ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/8 стр. 26-30
  • Зошто да се извести она што е лошо?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се извести она што е лошо?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се цени вредноста на укорот
  • Чија одговорност е тоа?
  • Справување со работата
  • Задржување светост во собранието
  • Помош за оние кои грешат
  • Чин на начелна љубов
  • Секогаш прифаќај го укорот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Да се зачуваат мирот и чистотата во собранието
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Како старешините им покажуваат љубов и милост на оние што направиле грев
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/8 стр. 26-30

Зошто да се извести она што е лошо?

„КОЈ ја открива работата, станува непријател на луѓето“ — велат некои во Западна Африка. Токму тоа му се случило на Олу кога го обвинил својот постар брат дека извршил инцест со сестра му. „Ти си лажго!“ — врескал брат му. Потоа жестоко го претепал Олу, го истерал од семејната куќа и му ја запалил сета облека. Селаните го поддржале брат му. Поради тоа што повеќе не бил добредојден во селото, Олу морал да замине. Дури откако забележале дека девојчето е бремено, луѓето сфатиле дека Олу ја зборувал вистината. Братот признал, а Олу бил вратен во милост. Работите можеле да испаднат сосема поинаку. Олу можел да биде убиен.

Јасно, оние кои немаат љубов кон Јехова, веројатно нема да го ценат тоа што нивната грешка била изнесена на виделина. Грешната човечка тенденција е да се спротивставуваме на укорот и да му се лутиме на оној што го дава, макар кој и да е. (Спореди Јован 7:7.) Не е ни чудо што мнозина молчат како камења кога се работи за откривање на туѓите неправди пред оние кои имаат авторитет да ги исправат.

Да се цени вредноста на укорот

Меѓутоа, меѓу Јеховиниот народ постои еден поинаков став спрема укорот. Побожните мажи и жени длабоко ја ценат подготовката што ја направил Јехова за да им се помогне на грешниците внатре во христијанското собрание. Тие ја признаваат таквата стега како израз на неговата срдечна љубезност (Евреите 12:6—11).

Тоа може да се илустрира со еден инцидент во животот на цар Давид. Иако бил праведен човек уште од својата младост, дошло време кога тој западнал во сериозно злодело. Како прво, извршил прељуба. Потоа, во обидот да го прикрие своето злодело, средил да биде убиен сопругот на жената. Но, Јехова му го открил Давидовиот грев на пророкот Натан, кој храбро се соочил со Давид во врска со таа работа. Користејќи една силна илустрација, Натан го прашал Давида што треба да се стори со некој богат човек кој имал многу овци, но го зел и го заклал единственото јагне — ценетиот куќен љубимец — на еден сиромашен човек за да го нагости својот пријател. Давид, поранешен овчар, бил раздразнет до огорченост и лутина. Рекол: „Смрт заслужува оној човек, што го направил тоа“. Тогаш, Натан ја применил илустрацијата на Давид, велејќи: „Ти си оној човек што го изврши тоа“ (2. Царства 12:1—7).

Давид не му се налутил на Натан; ниту се трудел да се брани ниту прибегнал кон противтужби. Наместо тоа, Натановиот прекор длабоко ја трогнал неговата совест. Погоден до срце, Давид признал: „Згрешив пред Господа“ (2. Царства 12:13).

Натановото изложување на Давидовиот грев, проследено со побожен укор, вродило добри резултати. Иако Давид не бил заштитен од последиците на својата неправда, тој се покајал и се помирил со Јехова. Што мислел Давид за таквиот укор? Тој напишал: „Ако праведниот би ме удрил, тоа би било срдечна љубезност; и ако би ме укорил, тоа би било масло на главата, кое мојата глава не би сакала да го одбие“ (Псалм 141:5, НС).

И во нашево време, Јеховините слуги може да бидат вклучени во сериозно злодело, па дури и оние кои биле верни долги години. Признавајќи дека старешините можат да помогнат, повеќето преземаат иницијатива да им пристапат за помош (Јаков 5:13—16). Но, понекогаш некој виновник за зло може да се обиде да го прикрие својот грев, како што сторил цар Давид. Што треба да сториме ако дознаеме за некое сериозно злодело во собранието?

Чија одговорност е тоа?

Кога старешините ќе дознаат за сериозно злодело, тие му приоѓаат на поединецот кој е вклучен за да дадат потребна помош и исправка. Одговорноста на старешините е да им судат на таквите внатре во христијанското собрание. Со тоа што внимателно бдеат над неговата духовна состојба, тие му помагаат и го опоменуваат секого кој презема некаков немудар или неисправен чекор (1. Коринтјаните 5:12, 13; 2. Тимотеј 4:2; 1. Петрово 5:1, 2).

Но, што ако не си старешина и дознаеш за некое сериозно злодело на некој друг христијанин? Во Законот, кој Јехова ѝ го дал на израелската нација, се наоѓаат упатства. Законот наведувал дека, ако некое лице било очевидец на отпаднички постапки, бунт, убиство или извесни други сериозни злосторства, негова одговорност била да го извести и да посведочи за она што го знаел. 3. Мојсеева 5:1 наведува: „А кога некој згреши со тоа што изрекол [чул, НС] клетва и така станал сведок, или видел или дознал, па не кажал, тој го носи својот грев“. (Спореди 5. Мојсеева 13:6—8; Естира 6:2; Изреки 29:24.)

Иако не се под Мојсеевиот Закон, христијаните денес можат да бидат водени од начелото што стои зад тоа (Псалм 18:7, 8). Според тоа, ако дознаеш за сериозното злодело на некој сохристијанин, што треба да сториш?

Справување со работата

Како најпрво, важно е да постои оправдана причина да се верува дека навистина се случило сериозно злодело. „Не сведочи лажно против ближниот свој“ — навел мудриот човек. „Зошто да лажеш со устата своја?“ (Изреки 24:28).

Можеш да одлучиш да појдеш директно кај старешините. Не е неисправно ако го сториш тоа. Меѓутоа, обично правецот што е најмногу полн со љубов е да му пријдеш на дотичното лице. Можеби фактите не се баш така како што изгледаат. Или, пак, можеби старешините веќе се справувале со ситуацијата. Мирно подискутирај за работата со лицето. Доколку остане некаква причина да се верува дека е извршена некоја сериозна неправда, охрабри го да им пристапи на старешините за помош и објасни ја мудроста од таквата постапка. Немој да зборуваш со другите за работата, бидејќи тоа би било озборување.

Ако лицето не ги извести старешините во еден разумен временски период, тогаш ти треба да ги известиш. Еден или двајца старешини потоа ќе дискутираат со обвинетиот за работата. Старешините треба да ‚испитаат и дознаат добро‘ за да видат дали била сторена неправда. Ако била, тие ќе се справуваат со случајот според библиските упатства (5. Мојсеева 13:12—14).

Потребни се најмалку двајца сведоци за да се утврди обвинение за злодело (Јован 8:17; Евреите 10:28). Ако лицето го негира обвинението и твоето сведоштво е единственото сведоштво, работата ќе биде препуштена во Јеховини раце (1. Тимотеј 5:19, 24, 25, НС). Ова се прави во спознанието дека сите работи му се ‚откриени‘ на Јехова и дека, доколку лицето е виновно, неговите гревови на крајот ќе го ‚стигнат‘ (Евреите 4:13; 4. Мојсеева 32:23).

Но, да претпоставиме дека лицето го негира обвинението и ти си единствениот сведок против него. Дали би можел да бидеш подложен на противобвинение за клевета? Не, доколку не си го озборувал пред оние кои не се вклучени во работата. Не е клевета ако за состојбите кои влијаат врз собранието се известат оние кои имаат авторитет и одговорност да ги надгледуваат и да ги исправаат работите. Фактички, тоа е во склад со нашата желба секогаш да го правиме она што е исправно и лојално. (Спореди Лука 1:74, 75, НС.)

Задржување светост во собранието

Една причина за известување на злоделото е што тоа делува кон сочувување на чистотата на собранието. Јехова е чист Бог, свет Бог. Тој бара сите оние кои го обожаваат да бидат духовно и морално чисти. Неговата инспирирана Реч опоменува: „Како послушни чеда, не постапувајте според поранешните ваши похоти, кога бевте во незнаење. Но, по примерот на Светецот, Кој ве повика, и вие самите бидете светци [свети, НС] во сите ваши постапки. Оти е напишано: ‚Бидете свети, бидејќи јас сум свет‘ “ (1. Петрово 1:14—16). Поединците кои практикуваат нечистота или злодело можат да предизвикаат валкање и Јеховина немилост врз целото собрание, доколку не се преземе акција тие да се исправат или отстранат. (Спореди Исус Навин, поглавје 7.)

Писмата на апостол Павле до христијанското собрание во Коринт покажуваат како делувало известувањето на злоделото во правец на чистење на тамошниот Божји народ. Во своето прво писмо, Павле напишал: „Од секаде се слуша дека кај вас има блудство, и тоа такво блудство, за какво не се зборува дури ни при незнабошците, односно дека некој држи таткова жена“ (1. Коринтјаните 5:1).

Библијата не ни кажува од кого апостолот го добил овој извештај. Можеби Павле дознал за ситуацијата од Стефанин, Фортунат и Ахаик, кои патувале од Коринт за Ефес, каде што престојувал Павле. Исто така, Павле добил и писмено распрашување од христијанското собрание во Коринт. Каков и да бил изворот, штом ситуацијата му била јавена на Павле од доверливи сведоци, тој потоа бил во состојба да даде упатство за работата. „Исфрлете го лошиот помеѓу вас“ — напишал тој. Човекот бил истеран од собранието (1. Коринтјаните 5:13; 16:17, 18).

Дали Павловото упатство донело добри резултати? Навистина донело! Очигледно, виновникот за зло се освестил. Во своето второ писмо до коринтјаните, Павле поттикнал собранието ‚да му прости и да го утеши‘ покајникот (2. Коринтјаните 2:6—8). На тој начин, известувањето за злоделото довело до постапка која имала за резултат чистење на собранието и враќање во Божја милост на едно лице кое му наштетило на својот однос со Бог.

Во Павловото прво писмо до христијанското собрание во Коринт наоѓаме еден друг пример. Овој пат, апостолот ги именува сведоците кои известиле за работата. Тој напишал: „Од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека помеѓу вас имало карање [несогласувања, НС]“ (1. Коринтјаните 1:11). Павле знаел дека ова несогласување, заедно со оддавањето прекумерна чест на луѓе, создало секташки став кој се заканувал да го уништи единството на собранието. Затоа, од длабока почит кон духовното добро на своите тамошни соверници, Павле дејствувал брзо и напишал совет со исправка до собранието.

Денес, огромното мнозинство од браќа и сестри во собранијата ширум Земјата работат напорно за да ја сочуваат духовната чистота на собранието така што поединечно задржуваат одобрена положба пред Бог. Некои страдаат поради тоа; други, пак, дури и умреле за да сочуваат интегритет. Се разбира, одобрувањето или прикривањето на некое злодело би покажувало недостиг на ценење спрема овие напори.

Помош за оние кои грешат

Зошто некои кои западнале во тежок грев се воздржуваат да им пристапат на собраниските старешини? Честопати, тоа е затоа што не се свесни за користите од одењето кај старешините. Некои неисправно веруваат дека, ако се исповедаат, нивниот грев ќе биде изложен пред целото собрание. Други се залажуваат себеси во поглед на тежината на нивниот правец. Трети, пак, мислат дека можат да се исправат без помошта од старешините.

Но, на таквите виновници за зло им е потребна помош полна со љубов од страна на собраниските старешини. Јаков напишал: „Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат над него, и нека го помажат со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат“ (Јаков 5:14, 15).

Каква само прекрасна подготовка за помагање на оние кои грешат да ја обноват својата духовност! Со применувањето на ублажувачкиот совет од Божјата Реч и со молење во нивна полза, старешините можат да им помогнат на лицата кои духовно боледуваат да се опорават од своите грешни патишта. Така, наместо да се чувствуваат осудени, покајниците честопати се чувствуваат освежено и олеснето кога ќе се состанат со старешините полни со љубов. Еден млад Западноафриканец имал направено блуд и го прикривал својот грев неколку месеци. Откако неговиот грев станал очигледен, на старешините им рекол: „Колку само сакав некој да ме испрашаше за мојата вплетканост со таа девојка! Колкаво олеснување е работата да се изнесе отворено“. (Спореди Псалм 31:3—5.)

Чин на начелна љубов

Крстените Божји слуги ‚преминале од смрт во живот‘ (1. Јованово 3:14). Но, ако направат сериозен грев, тие се свртиле назад кон патот на смртта. Ако не им се помогне, може да станат закоравени во злоделото и да не сакаат да се покаат и да му се вратат на обожавањето на вистинитиот Бог (Евреите 10:26—29).

Известувањето за злоделото претставува чин на искрена грижа за виновникот за зло. Јаков напишал: „Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и друг го поврати, тој, нека знае, дека оној, што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови“ (Јаков 5:19, 20).

Според тоа, зошто да се извести она што е лошо? Затоа што тоа донесува добри резултати. Навистина, да се извести злоделото претставува чин на христијанска начелна љубов покажана кон Бог, кон собранието и кон виновникот за зло. Додека секој член на собранието лојално ги поддржува Божјите праведни мерила, Јехова богато ќе го благослови собранието како целина. Апостол Павле напишал: „Кој [Јехова] ќе ве утврди и до самиот крај, за да бидете беспрекорни во денот на нашиот Господ Исус Христос“ (1. Коринтјаните 1:8).

[Слика на страница 26]

Да охрабриш некој Сведок кој греши да зборува со старешините, претставува израз на љубов

[Слика на страница 28]

Старешините им помагаат на грешниците да се вратат во Божјата милост

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели