ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Разоткривање на светата тајна
    Откровение — близу е величествената завршница!
    • Ѕвездите и светилниците

      5. Какво објаснување дал Исус за „седумте ѕвезди“ и за „седумте светилници“?

      5 Јован го видел Исус како стои меѓу седум златни светилници и држи седум ѕвезди во својата десна рака (Откровение 1:12, 13, 16). Сега Исус објаснува што значи тоа: „Ова е светата тајна на седумте ѕвезди што ги виде во мојата десна рака и за седумте златни светилници: седумте ѕвезди ги претставуваат ангелите на седумте собранија, а седумте светилници ги претставуваат седумте собранија“ (Откровение 1:20).

  • Разоткривање на светата тајна
    Откровение — близу е величествената завршница!
    • 9. а) Што претставуваат седумте светилници, и зошто тие се соодветен симбол? б) На што најверојатно требало да го потсети Јован ова видение?

      9 Седумте светилници се седумте собранија на кои Јован им ја упатил книгата Откровение: Ефес, Смирна, Пергам, Тијатира, Сард, Филаделфија и Лаодикија. Зошто собранијата се претставени со светилници? Затоа што христијаните, сеедно дали како поединци или сите заедно како собранија, мора да ја пуштаат ‚нивната светлина да свети пред луѓето‘ во овој мрачен свет (Матеј 5:14-16). Освен тоа, светилниците биле дел од опремата во храмот на Соломон. Тоа што собранијата се наречени светилници најверојатно требало да го потсети Јован дека, во симболична смисла, секое локално собрание од помазаници е „Божји храм“ каде што престојува Божјиот дух (1. Коринќаните 3:16). Исто така, членовите на собранието од помазаници служат како „царско свештенство“ во Јеховиниот голем духовен храм, кој бил претставен со храмот што го имале Евреите. Исус служи како Првосвештеник во овој духовен храм, а самиот Јехова престојува во неговата небесна Светиња над светињите (1. Петрово 2:4, 5, 9; Евреите 3:1; 6:20; 9:9-14, 24).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели