ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 131
  • Што вели Библијата за шминкањето и носењето накит?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што вели Библијата за шминкањето и носењето накит?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Библијата не го осудува дотерувањето
  • Погрешни сфаќања за шминкањето и носењето накит
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Треба ли жените да ја кријат својата убавина?
    Разбудете се! 2005
  • Остани цврст во верата!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Вашето облекување и дотерување — како гледа Бог на нив?
    Разбудете се! 1998
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 131
Жена со ѓердан

Што вели Библијата за шминкањето и носењето накит?

Што вели Библијата:

Иако Библијата не зборува на оваа тема во детали, таа не го осудува шминкањето, носењето накит и другите начини на разубавување. Меѓутоа, Библијата истакнува дека не е најважна надворешната убавина, туку внатрешната. Таа нѐ поттикнува нашиот украс да биде „мирниот и благ дух“ (1. Петрово 3:3, 4).

Библијата не го осудува дотерувањето

  • Некои верни жени за кои зборува Библијата се дотерувале. Ревека, која се омажила за Исак, синот на Авраам, носела златна алка на носот, златни белегзии и друг скап накит кој го добила како подарок од нејзиниот иден свекор (1. Мојсеева 24:22, 30, 53). А Естира добивала третмани за разубавување како дел од подготовките за нејзината можна улога на царица во Персиското Царство (Естира 2:7, 9, 12). Во тие третмани се користела најразлична козметика (New International Version; Easy-to-Read Version).

  • Во Библијата има споредби во кои накитот се спомнува во позитивно светло. На пример, некој што дава добри совети е спореден со „златна обетка [за] увото што слуша“ (Изреки 25:12). Исто така, самиот Бог го споредил начинот на кој постапувал со израелскиот народ со еден маж кој ја кити својата невеста со белегзии, ѓердан и обетки. Така, во симболична смисла народот станал многу убав (Езекиел 16:11-13).

Погрешни сфаќања за шминкањето и носењето накит

Погрешно сфаќање: Во 1. Петрово 3:3, Библијата го осудува „плетењето на косата и украсувањето со злато“.

Вистина: Од контекстот се гледа дека Библијата истакнува колку е повредна внатрешната убавина во однос на надворешниот изглед или дотерувањето (1. Петрово 3:3-6). Ваквата разлика е истакната и на други места во Библијата (1. Самоилова 16:7; Изреки 11:22; 31:30; 1. Тимотеј 2:9, 10).

Погрешно сфаќање: Не е во ред да се користи шминка бидејќи злобната царица Језавела си ги шминкала очите (2. Царевите 9:30).

Вистина: Језавела била убиец и се занимавала со гатање. Таа била осудена поради нејзините злодела, а не поради нејзиниот изглед (2. Царевите 9:7, 22, 36, 37).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели