ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 15/6 стр. 32
  • Нешто подобро од козметика

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нешто подобро од козметика
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 15/6 стр. 32

Нешто подобро од козметика

ОТКАКО укажал на „надворешните средства“ кои жените ги користат за разубавување, апостол Петар советувал: „Наместо тоа, вашата убавина треба да се состои од вашето вистинско внатрешно јас, вечната убавина на благ и мирен дух, која во Божји очи има најголема вредност“ (1. Петрово 3:3, 4, Today’s English Version).

Интересно е тоа што кога пишувал за таквото надворешно украсување, апостолот употребил еден облик на грчкиот збор ко́смос кој е корен и на англискиот збор за „козметика“, што значи „да се работи на убавината, а ос[обено] на тенот“. Дали Петар им наметнал на христијанките забрана во врска со употребата на шминка и други слични средства за разубавување? Ништо во Божјата реч не укажува на тоа. Напротив, таа дозволува лична одлука на ова подрачје, што значи дека може да се очекува до извесна мера да постои разлика во вкусот.

Меѓутоа, ако се претера со употребата на шминка или, пак, тоа се прави во мера што вознемирува многумина, тогаш каква порака се пренесува? Зарем не порака на грубост, дрскост, невкусност, претерана накитеност или нарцизам? Навистина, тоа може да го спушти на ниско ниво изгледот на една жена, а можеби да остави и погрешен впечаток за нејзиниот морален карактер. (Спореди Језекиил 23:36—42.)

Признавајќи го тоа, ако една жена ‚која изјавува дека длабоко го почитува Бог‘ избере да користи козметика, ќе настојува нејзиното лице да открива карактеристики на здрави мисли, благост, љубезност и скромност. Овие особини ќе ја зголемат нејзината грациозност и нејзиниот шарм. Всушност, без разлика дали ќе избере да се шминка или не, ќе покажува достоинство и внатрешна убавина. Тоа ќе го одразува нејзиното спознание дека, како што покажуваат Петровите зборови кои беа цитирани погоре, постои нешто што е подобро од козметика (1. Тимотеј 2:9, 10, NW).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели