-
Кој оди на небото?Одговор на библиски прашања
-
-
Колку луѓе ќе воскреснат за живот на небото?
Од Библијата дознаваме дека за живот на небото ќе воскреснат 144.000 луѓе (Откровение 7:4). Во видението запишано во Откровение 14:1-3, апостол Јован видел како „Јагнето стои на гората Сион, и со него сто четириесет и четири илјади“. Во ова видение, „Јагнето“ го претставува воскреснатиот Исус (Јован 1:29; 1. Петрово 1:19). А „гората Сион“ ја претставува возвишената положба на Исус и на 144-те илјади кои ќе владеат со него на небото (Псалм 2:6; Евреите 12:22).
Оние што се „повикани и избрани“ да владеат со Христос во Царството се наречени и „мало стадо“ (Откровение 17:14; Лука 12:32). Тоа покажува дека нивниот број е релативно мал во споредба со вкупниот број следбеници на Исус (Јован 10:16).
-
-
Кој оди на небото?Одговор на библиски прашања
-
-
Погрешно мислење: Бројот 144.000 што се спомнува во Откровение не е дословен, туку симболичен.
Што вели Библијата: Иако во книгата Откровение има броеви со симболично значење, некои броеви сепак имаат дословно значење. На пример, се спомнуваат „дванаесетте имиња на дванаесетте апостоли на Јагнето“ (Откровение 21:14). Да наведеме некои докази што покажуваат дека и бројот 144.000 има дословно значење.
Во Откровение 7:4 пишува: „Бројот на обележаните со печат [оние за кои е потврдено дека ќе живеат на небото] — сто четириесет и четири илјади“. Неколку стихови понатаму се спомнува и една друга група: „Големо мноштво луѓе, кои никој не можеше да ги изброи“. Луѓето од ова „големо мноштво“ исто така добиваат спасение од Бог (Откровение 7:9, 10). Ако бројот 144.000 е симболичен, односно ако означува група што нема конкретен број, тогаш би немало смисла да се истакнува разликата во бројноста на овие две групи.a
Освен тоа, за 144-те илјади се вели дека се „откупени од луѓето како првина“ (Откровение 14:4). Изразот „првина“ се однесува на еден мал, издвоен дел од нешто. Тоа е сосема соодветен израз за оние што заедно со Христос ќе владеат од небото над неодреден број луѓе кои ќе живеат на Земјата (Откровение 5:10).
a Во врска со бројот 144.000 што се спомнува во Откровение 7:4, професор Роберт Томас напишал: „Тој број е дословен, за разлика од неодредениот број кој се наоѓа во Откровение 7:9. Доколку го сметаме за симболичен, тогаш ниту еден број од оваа книга не би требало да го сметаме за дословен“ (Revelation 1-7: An Exegetical Commentary, страница 474).
-