-
Дали се грижиш за другите како што се грижи Јехова?Стражарска кула 2007 | 15 Јуни
-
-
И во христијанското собрание се гледа дека Јехова со љубов се грижи за нас. Како Глава на собранието, Исус Христос им дава налог на старешините да се грижат за неговото стадо (Јован 21:15-17). Грчкиот збор за надгледник е поврзан со еден глагол што значи: „внимателно чува“. Петар нагласува како треба да се прави тоа, и на старешините им го дава следниов совет: „Пасете го Божјето стадо кое ви е доверено — не со сила, туку доброволно; не поради нечесна добивка, туку горливо; не како да господарите над оние што се Божја сопственост, туку бидете му пример на стадото“ (1. Петрово 5:2, 3).
-
-
Дали се грижиш за другите како што се грижи Јехова?Стражарска кула 2007 | 15 Јуни
-
-
Но, горенаведените зборови на Петар предупредуваат дека постои опасност старешините да почнат да ‚господарат‘ над собранието. Можно е еден старешина така да постапува со стадото ако почне да поставува непотребни правила. Од голема желба да ја исполни својата обврска да го заштити стадото, тој може да претера во некои работи. Во едно собрание на Истокот, старешините поставиле правила за тоа како да се поздравуваат со другите во Салата на Царството — на пример, кој прв да зборува — и сметале дека следењето на тие правила ќе придонесе за мирот во собранието. Иако нивните мотиви, без сомнение, биле добри, дали тие се грижеле за Божјиот народ на ист начин како што се грижи Јехова? Следниве значајни зборови на апостол Павле покажуваат како размислувал тој во врска со ова: „Не велам дека ние сме господари на вашата вера, туку дека сме ваши соработници за да бидете радосни, бидејќи со вашата вера стоите“ (2. Коринќаните 1:24). Јехова има доверба во својот народ.
-