ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/13 стр. 6-7
  • Сатана

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сатана
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали Сатана е вистинска личност?
  • Каде живее Сатана?
  • Може ли Сатана да им наштети на луѓето или да ги држи под контрола?
  • Внимавај, Сатана сака да те проголта!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Кој е Сатана? Дали навистина постои?
    Разбудете се! 2007
  • Владетели во духовното подрачје
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Дали Ѓаволот е само симбол на злото?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 6/13 стр. 6-7
[Слика на страница 6]

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Сатана

Дали Сатана е вистинска личност?

„Големиот змеј, празмијата, кој се вика Ѓавол и Сатана... го заведува целиот свет“ (Откровение 12:9).

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО

Некои веруваат дека Сатана Ѓаволот не е вистинска личност, туку злото што постои во секоја личност.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Сатана е вистинска личност. Тој е бунтовен ангел, духовно суштество кое му се противи на Бог. Во Библијата Сатана е наречен „владетелот на овој свет“ (Јован 12:31). За да ги оствари своите цели, тој се служи со „лажни чудесни знаци“ и „измама“ (2. Солуњаните 2:9, 10).

Во Библијата е запишан еден разговор помеѓу Сатана и Бог. Ако Сатана е злото што постои во секоја личност, тогаш како е можно Бог, кој е совршен и морално чист, да зборувал со злото во себе? (5. Мојсеева 32:4; Јов 2:1-6). Очигледно, Сатана е вистинска личност, а не само олицетворение на злото.

ЗОШТО ТРЕБА ДА НИ Е ВАЖНО?

Сатана сака да мислиме дека тој не е вистинска личност како што еден криминалец сака да го скрие својот идентитет и да продолжи да го крши законот. Прв чекор да се заштитиме од Сатана е да сфатиме дека тој навистина постои.

Каде живее Сатана?

„Тешко вам, земјо и море, зашто Ѓаволот слегол кај вас“ (Откровение 12:12).

ШТО ВЕЛАТ ЛУЃЕТО

Многу луѓе веруваат дека Сатана живее во пекол во центарот на Земјата. Други мислат дека тој е во лошите луѓе.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Сатана е духовно суштество, па според тоа живее во невидливо подрачје. Извесно време, на Сатана му било дозволено да остане на небото, каде што живеат Бог и верните ангели (Јов 1:6). Но, бил истеран од пред лицето на Бог и сега, заедно со другите злобни духовни суштества, може да дејствува само на Земјата (Откровение 12:12).

Дали тоа значи дека Сатана е на едно конкретно место на Земјата? На пример, можеби си читал дека за древниот град Пергам се велело дека е градот „каде што живее Сатана“ (Откровение 2:13). Меѓутоа, овој израз укажувал на тоа дека во Пергам било длабоко вкоренето лажното обожавање зад кое, всушност, стоел Сатана. Сатана не живее на ниту едно место на Земјата. Библијата вели дека „сите царства на светот“ се негови (Лука 4:5, 6).

Може ли Сатана да им наштети на луѓето или да ги држи под контрола?

„Целиот свет е под власта на Злобниот“ (1. Јованово 5:19).

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Поголем дел од луѓето во светот потпаднале под влијанието на Сатана и затоа тој има контрола над нив (2. Коринќаните 11:14). Ова ни помага да сфатиме зошто луѓето не се способни да ги подобрат условите во светот.

Во Библијата се запишани и поекстремни случаи кога Сатана или други бунтовни ангели имале контрола над луѓето или им наштетувале во физички поглед (Матеј 12:22; 17:15-18; Марко 5:2-5).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Нема потреба претерано да се плашиш од Сатана. За да не може да влијае врз тебе или да те контролира, треба да дознаеш како дејствува тој, а „неговите намери не ни се непознати“ (2. Коринќаните 2:11). Читајќи ја Библијата, ќе ги дознаеш тактиките на Сатана, а тоа ќе ти помогне да не станеш негова жртва.

Фрли ги сите предмети преку кои демоните би можеле да влијаат (Дела 19:19). Во тоа спаѓаат амајлии, печатен и видеоматеријал, музика и компјутерски програми поврзани со спиритизам или гатање.

„Спротивставете му се на Ѓаволот“, вели Библијата „и тој ќе побегне од вас“ (Јаков 4:7). Ако се држиш за мудрите совети од Библијата, можеш да се заштитиш од злобните сплетки на Сатана (Ефешаните 6:11-18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели