“ (Авакум 1:2).

      8. Зошто примерот на Авакум требало да биде од корист за христијаните во првиот век и денес?

      8 Авакум не знаел колку е близу уништувањето на Ерусалим. На сличен начин, христијаните од првиот век не знаеле кога ќе заврши еврејскиот систем на ствари. Ниту, пак, ние денес го знаеме ‚денот и часот‘ кога ќе дојде Јеховиниот суд против овој злобен систем (Матеј 24:36). Затоа, да го забележиме Јеховиниот двоен одговор на Авакум. Најпрвин, тој го уверил пророкот дека крајот ќе дојде точно навреме. „Нема да се забави“, рекол Бог, иако од човечка гледна точка би можело да изгледа дека оддолжува (Авакум 2:3). Второ, Јехова го потсетил Авакум: „А праведникот преку верата ќе [продолжи да, NW] живее“ (Авакум 2:4). Какви само прекрасни, едноставни вистини! Она што е најважно не е кога ќе дојде крајот, туку дали и понатаму ќе водиме живот на вера.

      9. Како послушните Јеховини слуги продолжиле да живеат поради својата верност а) во 607 пр. н. е.? б) во 66 н. е.? в) Зошто е животоважно да ја зајакнеме нашата вера?

      9 Кога во 607 пр. н. е. Ерусалим бил опљачкан, Јеремија, неговиот секретар Варух, Авдемелех и лојалните Рехавовци ја увиделе вистинитоста на Јеховиното ветување до Авакум. Тие ‚продолжиле да живеат‘ со тоа што го избегнале ужасното уништување на Ерусалим. Зошто? Јехова ја наградил нивната верност (Јеремија 35:1—19; 39:15—18; 43:4—7; 45:1—5). На сличен начин, еврејските христијани од првиот век сигурно поволно реагирале на Павловиот совет, зашто кога римските војски го нападнале Ерусалим во 66 н. е. и потоа од необјасниви причини се повлекле, тие христијани верно го послушале Исусовото предупредување да побегнат (Лука 21:20, 21). Тие продолжиле да живеат поради својата верност. На сличен начин, ние ќе продолжиме да живееме доколку сме најдени верни кога ќе дојде крајот. Колку само животоважна причина да ја зајакнеме нашата вера сега!

  • Да бидеме од оние кои имаат вера
    Стражарска кула 1999 | 15 Декември
    • a Павле го цитирал Авакум 2:4 од преводот Септуагинта каде е вклучена фразата: „Ако се повлече, нема да ѝ биде угодно на мојата душа“. Оваа изјава не се појавува во ниеден постоечки хебрејски манускрипт. Некои сугерираат дека Септуагинтата се темели на некои порани хебрејски манускрипти кои веќе не постојат. Во секој случај, Павле го вклучил овде под влијание на Божјиот свет дух. Затоа има божествено ополномоштување.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели