ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 1/10 стр. 20-23
  • Да се сфати целта на дисциплината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се сфати целта на дисциплината
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дисциплина или казна?
  • Дисциплина од љубезни родители
  • Христијанските пастири дисциплинираат со благост
  • Јехова е совршениот судија
  • Да се прифати дисциплината од Јехова
  • Укорот — израз на Јеховината љубов
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Укорот — доказ за Божјата љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Како да ги дисциплинираш твоите деца?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Прифати укор за да бидеш мудар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 1/10 стр. 20-23

Да се сфати целта на дисциплината

ШТО ти доаѓа на ум кога ќе го чуеш зборот „дисциплина“? Еден речник ја дефинира дисциплината како „обврска за придржување кон редот и поредокот, стега, послушност, покорност (свесна или под закана од примена на санкции)“. Иако ова во никој случај не е единствената прифатена дефиниција, многу луѓе денес придаваат негативна конотација на сѐ што е поврзано со дисциплината.

Меѓутоа, Библијата ја прикажува дисциплината во поинакво светло. „Сине мој, не ги отфрлај Господовите опомени [дисциплината од Јехова, NW]“, напишал мудриот цар Соломон (Пословици 3:11). Овие зборови не се однесуваат на дисциплината воопшто туку на „дисциплината од Јехова“ што се темели на Божјите возвишени начела. Само таквата дисциплина е духовно продуктивна и корисна — дури и пожелна. Спротивно на тоа, дисциплината што се темели на човечкото размислување кое е во судир со Јеховините возвишени начела честопати е навредлива и болна. Ова објаснува зошто многумина имаат негативен став кон дисциплината.

Зошто сме поттикнати да ја прифатиме дисциплината од Јехова? Во Библијата, божествената дисциплина е опишана како израз на Божјата љубов кон неговите човечки суштества. Затоа Соломон рекол: „Зашто кого Господ го љуби, него и го изобличува [укорува, NW] како таткото синот, кого го љуби“ (Пословици 3:12).

Дисциплина или казна?

Дисциплината што е претставена во Библијата има многу аспекти — водство, упатство, воспитување, укор, исправање, па дури и казна. Меѓутоа, во секој од овие случаи, дисциплината од Јехова е мотивирана од љубов, а нејзината цел е оној што ја прима да извлече корист. Дисциплината што Јехова ја користи за исправање никогаш не е со цел само да казни.

И обратно, Божјите дела на казна не се секогаш со цел да се исправи или поучи оној што ја прима. На пример, уште од денот кога згрешиле, Адам и Ева почнале да ги доживуваат последиците од нивната непослушност. Јехова ги истерал од рајската градина Еден и тие подлегнале на последиците од несовршеноста, болеста и староста. По стотици години болно постоење, исчезнале засекогаш. Точно, сево ова било Божја казна, но не било дисциплина за исправање. Своеглави и непокајнички, Адам и Ева не можеле да бидат исправени.

Други извештаи за Јеховини дела на казна ги вклучуваат Потопот од времето на Ное, уништувањето на Содом и Гомора и уништувањето на египетската војска во Црвеното Море. Овие дела на Јехова не биле со намера да им даде водство, упатство или обука на оние што ги примиле. Во врска со ваквите дела на казна од страна на Бог, апостол Петар напишал: „Не се воздржуваше да казни еден древен свет, туку го сочува Ное, проповедникот на праведноста, со седуммина други кога донесе потоп на свет од безбожни луѓе; и ги осуди градовите Содом и Гомора претворајќи ги во пепел, давајќи им пример на безбожните луѓе за она што треба да дојде“ (2. Петрово 2:5, 6).

Во која смисла овие дела на казна ‚им дале пример на безбожните луѓе за она што требало да дојде‘? Во своето писмо до Солуњаните, Павле укажува на нашето време како на време кога Бог, преку својот син, Исус Христос, ќе донесе „одмазда над оние кои не го познаваат Бог и над оние кои не се послушни на добрата вест“. Павле додава: „Тие ќе претрпат судска казна на вечно уништување“ (2. Солуњаните 1:8, 9). Очигледно, целта на ваквата казна не е да поучи или да ги прочисти оние што ја добиваат. Меѓутоа, кога Јехова ги повикува своите обожаватели да ја прифатат неговата дисциплина, тој не укажува на казната за непокајнички грешници.

Значајно е тоа што Библијата не го опишува Јехова првенствено како оној што казнува. Напротив, тој најчесто е опишан како љубезен учител и стрплив воспитувач (Јов 36:22; Псалм 71:17; Исаија 54:13). Да, божествената дисциплина што се спроведува како мерка на исправање секогаш е проследена со љубов и стрпливост. Со тоа што ќе ја сфатат целта на дисциплината, христијаните се во подобра положба да прифатат и спроведат дисциплина со исправен став.

Дисциплина од љубезни родители

Во кругот на семејството и во христијанското собрание потребно е сите да ја сфатат целата на дисциплината. Ова особено важи за оние што се на положба на авторитет, како што се родителите. Пословици 13:24 вели: „Кој ја штеди прачката, го мрази својот син, а кој го љуби, го казнува на време“.

Како треба родителите да даваат дисциплина? Библијата објаснува: „Вие, татковци, не раздразнувајте ги своите деца, туку подигајте ги во дисциплина и во Јеховино умствено насочување“ (Ефешаните 6:4). Овој совет е повторен со овие зборови: „Вие татковци, не раздразнувајте ги своите деца за да не станат малодушни“ (Колошаните 3:21).

Христијанските родители кои ја сфаќаат целта на дисциплината нема да постапуваат грубо. Начелото изнесено во 2. Тимотеј 2:24 може да се примени на начинот на кој родителите даваат дисциплина. Павле напишал: „Робот Господов не треба да се кара, туку треба да биде благ кон сите, оспособен да поучува“. Хистеричните изливи на гнев, викање и навредувачки или понижувачки изјави тешко дека претставуваат љубезна дисциплина и немаат место во животот на еден христијанин (Ефешаните 4:31; Колошаните 3:8).

Исправањето од родителите вклучува многу повеќе отколку само чин на казна спроведен набрзина и решително. На повеќето деца треба повеќепати да им се повтори некој совет пред да го исправат своето размислување. Затоа, родителите мораат да поминат време, да практикуваат стрпливост и добро да размислат за начинот на кој ќе дадат дисциплина. Мораат да имаат на ум дека децата треба да се воспитуваат во „дисциплина и во Јеховино умствено насочување“. Ова значи начин на воспитание што трае со години.

Христијанските пастири дисциплинираат со благост

Истото начело важи и за христијанските старешини. Како љубезни пастири, тие настојуваат да го охрабрат стадото така што даваат упатство, водство и укор кога тоа е потребно. Кога го прават тоа, на ум ја имаат вистинската цел на дисциплината (Ефешаните 4:11, 12). Ако се сосредоточат само на спроведувањето казна, едноставно ќе го казнат оној што греши и толку. Божествената дисциплина вклучува многу повеќе. Мотивирани од љубов, старешините истрајуваат во напорите да му помогнат на тој што греши. Бидејќи се вистински загрижени, честопати организираат неколку средби на охрабрување и поука.

Според советот од 2. Тимотеј 2:25, 26, дури и кога станува збор за лица што не ја прифаќаат дисциплината спремно, старешините треба да поучуваат „со благост“. Понатаму во стихот е изразена целта на дисциплината: „За Бог да им даде покајание кое води до точно спознание на вистината и да се вразумат и извлечат од замката на Ѓаволот“.

Понекогаш е неопходно непокајничките грешници да бидат исклучени од собранието (1. Тимотеј 1:18—20). Дури и таквата драстична мерка треба да се смета за дисциплина, а не само за казна. Одвреме навреме, старешините настојуваат да ги посетат исклучените поединци што не се активно вклучени во престапување. Кога прават такви посети, старешините постапуваат во склад со вистинската цел на дисциплината така што во кратки црти ги изнесуваат чекорите што се потребни за некој да се врати во христијанското собрание.

Јехова е совршениот судија

Родителите, христијанските старешини и други што имаат библиски авторитет да даваат дисциплина треба сериозно да ја сфатат таа одговорност. Не смеат да си земат за право да ги осудат другите како непоправливи. Затоа, нивната дисциплина никогаш не треба да биде одмаздничка или непријателска казна.

Точно, Библијата се осврнува на Јехова како на оној кој ќе спроведе строга и конечна казна. Всушност, Светото Писмо вели: „Страшно е да се падне во рацете на живиот Бог“ (Евреите 10:31). Но ниеден човек никогаш не треба да се обиде да се спореди со Јехова во овој или во друг поглед. И никој не треба да има причина да чувствува дека е страшно да се падне во рацете на родителот или на некој старешина во собранието.

Јехова има способност да постигне совршена рамнотежа кога дава дисциплина. Луѓето немаат. Бог може да го чита срцето и да одреди кога некој не може да се поправи и кој затоа треба да добие одлучна и конечна казна. Луѓето, од друга страна, не се способни да извршат таков суд. Од таа причина, кога треба да се спроведе дисциплина, оние што имаат положба на авторитет секогаш треба да го прават тоа со цел да исправаат.

Да се прифати дисциплината од Јехова

На сите ни треба дисциплина од Јехова (Пословици 8:33). Всушност, треба да копнееме по дисциплина што се темели на Божјата реч. Додека ја проучуваме Божјата реч, можеме да ја прифатиме дисциплината што доаѓа директно од Јехова преку Светото Писмо (2. Тимотеј 3:16, 17). Меѓутоа, понекогаш ќе добиеме дисциплина од сохристијаните. Тоа што ќе го сфатиме духот со кој се спроведува дисциплината ќе ни помогне спремно да ја прифатиме.

Апостол Павле признал: „Вистина, ниедна дисциплина во моментот не изгледа дека е радост, туку жалост“. Потоа додал: „Но на оние кои се обучени со неа потоа им донесува мирољубив плод, имено праведност“ (Евреите 12:11). Дисциплината од Јехова е израз на неговата длабока љубов кон нас. Сеедно дали добиваме или даваме дисциплина, да ја имаме на ум целта на божествената дисциплина и да обрнеме внимание на мудриот совет од Библијата: „Држи се цврсто за поуката [дисциплината, NW], не ја пуштај, пази ја, зашто таа ти е живот“ (Пословици 4:13).

[Слики на страница 21]

Непокајничките грешници добиваат судска казна од Бог, а не дисциплина за исправање

[Слики на страница 22]

Мотивирани од љубов, старешините поминуваат доста време за да истражуваат и за да им помогнат на оние што грешат

[Слики на страница 23]

Родителите стрпливо и со љубов ги спроведуваат ‚дисциплината и Јеховиното умствено насочување‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели