ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Христос им зборува на собранијата
    Стражарска кула 2003 | 15 Мај
    • 7, 8. Кој сериозен проблем постоел во собранието во Ефес, и како би можеле и ние да се справиме со некоја слична ситуација?

      7 Сепак, христијаните во Ефес имале еден сериозен проблем. „Ова го имам против тебе“, рекол Исус, „што ја остави љубовта што ја имаше во почетокот“. Членовите на тоа собрание требало повторно да ја разгорат својата прва љубов кон Јехова (Марко 12:28—30; Ефешаните 2:4; 5:1, 2). И ние мораме да се чуваме да не ја изгубиме нашата прва љубов кон Бог (3. Јованово 3). Но, што ако во животот почнат да ни стануваат најважни работите како што се желбата за материјални богатства или стремежот по задоволства? (1. Тимотеј 4:8; 6:9, 10). Тогаш треба горливо да се молиме Бог да ни помогне да ги замениме таквите склоности со длабока љубов кон Јехова и со благодарност за сѐ што тој и неговиот Син направиле за нас (1. Јованово 4:10, 16).

  • Христос им зборува на собранијата
    Стражарска кула 2003 | 15 Мај
    • 11. Како би можеле да поттикнуваме на љубов кон Јехова?

      11 Ефешаните ја изгубиле својата прва љубов, но што ако и денес во некое собрание почне да се развива слична ситуација? Нека секој од нас поттикнува на љубов кон Јехова зборувајќи за неговите патишта полни со љубов. Можеме да ја изразиме нашата благодарност за љубовта што ја покажал Бог со тоа што обезбедил откуп преку својот драг Син (Јован 3:16; Римјаните 5:8). Кога е соодветно, можеме да ја спомнеме Божјата љубов во нашите коментари или во програмските точки на состаноците. Можеме да ја покажеме нашата љубов кон Јехова фалејќи го неговото име во христијанската служба (Псалм 145:10—13). Да, нашите зборови и постапки можат многу да помогнат да се разгори или зајакне првата љубов на собранието.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели