ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Можеме да го пребродиме секое искушение!
    Стражарска кула 2005 | 15 Јуни
    • „Божјата незаслужена љубезност која се изразува на разни начини“

      Апостол Петар пишува дека христијаните се „разжалостени . . . со разни искушенија“ (1. Петрово 1:6). Нешто подолу во своето инспирирано писмо, тој вели дека „Божјата незаслужена љубезност . . . се изразува на различни начини“ (1. Петрово 4:10). Фразата „на различни начини“ содржи еден облик на истиот старогрчки збор. Во врска со овој израз, еден изучувач на Библијата забележува: „Ова е неверојатно длабока мисла . . . Да се каже дека Божјата милост [или: незаслужена љубезност] е poikilos значи дека нема ниедна ‚боја‘, односно ситуација во животот на човекот со која Божјата милост не може да се справи и да ја надмине“. Тој продолжува: „Не може да се замисли ниеден склоп на околности, ниедна критична или итна ситуација или, пак, потреба, до која Божјата милост нема да може да допре и нема да може со успех да ја реши и да ја преброди. Не постои ништо во животот со кое Божјата милост не може да излезе на крај. Овој живописен збор poikilos веднаш ни ја враќа во мислите ‚разнобојната‘ Божја милост која навистина ни е доволна за да издржиме сѐ“.

      Божјата незаслужена љубезност помага да ги издржиме искушенијата

      Петар вели дека еден начин на кој Бог ја покажува својата незаслужена љубезност е преку разните личности во христијанското собрание (1. Петрово 4:11). Секој Божји слуга има духовни дарови, или способности, што можат да послужат како извор на охрабрување за оние што се соочуваат со искушенија (Римјаните 12:6-8). На пример, некои членови во собранието поучуваат на извонреден начин. Нивните мудри зборови ги бодрат и ги мотивираат другите да издржат (Неемија 8:1-4, 8, 12). Други, пак, прават редовни пастирски посети во домовите на оние што имаат потреба од помош и поддршка. Таквите посети им даваат прилика да ги охрабрат другите, да им ги „утешат срцата“ (Колошаните 2:2). Кога надгледниците прават вакви посети за да зајакнат нечија вера, тие, всушност, даваат духовен дар (Јован 21:16). Но, во собранието има и такви што се познати по тоа дека се срдечни, сочувствителни и нежни кон оние што се ожалостени поради искушенијата со кои се соочуваат (Дела 4:36; Римјаните 12:10; Колошаните 3:10). Соживувањето и помошта на дело што со љубов ја даваат тие браќа и сестри е значаен израз, или „боја“ на Божјата незаслужена љубезност (Пословици 12:25; 17:17).

  • Можеме да го пребродиме секое искушение!
    Стражарска кула 2005 | 15 Јуни
    • Да, за секоја можна „боја“, или природа на нашите искушенија, постои исто таква „боја“, или израз, на Божјата незаслужена љубезност што ќе ни помогне да издржиме (Јаков 1:17). Навремената и соодветната поддршка што Јехова им ја дава на своите слуги — без оглед на тоа колку разнообразни се нивните искушенија или проблеми — не е ништо друго туку уште еден доказ за „Божјата мудрост која е многу разнолика“ (Ефешаните 3:10). Зарем не се сложуваш со ова?

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели