-
Добрината — неопходна во очите на БогСтражарска кула 2012 | 1 Септември
-
-
Освен тоа што добрината е нераздвоен дел од човечката природа, и Бог многу ја цени. Затоа е сосема на место што тој ни вели: „Бидете милостиви еден спрема друг“ (Ефешаните 4:32). Исто така, христијаните се потсетени: „Не заборавајте ја гостољубивоста“. Зборот „гостољубивост“ на изворниот јазик значи „љубов кон непознати“, и затоа сме поттикнати да покажуваме добрина и кон оние што не ги познаваме (Евреите 13:2).
-
-
Добрината — неопходна во очите на БогСтражарска кула 2012 | 1 Септември
-
-
Интересно е што апостол Павле, откако зборувал за тоа дека треба да покажуваме добрина и кон непознатите, рекол: „Некои, покажувајќи ја, без да знаат нагостија ангели“. Можеш ли да замислиш како би се чувствувал да ти дојдат на гости ангели? Но, Павле го употребил изразот „без да знаат“. Со други зборови, сакал да каже дека, ако имаме навика да бидеме добри кон другите, вклучувајќи ги и непознатите, односно луѓето со кои не сме толку блиски, можеби ќе бидеме благословени на начин на кој воопшто не очекуваме.
Повеќето библиски преводи со референции ги поврзуваат зборовите на Павле со извештаите за Авраам и Лот, запишани во 1. Мојсеева поглавја 18 и 19. Таму читаме дека и кај едниот и кај другиот дошле ангели во облик на непознати луѓе кои носеле важна порака. На Авраам му било кажано дека ќе се исполни Божјето ветување дека ќе има син, а на Лот му било речено дека ќе биде спасен од уништувањето што ќе ги снајде градовите Содом и Гомор (1. Мојсеева 18:1-10; 19:1-3, 15-17).
Ако ги прочиташ наведените стихови, ќе видиш дека и Авраам и Лот покажале добрина кон патници кои воопшто не ги познавале. Се разбира, во библиски времиња било обичај и должност да се покажува гостопримство кон патниците и минувачите, без разлика дали станувало збор за пријатели, роднини или непознати. Всушност, со Мојсеевиот закон се барало Израелците да не ги запоставуваат потребите на не-Израелците што живееле меѓу нив (5. Мојсеева 10:17-19). Но, Авраам и Лот направиле и нешто повеќе од она што подоцна го барал законот. Тие вложиле големи напори да покажат добрина кон непознати и за тоа биле благословени.
Добрината на Авраам му донела благослови не само нему, со тоа што добил син, туку и нам. Како? Авраам и неговиот син Исак одиграле многу важна улога во исполнувањето на Божјата намера. Тие станале клучни ликови во семејната лоза што водела до Месијата, Исус. А нивните постапки, со кои покажале вера, предочувале како Бог, поради својата љубов и незаслужена доброта, ќе обезбеди основа за луѓето да бидат спасени (1. Мојсеева 22:1-18; Матеј 1:1, 2; Јован 3:16).
-