ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/2 стр. 32
  • Чесна совест

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чесна совест
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/2 стр. 32

Чесна совест

ЕДЕН ден, додека патувал од работа накај дома, Чарлс, вработен на универзитетот во Кенија, го изгубил својот мобилен телефон. Во Кенија мобилните телефони сѐ уште се скап луксуз.

„Не очекував дека некој ќе го врати“, рекол Чарлс. Меѓутоа, неколку дена подоцна, бил изненаден кога добил телефонски повик од канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Кенија. Не можел да поверува кога го замолиле да дојде и да си го земе мобилниот телефон! Испаднало дека еден полновремен министер на Јеховините сведоци се возел во истото возило со Чарлс и дека го нашол телефонот. Обидувајќи се да го најде сопственикот, тој го однел телефонот во канцеларијата на подружницата и доброволните работници таму на крај го пронашле Чарлс така што го свртеле бројот што се покажал на телефонот.

„Многу сум благодарен за напорите што беа вложени за да се стапи во контакт со мене и покрај тоа што имаше проблеми“, рекол Чарлс во едно писмо што го испратил до канцеларијата на подружницата. „Искрено сум им благодарен на членовите на вашата организација кои го најдоа мобилниот телефон, ме пронајдоа мене и ми го вратија. Не е лесно да се најде чесен човек денес, но охрабрува тоа што има извесен број што се разликуваат како вистински Сведоци на Јехова Бог.“

Јеховините сведоци насекаде се познати по нивната чесност. Тие го имитираат апостол Павле кој рекол: ,Уверени сме дека имаме чесна совест, зашто во сѐ сакаме да се однесуваме чесно‘ (Евреите 13:18; 1. Коринќаните 11:1). Тие сфаќаат дека таквото однесување му оддава слава на Јехова Бог, како што рекол и Исус: „Нека свети вашата светлина пред луѓето за да ги видат вашите добри дела и да му дадат слава на вашиот Татко кој е на небесата“ (Матеј 5:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели