ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/4 стр. 14-15
  • Дали Земјата ќе заврши во оган?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Земјата ќе заврши во оган?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали Бог се грижи?
  • „Поранешната земја“
  • „Нова земја“
  • Дали Земјата ќе биде уништена?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали Земјата ќе биде уништена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Земја
    Разбудете се! 2014
  • Дали Земјата ќе биде уништена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/4 стр. 14-15

Гледиште на Библијата

Дали Земјата ќе заврши во оган?

ЈАГЛЕНИСАНА во нуклеарен холокауст, согорена од надуеното Сонце или запалена од некој лут бог — начинот можеби се разликува, но многу луѓе се убедени дека планетата Земја, домот на човештвото, ќе го доживее својот крај во еден сеопфатен пекол, катаклизмичка апокалипса.

Некои наведуваат библиски стихови кои навестуваат божествено предизвикан голем пожар како одмазда за престапите на човекот кон Земјата. Други го повторуваат мислењето на Пол Дејвис, професор на универзитетот во Аделаида (Австралија), кој пишува за она што тој го гледа како неизбежно потонување во огнено уништување. Во својата книга The Last Three Minutes (Последните три минути) тој теоретизира: „Како што Сонцето станува сѐ понадуено, тоа ќе ја проголта . . . Земјата во неговата огнена обвивка. Нашата планета ќе биде претворена во парче јаглен“. Која е вистината во врска со судбината на Земјата? Како да ги разбереме библиските стихови кои навидум предвидуваат огнено поништување?

Дали Бог се грижи?

Во Јеремија 10:10—12 сме информирани: „Господ Бог [Јехова, НС] е вистина . . . Он ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата“. Бог ја создал Земјата и цврсто ја основал. Така, со мудрост, љубов и разбирање, тој грижливо ја подготвил Земјата да постои неограничено време како прекрасен дом за човештвото.

За Божјето создавање на човештвото, Библијата известува: „Машко и женско ги создаде. И ги благослови Бог, и им рече: ‚Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа‘“ (1. Мојсеева 1:27, 28). Кога го завршил своето дело на создавање, тој недвосмислено можел да објави дека „е многу добро“ (1. Мојсеева 1:31). Сакал така и да остане. Како што некои идни родители ја креираат и местат детската соба за нивното очекувано новороденче, така и Бог засадил прекрасна градина и го сместил таму човекот Адам за да ја проширува и да се грижи за неа (1. Мојсеева 2:15).

Адам се откажал од совршенството и од својата должност да се грижи за Земјата. Но, дали Творецот се откажал од Својата намера? Исаија 45:18 (НС) индиректно вели „не“: „Еве што рекол Јехова, Творецот на небесата . . . Создателот на земјата . . . Тој кој цврсто ја втемелил, кој едноставно не ја создал залудно, кој ја обликувал за да биде и населена“. (Види и Исаија 55:10, 11.) Иако човекот ја занемарил својата чуварска должност, Бог продолжил да го спроведува својот договор со Земјата и животот на неа. Законот даден на древната нација Израел дал подготовка за „сабат за целосен одмор на земјата“ во секоја седма година. Тоа вклучувало човечките закони да дадат извесна мерка на заштита за животните (3. Мојсеева 25:4, НС; 2. Мојсеева 23:4, 5; 5. Мојсеева 22:1, 2, 6, 7, 10; 25:4). Тоа се само неколку примери во Библијата кои јасно покажуваат дека Бог многу се грижи за човештвото и за сите оние кои ги доверил на човечката грижа.

„Поранешната земја“

Но, како да ги усогласиме со библиските стихови кои навидум се противречни? Еден таков стих е 2. Петрово 3:7, кој според Библијата на македонски јазик гласи: „Сегашните небеса и земјата, пазени од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе“. Друг стих е Откровение 21:1 (НС), кој наведува: „И видов ново небо и нова земја; бидејќи поранешното небо и поранешната земја беа исчезнати“.

Ако Петровите зборови треба да се сфатат дословно и планетата Земја треба да ја зафати вистински оган, тогаш дословните небеса — ѕвездите и другите небесни тела — треба исто така да бидат уништени со оган. Но, ова гледиште се судрува со уверувањето кое се наоѓа во стиховите, како што се Матеј 6:10: „Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата“ и Псалм 36:29: „Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“. Понатаму, каков ефект би имал огнот на и онака многу жешкото сонце и ѕвездите, кои непрекинато создаваат нуклеарни експлозии?

Од друга страна, пак, Библијата честопати го користи терминот „земја“ во симболична смисла. На пример, 1. Мојсеева 11:1 вели: „По целата земја имаше еден јазик и еден говор“. Тука, зборот „земја“ укажува на човештвото воопшто, односно на човечкото општество. (Види и 1. Царства 2:1, 2, НС; 1. Летописи 16:31.) Од контекстот на 2. Петрово 3:5, 6 се подразбира истата симболична употреба на „земја“. Тоа укажува на времето на Ное кога злобното човечко општество било уништено во потоп, додека Ное и неговото домаќинство, како и самата Земја, биле сочувани (1. Мојсеева 9:11). Исто така, стихот од 2. Петрово 3:7 вели дека оние кои ќе бидат уништени се „нечестивите луѓе“. Ова гледиште се сложува со останатиот дел од Библијата. Злобното општество обележано за опустошување исто така е „поранешната земја“ на која се укажува во стихот од Откровение 21:1, цитиран претходно.

Навистина, како што еден грижлив земен татко ќе ги преземе сите можни мерки за да ја обезбеди неповредливоста на својот дом, така и Јехова Бог е длабоко заинтересиран за своето дело на создавање. Некогаш тој ги протерал неморалните и злобни луѓе од плодната Јорданска долина и обезбедил нови чувари на земјата, кои биле во завет со него дека, ако ги држат неговите закони, ‚нема да ги исфрли земјата кога ќе ја осквернат, како што ги исфрлила народите што биле пред нив‘ (3. Мојсеева 18:24—28).

„Нова земја“

Денес, земјата е загадена од едно општество кое е сексуално изопачено, насилнички брутално и политички корумпирано. Само Бог може да ја спаси. Тој ќе го стори токму тоа. Во Откровение 11:18 ветува дека ‚ќе донесе уништување на оние кои ја уништуваат Земјата‘. Поправената и обновена Земја ќе биде населена со луѓе кои се плашат од Бог и искрено ги сакаат своите ближни (Евреите 2:5, НС; спореди Лука 10:25—28). Промените што ќе се случуваат под Божјето небесно Царство ќе бидат толку длабоки што Библијата зборува за „нова земја“ — ново човечко општество.

Кога читаме библиски стихови како што е Псалм 36:29 и кога ја разбираме изјавата на Христос во Матеј 6:10, ние сме убедени дека ниту слепите природни сили ниту, пак, човекот со сета своја уништувачка моќ нема да донесат крај на нашава планета. Тие нема да ја спречат Божјата намера (Псалм 118:90; Исаија 40:15, 26). Верното човештво ќе живее на Земјата во околности на безгранична убавина и бескрајна радост. Тоа е вистината за судбината на Земјата, затоа што тоа е — и секогаш била — намерата на Творецот на човештвото, полн со љубов (1. Мојсеева 2:7—9, 15; Откровение 21:1—5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели